Па Мишела кај беше до сега да кажеш имало и безбојна Кафената можеш да ми објаснеш како излезе ? Светла или темна ? И каде ги најде безбојната и кафената? На која локација?
За безбојната немав поим дека постои, не би знаела да споделам каква е. Таа беше од некој друг бренд. Инаку има многу избор на зелен пазар. 150 денари беше целото кутивче, внатре веројатно има повеќе ќесички, не отворив да проверам. Утре ќе разгледам дали има по тезгите низ Буњаковец, па ќе ти пишам ако најдам. Јас ја купувам инаку за мајка ми, таа има доста седи влакна во коренот на косата, па кафеавата кна ептен добро ги покрива нив. Бојата испаѓа како темно чоколадо и нема многу разлика во нијансата од коренот долж влакното. Убаво фаќа, мајка ми со години се фарба вака. Безбојната наводно ја користеле за обнова и сјај на косата, не оставала никаква боја.
Фала ти за инфото , во мојот град има само црна кна , јас пред три месеци ставив кна црна и стварно сум сега Мортиша , но ми здосади и пекам по природната моја коса , која што е темно кафеава .... Сега треба да чекам година за да не ми биде црна инаку не ми пага косата од кна , ми го препороди влакното
Zenski dali nekoj se farbal so ovaa kna na koja sto pisuva brown kana i sto boja ispaga na kafena kosa.pozz
A to boja ispaga so chesnaut henna ako ima nekoj iskustvo. Mi kazaa deka brown e posvetla kafena a chesnaut potemna
И мене ме интересира ова На сликава бојата на косата е идентична со мојата природна боја на коса , и мн ми е криво што се офарбав со црна катран , бидејки брзо ми се здосади и не може да се извади.... Така да , сакам за следниот пат да си знам дали да се фарбам со оваа темна кафена кна фарба
Jas se imam farbano so ovaa pred 3 godini i mi fati mn ubavo kako prirodno crna bese i posle mesec bese ko crno cokoladno kafena preubava boja fati..i zatoa prasv dali nekoj jankoristel brown za da napraam sporeda A zaso da se.izbegnuva neli vikaat ja jaknelo kosata?
Девојки се фарбав со кна , и несакајки ги извалкав и рацете , со што можам да ја извадам од рацете кната?
Jas se farbav so kna 1 god.Sega sakav da ja smenam posvetla. Probav blansh ne ide. A za paganjeto na kosata pocna da mi paga mnogu. Ja prekinav knata sega so farba crna ili kafena. Denes probav so blansh ne faka blanshot. Ke treba da ja cekam da si porasne kosata
Девојки сакам мислење од вас. Колку сте задоволни од кната дали навистина ја заштитува и обновува косата и побрзо расте. Јас имам сува коса и размислував за кна но сакам ваше мислење
Мислам дека безвезе ќе ти се обои може и да не ти фати убаво и шарена да шеташ. Зашто не се исфарбаш со фарба некоја?
Сакав со кна овој пат бидејќи после пороѓајот косата ми паѓа за мерак... реков дан се зацврсти коренот малце. А и не дека сега ја имам шатирано. Од порано е. Од коренот па повеќе од половина си е мојата боја а долу ко омбре нешто така изгледа, има од шатираното. Али дека е од порано и скроз се избледнело значи не е голема разликата од мојата бојa. Едно објаснувањеее.. кузнајт каква ме замисливте
Има повеќе видови имаш црна,црвена,кафена каква сакаш побарај другарка од пазар купува а имаш и во Дм имам видено кутии од сите три бои имаше. Јас сакав да ставам едно време црна кна,но ме предомислија дека вадење нема
Камо да имав ДМ во близина За црвена се мислам. Со шишање ке ја извадиме не се секирај за тоа Фала за одговорот, те измалтретирав