Што можам да правам за побрзо да ми падне кната? Во октомври ставив црна.. Жалам за тоа и не ми е убава... Порано на природната боја кога си ставав кна за месец-два паѓаше./ Сега врз бланш кога ставив никако да падне.. Ќе полудам.. Сакам да ја осветлам...
Јас кога ставив црна кна ништо не ја вадеше и ниту фарба на неа фаќаше .. Чекав да израсне косата мислам дека ќе добие нервен слом. Од тогаш не ми текнало да ставам .
Ама јас имам ставано и порано и секогаш паѓаше за брзо, затоа пак ставив.. Ова не паѓа.. Не знам зошто..
Зависи од квалитетот. Пред неколку години користев црна кна, немаше шанса да се извади. Пробуваа со се да ја извадат, само имаше ризик да ми ја оштетат. Чекав да порасне, па се префарбав.
Сега читав по интернет.. Се некои агресивни методи со алкохол, сода,лимон, и уште полоши хемикалии. На неколку места прочитав маслиново и кокосово масло да се држи 12+ часа и ќе паднела бојата. Јас успеав 3 часа со кокосово масло замотана со капа за туширање и пешкир седев на топло. Има некој слаб ефект.. Неколку прамени ми станаа кафени ама со грд црвеникав сјај.. Продолжувам да се упропастувам. Уште неколку пати ќе ја повторам постапката, па ќе видиме.
Не може никако 1 година веќе ја имам чекам да порасне мојата природна за да се фарбам. Пробавме на фризер неколку прамени џабе не фаќа никаква боја. Немој да се зезнеш да ја исфарбаш цела ќе ти испадне црвена пробај прамен прво дали ќе ти се свиѓа
Оф... грдотија сум. сите ме викаат црната, како грешен ѓавол да сум. Не знам веќе... Се прифаќам само не се шишам кратко.
Има кафена кна пробај следен пат ако сакаш да ја осветлиш ако не минимум 6м да падне треба ја 3 4 години ја фарбам и еве 1г уште не ми паднала чекам за да менувам и ќе се шишам ептен до брада за да ја тргнам. Убава и свилена е косата од кна ама тешка мука
Од октомври ставив. Пред тоа имав ставано на 15-16 год, за да си ја зацврстам, брзо паѓаше бојата. Потоа се шатирав, фарбав, се супер. Кај ми текна во октомври пак кна, мислев за полесно да ја одржувам косата и да ја живнам малку бидејќи пепел стана од бланш и фарби.. Ама ништо.. грдосија
Баш ми е жал што не ти се свиѓа сега гледам погоре си пишала за масло од кокос помага ли мислрв да купам и ја
Веќе никаква кна на мене не ставам! А маслото не знам, малку го држев, едвај 3 саата издржав и негде имам осветлени прамени. Со сода,лимон,алкохол и слични работи не пробувам бидејќи оштетуваат. Со масло ќе повторам уште неколку пати ќе видиме дали ќе ми успее.
Каква кна поточно користеше? Зашто мене од кна многу ми се зацрвсти косата и воопшто не ми беше како пепел. Ама ме поучија дека многу е битно каква е кната и како ќе ја нанесеш и како ја одржуваш косата. Пробај да ја ревитализираш косата, кната во главно за суши косата, колку зависи. Похранливи маски, масло на коса редовно нанесување. Никогаш не паѓа кната целосно од коса само со измивање. Пробај да ја измиваш со различни чаеви, конкретно пробај со камилица или хибискус. ВО принцип, вака и се активира кната кога се нанесува првично и можеби ќе има некоја разлика. Ама за паѓање нема да ти падне и ја не би ти рекла да се фарбаш врз неа. Не знам колку ти е долга косата, расти ја постепено и шишај врвови.
Јас пепел си ја направив косата со бланш, а кна ставив за да ја потсредам и да не се мачам многу. Откако ставив кна влакното изгледа поздраво, посјајно и подебело. Ставив кна од таа од ДМ, членка погоре има постирано, само што јас ставив црна. Не ми е сува, баш добра е, ама бојата катастрофа.. Не знам.. Не би фарбала ништо одозгора, само сакам да ја снема, да си биде мојата природна боја, па после ќе размислувам за фарбање. Имам долга коса до половината.. Кратам ептен малку на фризер, си ја жалам.. А по породувањето многу коса ми паѓаше, сите викаа од кната било, но знам дека се хормоните..
@Biodevojka сакам нешто да те прашам, во врска со кната, знам дека ти користиш кна. Косава минатата година ми беше плава, многу пати ја осветлував со бланш. Многу ми се оштети и ноември минатата година ја префарбав во кафена. Сега сакам да си ја вратам црна, се обидувам многу месеци и никако да фати убава црна , па ја шишав многу кратко косата и на некои места се уште имам проблем. Ја фарбам со фарби. Знам ти ја користиш khadi кната, сакам да те прашам случајно да не ја донеле во Мк? Или ете ако знаеш квалитетна црна кна ако можеш да ми препорачаш некоја ? Јас можам да ја порачам од ecco-verde ама дека наскоро ќе дојдам Мк , викав да не може некаде таму да се купи? Кна користев пред 3 години ама купував од зелено пазарче , и косава почна многу да ми паѓа. Кога престанав да и ставам кна, се нормализира. Дали е така бидејќи имам слаба коса, дали е точно дека жени само со јако влакно треба да користат кна?
Драга khadi сеуште ја нема кај нас. Ако може да порачаш од еко верде не се размислувај, нарачај веднаш. Таа што си ја земала од пазарче Господ знае што содржела. Гледав една во ДМ и воопшто не беше природна кна. Не знам дали уште ги има на Санте кните кај нас ама ако ги има тие се доста добри околу 600 мкд со одличен состав и имаше и црна.
Имам ставано црна кна пред 5 месеци,но не е многу излезена бојата,што мислите дали бордо кна ке може да ми се фати на црна кна?