Да не треба да се додаде уште нешто на линкот бидејќи стариов го отвара без проблем, а на новиот ми дава порака дека страницата не постои!
И јас гласав за @eli25. Малку кандидатки, но одвај се одлучив за која да гласам. Обожавам тестенини со сос, комбинацијата од брокула и сланинче ептен ме освои.
Коментари... Сос за тестенини Белиот сос со шампињони и брокула на @eli25 е ммммм... Зеленчуковиот сос на @Mari* е ммммм... Сосот што е „тегне“ со моцарела и гонгонзола на @dunika е ммммм... Сосот на @didi1982 со некој си Алфредо не сум го пробала, но сигурно е ммммм... Гласав за @Ivan4e04, мислам дека прв пат се натпреварува во темава... И нејзиниот сос е ммммм... Ммммм... Немам зборови за сите сосови
Само што се вклучив да пишам , баш инспирација немам оти синко е болен па ќе ми помогнете вие еве некој предлог -печен компир -мезе за гости ( даски, салатки, чипс и некој сос итн....) -готови кори ( солено, благо....) -бело пециво
Полнет печен компир Се печат компири пресечени на пола Во меѓувреме се сецка шунка,кашкавал и кисели краставички Кога се готови компирите се вади средината,се меша со филот и се става малку сол Се полнат, се преливаат со изматено јајце и се печат дури да се стопи кашкавалчето
Рецептот нема име Се лупат компирите и сечат на 2 по должина. Се стават во тавче, се попрскува масло, вегета, црн пипер, буковец и оригано. Се печат на 250. Во меѓувреме се сечат на коцки пилешко филе, кулен, сирење, кашкавал и маслинки. Кога компирите се при крај печени, врз нив се става од смесата и се враќа да се растопи кашкавалот. За сосчето е потребно лажица мајонез, неколку лажици павлака, сол, црн пипер, копар и буковец малку. Лесно, брзо и вкусно. Одлично за вечера. Spoiler
Daj Lili ucestvuvaj. Od mene ke imas eden glas sigurno,ti vetuvam Cesen pionirski zbor Go obozavam taka pecen,obicen.
@LiliBoz не знам за тебе, ама јас завчера имав обичен компир за ручек и ќе учествувам! Ми се погоди таман да имам една слика во тел (не баш лична, не беше наменета за по нет ама ајде) Печен компир со ајдамер Сечкани компири, морков, кромид лук ги ставам во тавче, зачинувам со копар, оригано, сусам, вегета, бибер и малку сол, поливам маслиново масло, малку водичка и ставам на печење. При крај додавам две лажици доматно пире, промешувам, редам најгоре ајдамер и враќам на печење уште кратко
Епа ајде и јас тогаш да правам гужва ако не друго Петочки брзински компир со кромид, вегета, рузмарин и бибер. Бонус кобасички! За мезе сиренце и корнишонки кои не ги сликав.