Таму каде што е последнава година Може и не мора. Ретко го менуваме, не затоа што ни е тешко, туку затоа што нема ефект кога гласањето не е во оваа тема... ставаме тука линк од гласањето кога е поставена анкетата. Ама ете за твој ќејф ќе додадам гласање
Омлет ко омлет, повеќето беа слични ама гласав за оној кој највеќе лигичка ми направи. Гласано за Ловка И омлетот на СВ1911 интересно изгледа ама не сум љубител на наут па затоа останав без лигичка
И јас гласав за @SV1911. Да јадев јајца, навистина немав поим за чиј омлет ќе гласав. Многу убави рецепти. Ми се допаднаа порциите на @bebaa, @eli25 и @Doozy.
Не сум љубител на омлет, но фактот дека сликата на @Doozy ме натера да станам и да си направам (со колбавчиња, секако) е доволен за мојот глас да оди за неа.
На @eli25 беше нај по мој вкус, јајца најмногу сакам во комбинација со перица (млад кромид) или праз, па така гласав за нејзе. А омлетот на @Doozy што е примамлив нема тука збор, маж ми и ќерка ми да гласаа сигурно ќе добиеше уште плус два гласа.
Гласав за @SV1911 бидејки изгледа преубаво, леко за јадење и доста интересно што вреди да се проба, плус здраво.
Гласав за @SV1911 Навистина секоја чест за омлетот, необично, здраво и сигурно вкусно. Следна прилика и јас ќе го пробам рецептов
Каснам, секако. Оти касно јајца јадевме Колку да ја залепам, да сум у тек. Нека си врви гласањето без мене. Плус, на око се моите
Еве мееееееее Фала дечкииииииии, сите кај мене на омлетче со колбавче + магнезиумче + на сите по една тефлонска тава, шлеперот чека на царина. (предизборни ветувања ова, шуќур и ја да победам) Еве што имам предлог за следни теми. 1. One-pot meals, или на нашки, јадења за коишто е потребен само еден сад да се приготват. Инспирација за темата добив од фактот што сите сме т'нки на време кога станува збор за готвење, а и не сакаме баш да миеме садови отпосле... јас доста често правам вакви јадења од горенаведените причини. Те видео овде, ова е со тестенини. Значи, финтата е целото јадење да биде приготвено во еден сад. Сега ќе речете па се' се приготвува во еден сад ама финтата кај овие јадења е постепено да се додаваат состојките и на крај добиваш целосно јадење без да ја исшлакаш цела кујна. На пример, може да биде рижото, месо + зеленчук, месо во некој сос, тестенини како на видеото, гулаш, манџички и слично, мислам ќе имате опции на темава без да треба посебно да се бираат продукти. @Ginger^ мислам имаше такво one-pot meal со јајцата во темата за омлет. (едит - два поста над овој ) 2. Ако не ви се готви неделава (дека пред Велигден), да одиме со варијанта вафли, со тоа што дозволено ќе бидат и вафлите да бидат купечки (во сите подобро снабдени маркети, во Кам за само 52 денари ), па вие да ги декорирате по ваше, може и солени и благи опции. Велигденска трпеза веројатно ќе биде неделата после Велигден, затоа не ни предлагам засега нешто такво. Let the games begin