не се јуфки. јуфките имаат неправилна форма. ти на резаници мислиш вајда. ќе ти ја сликам кутијата после мислам ја имам, ова се оригинал таљатели италијански. потенки се од резаниците...
Во Западна Македонија јуфките се исти како таљателите. Нашите баби се собираа по куќи и месеа јуфки тенки како свила. Сега за жал таа традиција се изгуби, сега ги правиме на италијанските машинчиња. Во Источна Македонија се прават во неправилна форма и се викаат или јуфки или почесто кори. Еве ги моите јуфки со кокошка, од темата „Пилешко на мој начин“. За жал овие беа купечки, ама не беа лоши!
@tace73 Таљатели и јуфки не се исто. Јуфките се прават со јајца, таљателите и останатите тестенини не содржат јајце. Бар јас така знам.
Оригиналните свежи италијански тестенини се прават исклучиво со јајца и брашно, евентуално малку сол, друго ништо не се додава, не знам дали си гледала Џејми Оливер или други готвачи кога прават свежи тестенини кои не ги сушат, туку веднаш ги варат, само малку просушени. Овие по маркетиве се најчесто без јајца, ама не се исти по вкус. Инаку јуфки и таљатели не е исто, само формата може да им биде иста, ако се прават на машината за тестенини која што повеќето ја имаат дома. А по рецептот се различни, бидејќи таљателите, како што кажав содржат само јајца и брашно, а јуфките имаат и масло и млеко.
И двете сте во право, и не сте во исто време. Вистинките италијански тестенини се разликуваат од место во место, ама најчесто се јадат суви од дурим или свежи од обично брашно без јајца, а ако се со јајца е нагласено и се вика pasta all'uovo (тестенини со јајца). Мислам Гордон Ремзи прави тестенини без јајца, а и јас мислев со јајца се, ама баш еден готвач во една област која порано била под Италија и имаат тестенини во исхраната ми рече дека обично се без јајца. Млеко, нормално, не се става.
@DAngel @Annath Зборував за овие наши купечки, што ги јадеме, сите што сум ги купувала биле без јајца. Оргинални италијански немам пробано
Ovie se od testeninite so spanak gi ima vo tinex od jamie oliver. Za sosot stavam malku spanak predhodno varen potoa magdonoz i pecurki i malku luk seto toa se przi i na kraj dodavam domasno domatno pire i uste 3-4 min go przam seto zaedno.Prevkusno e
@DAngel јас зборам за свежи тестенини, не за овие кај нас што се продаваат, а и во Италија. Сите готвачи на емисиите што сум ги гледала на каналите за храна, прават свежи тестенини исклучиво со јајца (жолчка) и брашно. Од дурум пченица не сум видела да прават, ниту пак користат такви готови, ама веројатно овие што се pasta all'uovo не се за сушење и чување, туку се јадат веднаш. Не знам навистина, не сум упатена многу во детали, ама и рецепти кога гуглам, ми дава дека е со јајца. Како и да е, битното е дека јуфки и таљатели не е исто, оти јуфките имаат и масло и млеко, што не е случај со италијанските тестенини. А за формата, варијабилна е.
Таљатели Барила,варени 6 мин во баааѓи солена вода.Сосот е црвен кромид,лукче,печурки,тиквичка и малку пиперка,сецкани и пропржени,па прелиени со доматен сос.Се крчка 10тина мин,па се меша со пастата на крај.
Моите таљатели се all'uovo (нормално купени) италијански. Не се сушени се јадат веднаш. Обожавам паста со песто па затоа моите се зелени Во завриена вода се стават таљателите 3-4 мин. Се цедат и се враќат назад кај загреаното маслиново масло и песто. Мене ми се повкусни одозгора со рендан пармезан. Едноставно, брзо а вкусно!
^ Во понеделникот напишав... 1,2,3...6, а има уште еден ден Мммм... значи готвите , до темата било!!! ПС Коментари ке има ... можеби овој пат ке бидам построга
Spoiler: Запечени таљатели Таљателите се варат според упатството, се процедуваат и се стават во омрсено плехче. Настрана правиме прелив со три јајца, 1 чаша млеко или јогурт и околу 150-200гр сирење. Се става врз нив и се пече. П. С. Се двоумев дали воопшто да ги ставам не се ни приметуваат таљатели ли се, што ли се.. ама па вкусни се, претежно на ваков начин приготвувам тестенини мм ги сака запечени и крцкави.
Моиве се таљатели гнезда, исто потпечени Додека таљателите се варат, се прави прелив од јајца, хопла, ситно сецкан магдонос, шери домати и маслинки. Се зачинува со сол и бибер. Количината на состојките зависи од тоа колку гнезда сакате да направите, ама еве ориентационо јас ставив 2 јајца и околу пола чаша хопла на 6 гнезда. Откако ќе се сварат таљателите се потопуваат во преливот и се ставаат во модли премачкани со масло. Остатокот од смесата рамномерно се става во калапите, а на крај врз гнездата наросуваме пармезан. Јас ги печев на 175 степени, ми се чини околу 15тина минути. Потоа ги вадите од рерна, внимателно со нож ги поминувате модлите по страните и ги вадите гнездата. Мене многу лесно ми се извадија, не беа залепени воопшто. Можете да ги комбинирате со што сакате, мене највкусни ми беа со павлака Исто и во смесата можете да ставите што сакате по желба, пример сувомеснато, печурки, или нешто друго по вкус.
Анкетата е поставена. Повелете на гласање https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-2#post-3606737
Леле супер браво се мислев околу @dunika i @AnaKarenina , и заради оргиналноста мојот глас заврши кај @AnaKarenina. Ќе бидат зготвени наскоро
Таљатели. Општо за паста кога станува збор припаѓам, јадам секој ден без исклучок. Навиката од италија ми остана. Нејзе.. Италјански таљатели и македонска јуфка е се само исто не е. Зборувам по состав и вкус нормално. Оргинален рецепт за паста, нема. Односно има повеќе оргинални рецепти за паста во италија не е еден, но кога станува збор за пресна паста во ресторант служат паста со жолча и јајце тазе приготвена. Но секако и тука има исклучоци. Кога збруваме за паста, највкусна паста е со јајца. И брашно и вода не дека не е вкусна ама сепак ..нели.. Кој каде како зависно си готви паста и нејзин состав, нема правила. Ако ние направиме од македонскиот состав за јуфка и тестото го пројдеме низ машинка за таљатели онда тоа се вика македонски таљатели Ако се разбираме.. Значи таљатели и јуфка е скоро исто ако тестото е исто.. ама ако забележиме дека тестото го сукаме или обратно го пројдуваме низ машина онда и тоа не е исто, оти нели сукано и влечено пак не е исто. Да така сума сумарум не е исто воопшто. Јас на пракса и во ресторан сум правела паста со жочка и брашно или брашно и вода и веднаш сум ги варела.. И не не е исто нити не сушено и сушено. Ама они сакат паста фреска односно преферират. Зготви јади работава. Низ маркети има различни пасти по состав и сите си имат своја убавина. Не се лоши, не. Мојот глас отиде кај некого каде што во пастата нема додатни јајце во сосот. Оти така не ги сакам.. Така.. Последен пат правев ситна паста алла леќа пробајте..
Дека те читам по другиве теми со нејЗе-во.. Па чисто онака другарски да ти кажам дека е нејСе...да не ти се смеат душманите