Барем тоа има поголем проблем ќе ти биде да го свариш пудингот без млеко, ама јас сум правела со овошен компот и многу убаво ми има излезено. Ако одам кај моите викендот ќе направам и ќе ставам Само за мене не ми се прави
Ептен сум брза За мажето Еден пудинг сварен со 400мл млеко и 3 л шеќер. Тоа кафеното е нутела и внатре ставив неколку бишкоти.
Честитки за малата на Џојка Мене уствари ми текна дека имам со што да се "претставам" овој пат. Вајда ќе се рачуна ова. Заправо со мојата роденденска торта. Не ме карајте што не пријавив кога ми беше роденден Ова е нова Лилибоз торта. Нема рецепт од никаде смислено е повторно од мене. ПандиШпан повторно нема туку има браунис. Мојот омилен како што знаете. 6 белки матени во снег додадени во претходно стопеното 400 гр чоколадо во кое пред снегот сме вмешале 6 жолчки. Филот е домашен пудинг. 200 гр чоколадо со 150 мл млеко и нишесте. Оладено и нанесено. Е сега, за да не е толку лесна тортата јер 30 не се пунат секој ден нели, одозгора има шлаг направен ко за шампита. Значи шлаг околу 500 мл со шербет помешано. Тоа е тоа. И еден мал едит. Браунисот е дебел намерно. Воопшто не е сува зашто нема брашно.
Тортава скоро ја правев https://moirecepti.mk/post/кремаста-торта Место густин ставив пудинг Не е нешто посебно,онака лесна торта
Мафини со ванила пудинг 4 јајца 14 лажици шеќер 1 филџан (125мл) масло 2 филџана кисела вода 1/2 сок од портокал 1 пециво 1ванила 300гр брашно 1 пудинг од ванила Најпрво се вари пудингот според упатството и се остава да се лади покриено со стреч фолија. Со жица за матење се матат сите состојки по наведениот редослед. Се полнат калапите за мафини со течната смеса помалку од пола. Се ставаат 2 мали лажички од оладениот пудинг и се надополнуваат со смесата не до горе. Рерната се загрева до 250 степени, се става калапот со мафините, се намалува на 180 степени и се пече 20 мин. Се сервираат ладни.
Cakepops Две пакетчиња пудинг од ванила за матење на Др. Еткер се матат со 500мл млеко да се добие кремаста смеса. Посебно се крши и рони готов пандишпан за торта и се меша со пудингот да се добие убава смеса која може да се обликува во топчиња. По желба наместо готов пандишпан може да се користат мелени бисквити и јаткасто овошје. Може да се додадат и зачини како цимет и ванила. Се прават топчиња кои се ставаат во фрижидер да се стврднат убаво. За тоа време на пареа се топи црна и бела чоколада посебно. Стапчињата за cakepops се потопуваат во чоколадото, се става топче и се брца во стопеното чоколадо да се покрие целото. Вишокот се остава да истече и топчето се посипува со шарени трошки. Се оставаат исправени да се стврдне чоколадото.
Пржен пудинг Многу несекојдневен,но прекрасен крцкав десерт. Се вари пудингот според упатството на кесичката.Потоа се потура во тавче и се чека 3-4 часа убаво да се олади и стврдне. Се сече на коцки,големината по желба.Се валкаат коцките во јајце,брашно и лебни трошки и се пржат на путер во нелепливо тавче.Топли се валкаат во шеќер и цимет и се украсуваат по желба.
Пудингче... Ејјјј... Какви рецепти Браво девојки #3939 Рецептче за посен пудинг... Превкусно е, испробано ПС Ако продолжите вака со интересни рецепти ке бараме повторно да се активира опцијата „ НАСЛОВНА СТРАНА“ на Фемина.мк @CrazyOne @Dust
Посно ремек дело од мене 5дл бадемово млеко 5дл вода 2 полни лаж. кафеав шеќер Се става да зоврие,па се истура пола пакетче прашок за пудинг од ванила и 200 гр гриз.Се вари со постојано мешање на тивко,7-8 мин. Декорација и прилози по желба,моето е џем од малини,свежи боровинки и кокос Слободно сменете бадемово со кравјо млеко,јас постам па морав вака
Аууу @Bubce38 зар со гриз да те пречекам Ти само дојди,си локално благо ке те гостам,а гриз за идната бебка што ке ја имаш
Не може да се гласа, рецептите со сликите се ставени но анкетата е сеуште за старата тема со затворено полнето тесто. И ако може да се гласа за два рецепта, многу различни и вкусни има