и јас имам природно темно кафена речиси црна коса и пред некоја година се офарбав црвена,со една убаво јако црвена од Garnier и ми фати од одма црвена,не баш толку јако како сликата на фарбата ама ми фати,ама јас како и секогаш ќе пукнам од желба додека да се офарбам па после неможам долго да издржам и си ја враќам мојата природна боја,а инаку да ја офарбав уште еднаш многу поубава ќе ми излезеше сигурно,и сега добив желба за црвена ама си земав кна наместо фарба па ќе видам што ке ми испадне на крај. Aко сакаш земи некоја од подобрите фарби појако црвена и пробај,додека не пробаш неможеш да бидеш сигурна,а и да не ти испадне како што треба лесно е одма ќе си се префарбаш во кафена или црна
Deemy ако ти била природна како што сватив е тогаш е друга приказна. Јас ја ставив црвената на фарбана темно кафеава. (малку израсната во коренот ми беше). А на природна боја-коса и мене ми фаќа, пред неколку години на мојата природна (нефарбана боја) ставив светло кафеава и преубава ми излезе исто како на слика на кутивчето. Значи Коритсаки јас од мое искуство те советувам дома сама да не се фарбаш, верувај ја 1000 пати пишман се правев.
Eпа да на мене природна ми беше,а за фарбана потешко е,незнам Kортисаки каква и е дали е природна или фарбана,ама во секој случај може да проба или дома или негде на фризер,ама па и таму никој не ти гарантира дека стварно убава ќе ти испадне
Да фарбана ми е Како и да е ке размислам што да правам ке ја поносам уште вака црна па ке видам. Фала ви на одговорите
На фб ми излезе и се заљубив во бојата. Бидејќи порано бев фарбана црвена, ми се врати желбата пак. Ама моментално сум црна ако ја избланширам после колку време би можела да ја добијам оваа нијанса
Веројатно не, нема многу светла да ја бланшираш. Најдобро е прво со деколорант да ја извадиш црната, не одма бланш.