Тоа е , кната со ништо не се вади. Како ќе расте шишај ја постепено. Кога ќе порасне нова коса можеш да се фарбаш со фарба
Ти ако не сакаш да смениш на пример кон посветло тогаш е ок. Ама да земеш да правиш промена нема да можеш. И твојата боја нема да падне скроз иако е темно кафена. Кната е зезната работа. Остај што косата паѓа од неа. Јас се фарбав со кна пред 3 години, потоа решив да сменам (сакав плава) бев на фризер и немаше шанса. Таму кај што беше фарбано со фарба се извади со бланш , тоа со кна нејќе да мрдне. И морав да се шишам ептен кратко пикси за да се исфарбам плава. Значи само шишање е спасот.
Кната и така е трајна, нема да падне никогаш. Да помешаш не би рекла дека е добра идеа, еве : “Avoid using hydrogen peroxide with henna, as it can ruin the dye and cause damage to the hair. Peroxide is a bleaching agent that can cause dry,brittle, and damaged hair. To dye with henna, use it alone or add natural ingredients like indigo or amla.”
Дали кната има рок? Никогаш немам видено на пакетчето? Ако има рок, што доколку се употреби стара кна? Може ли да е штетно?
Мислев неотворено. Едно отворам и го трошам, не стои или да остане. Баш утре ќе ги барам тие што ги имам за да видам дали има некаков датум. Зошто имаш такво мислење? Се надевам дека не е штетна, тоест секако би требало да е помалку штетна од боја која има хидроген, е сега ако ставаат внатре некои хемикалии, не знам.
Не за штетна туку после ако се фарбаш катастрофа ќе е. Ич не прашувај од кај знам, уште имам траума колку ми е кратка косава..
Имам користено црна, па читав дека црвената е најприродна и од таа сега користам. Инаку, не испаѓа нешто многу црвено, туку како кафеаво, а некои со светла коса ако стават црвена може и да испадне како морков, таква нијанса.
Не би требало да се ретчи од кна. Ако некој имал такво искуство, нека пише. Кната се раствора со вода, а што остана за хидроген? Тој секако е поштетен.
Го избришав прашањето зашто подоцна прочитав мислења поназад. Инаку, размислувам да употребам к'на, а досега никогаш во живот не сум се фарбала, природнава боја си ја чувствувам како дел од идентитетот
Мене ми опаѓаше косата од кната. Правев и испитувања но немав никаков проблем, кога се префрлив пак на фарби излезе дека било од кната. Никогаш веќе кна.
Нешто драстично опаѓање? Дали потоа косата ти се врати во нормала? Што би препорачала да се користи како замена? Мислење за колор шампон?
Да , се врати во нормала. Премногу ми паѓаше, при миење особено гледав колку коса паѓа. Тогаш се фарбав со црна кна, најчесто од пазар купував. Правев к.слика, испитував на тироидна жлезда беше се во нормала. Ништо , се имав вратено на фарба. Колор шампон немам пробано. Евентуално да пробаш некоја био растителна фарба , мислам ги има во Зегин и во Логона еве и слика Лично јас ги немам пробано