СДК декa вo пoследнoнo тoртиче штo oтиде вoн кoнкуренцијa стaвив и цимет вo прелив шербетoт иaкo не пишaв..зoштo кaк мене цимет сo се иде Две утки зa 3 денa.
Цимет... Баклавата од пред некој ден #6233 имаше шербет... и цимет @sanjaeva не си сама со утките @AnaKarenina честитки за победата Новата тема е прекрасна, очекувам многу нови рецепти со цимет ПС Денес добив нов рецепт за баклава со ореви, пудинг... и нормално шербет!!! Планирам да ја направам за Нова година... иии одвај чекам да ја пробам!!! Никогаш не сум пробала печен пудинг накиснат со шербет
Посен, ароматен колач Spoiler: Рецепт Едноставен, брз и навистина ароматен колач башка и посен. Состојки: 12лажици шеќер 400мл вода 10 лажици мармалад од сливи (може по желбс) 4 лажици мармалад од кајсии 1 мало лажиче сода бикарбона 1пециво 1полна мала лажичка цимет 1 лажичка анис прав шеќер за наросување Се става прво водата и шеќерот па мармаладот и останатите состојки, сето тоа убаво се меша со лажица да се добие хомогена смесата. Печев во правоаголно плехче 28 околу 45 минути на 200 степени, кога ја исклучив рерната го оставив уште малку. Потоа се наросува шеќер во прав и спремен за послужување. Циметот преовладува, колачот доаѓа сочен на јадење од мармаладот,погоден за зимски денови, може да се најде и на трпезата на некоја посна слава.
1,5 чаши шеќер 2 чаши брашно 2 јајца 250 мл.млеко 100 гр.млечно чоколадо 70 гр. путер 1 прашок за пециво 1 лажиче цимет Се мешаат сите суви состојки заедно со изренданото чоколадо.Млекото и путерот се ставаат на оган додека се стопи па се додаваат кон сувите состојки.Се меша убаво со шпатула.Потоа се додаваат и двете јајца па со миксер се меша убаво.Се става во правоаголна модла и се пече околу 30 минути на 180 степени.
Sutlijash Se vari 1l mleko so 1 sholja (za kafe) oriz i polovina sholja zejtin na tivko. Chesto se promeshuva da ne se zalepi orizot na dnoto. Koga ke bide svaren orizot se dodava 1 paketche vanilin sheker i 4 golemi lazhici sheker i se popushta malku temperaturata. Se ostava da provrie ushte nekoi 5-6 min (ke vidite dali e dovolno gusto) i se servira so cimet Sovrshen mi e receptov, podobar ne sum probala. Deka od sveki
Spoiler: рецепт Состојки: Една чаша од 300 грама ориз 2 кесички ванилин шеќер 12 лажици шеќер 1 литар млеко 500 милилитри вода 100 милилитри зејтин Состојките се ставаат во тенџере заедно и се ставаат на тивок оган да зоврие. Откако ќе зоврие ,се вари уште 40 минути во покриен сад Откако ќе се свари сутлијашот се става во мали садови и се украсува по желба со цимет или какао. И од мене сутлијаш Имам убава слика од скоро па од мерак да ви се придружам
Овесни палачинки со цимет Овој рецепт го правам најчесто за доручек или ужина (ќерка ми која има 2 години го обожава) предност е што е здрав и многу брзо се спрема. Од едно јајце излегуваат 3 палачинки. Се мати со вилушка едно јајце со една лажица млеко се додаваат еден филџан мелени овесни снегулки со неколку мелени бадеми, пола лажичка цимет, прстофат сода бикарбона или пециво, се меша убаво се заедно. Се остава да одстои 5-10 мин. На загреана и подмачкано тава се печат палачинки. Јас ги гарнирам со свежо сецкано овошје, јаболки, портокали и вишни кои совршено одговараат со циметот. Преливам со сируп од капини (како во овој случај) или некој џем кој го имам во моментот.
Интегрални колаченца со цимет Spoiler: рецепт 2 јајца 1 коцка путер / маргарин 5 чажици кафејав шеќер / бел шеќер 500 гр интегрално брашно 1 лажица цимет суво грозје / ореви / мармалад Се матат јајцата, шеќерот и маргаринот, се додава брашното и циметот и се замесува тесто. Се додава сецкано суво грозје или ситно сецкани ореви и се убаво се воедначува. Од добиеното тесто се расукува кора дебела околу 1 сантиметар и со модла се сечат колаченца. Се пече во тава обложена со хартија за печење, кратко, до првото „заруменување“. Од истото тесто се прават и окригли колаченца без суво грозје / ореви, кои што се „лепат“ со мармалад...
Ова ми се омилените божиќни колачи,типични се за католички божиќ,заедно со уште неколку видови,но ѕвездите со цимет или оригинал Zimtsterne ми се no.1 Во длабок сад најпрво се матат цврсто 3 белки,па се додава прстофат сол,250гр шеќер во прав,1 ипол лажичка цимет,малку лимонов сок,и 350 гр мелени бадеми. Добро измешаното тесто се расукува на работна површина со дебелина од 7мм.Се вадат ѕвезди со калапче,па на пекарска хартија и во релна,5-6 мин на 250C. Ѕвездиве нормално се глазираат,со смеса од белка и шеќер во прав,па преноќуваат да се исуши и стегне глазурата.Јас тој дел го прескокнав И да,во кутија добро затворени може да се чуваат и две недели
За прв пат на темава Посен празничен колач - 1 чаша брашно (250 mL) - 1/2 чаша кафеав шеќер - 1 лажичка пециво - 2/3 чаша суво грозје (претходно потопено и одстоено во рум и цимет) - 1/3 чаша сечкани лешници - 1/3 чаша рендан морков - 1/3 чаша масло - 1/3 чаша сок од цеден портокал - кора од 1 портокал - кора од 1 лимон - 1 лажичка нарендан свеж ѓумбир - 1/2 лажичка цимет Ги промешуваме брашното, пецивото и шеќерот. Лешниците ги сечкаме и заедно со сувото грозје ги додаваме кон сувите состојки. Рендаме морков и ѓумбир како и корите од портокал и лимон. Додаваме цимет, маслото и сокот од цеден портокал, па целата смеса ја соединуваме со лажица.Ја истураме во калап за ролат, кој го намрсуваме и набрашнуваме или обложен со хартија за печење. Го печеме во загреана рерна околу 35 минути на 180 степени (може и подолго).
Кекси со цимет (т.н snickerdoodles) Потребно е: 3 шолји брашно Лажиче сода бикарбона за јадење (може и прашок за пециво наместо сода) Пола лажиче сол 2 лажички калиум битартарат (замена се 4 лажички лимонов сок или алкохолен оцет) Шолја несолен путер на собна температура Пола шолја кафеав шеќер (light brown) Една плус четвртина шолја обичен шеќер 2 големи јајца 2 лажичиња екстракт од ванила 2 лажичиња мелен цимет Рерната се загрева на 190 степени. Се мешаат сувите состојки (брашно, сода, калиум битартарат, сол). Ако користите лимонов сок, оставете го за подоцна. Во длабок сад се мати путерот со кафеавиот и шолја од белиот шеќер, да стане пенест. Се додава ванилата, лимоновиот сок, јајцата. Се мати убаво на најголема брзина. На смесата се додаваат сувите состојки и се мати со миксерот на најмала брзина, да се измеша убаво. После и со рака се меси, тестото е малку лепливо, може да се додаде брашно, ама нема потреба. Во чинија се мешаат циметот и преостанатиот шеќер. Се прават топчиња од тестото, се валкаат во смесата од цимет и шеќер и се сплескуваат, се редат на хартија во плех. Се печат 12-14 минути на 190 степени во загреана рерна. Ако ги оставите подолго, ќе бидат тврди. Spoiler: Гратис слика
Со повод правев сефте посни палачинки, кои ме изненадија и одма ги запишав во тефтерот Пред да ги објавам во ФИ се сетив дека исполнуваат услов за овде ПОСНИ БАНАНА ПАЛАЧИНКИ 15 лажици брашно 1/2 лажиче пециво Прстофат сол Ванилин шеќер 1 лажиче цимет 2 лажици шеќер 1 лажица мед 1 лажица масло 350 мл вода Се меша со миксер и да отстои пола час па се додава 1 зрела пасирана банана Меки, вкусни, навистина ме воодушевија
Печена тиква со цимет Тиквата ја сечеме на покрупни парчиња, ја ставаме на хартија за печење, печеме на 200° околу 40 мин. Кога тиквата е уште топла одозгора ставаме по 1 лажиче мед и цимет. По желба јаткасти плодови и суво овошја (во мојот случај ореви и суво грозје) п.с Рузмаринот е за декорација
Колачот често го правам, со јаболка и цимет. Се клапат 3 јајца, еден филџан шеќер, пола зејтин, две брашно, еден или два филџана млеко или јогурт, пециво и ванилен шеќер. Значи се прави обичен пандишпан. Се ренде јаболка и се додава цимет. И во тестото ставам малку цимет. Се пече и на крај се народува со шеќер во прав.