Уште една забелешка, да не заборавам: Оној што ќе победи во овој круг, ќе избере од каков вид музика ќе се состои следниот круг.
Значи правилата се слични со правилата од темата фото натпревар, само гласањето таму е со анкета а овде победува песната со најмногу лајкови.
Нема тука админ освен Реин што модерира многу категории и не би имало кој да ја води, не верувам за форумски игри да се прави често анкета, ќе замре темата така...
Уште денеска трае пријавувањето за овој круг Last minute offer Ако нема вкупно 20 пријавени, ќе се гласа за пријавените до полноќ.
Почнува гласањето, со лајкови на досега пријавените песни Учесниците не можат да гласаат за ниедна од песните Имате три дена за гласање. Резултатите ќе бидат објавени на 14 јуни на полноќ, а победникот ќе има право да предложи жанр за вториот круг.
@prominent шо бидна со победникот, избравте ли? Не е баш активна темава, нема многу заинтересирани, за жал... А добра идеја ти беше.
@ohlalalala, поради малата заинтересираност, не знам дали има смисла да се одбере победник. Песната со најмногу лајкови треба да е победничка, без да се бројат гласовите на учесниците. Не знам, ако имате идеја како да живне темата, слободно предложете
Можи каква било песна да се лепи? Ко светла точка темава ко ја видов од страна. Знам дека пишеше наназад демек жанр предлог, ама ако сум изведувач нема да менвам стил на песни за да учествувам.
3 дена мислам дека е доволно да се постираат и лајкаат песни, па пак нови, за да не се заборави темата ако е подолго времето. Што мислите, може вака?