Јас сеуште размислувам меѓу @koritsaki & @Ketchup двата изгледаат yummy. Никогаш толку долго да немам гласано. За еден од вас ќе гласам, уште не знам за кој.
Се сеќавате на Вал-Дим? Прекрасни теми сте имале во изминатиов период... Ааа, гледам имало и добри готвачи и рецепти Хммм, и коментари неколку прочитав На тема сендвичи... Секоја вечер правам сендвичи за домашните, појадок за на работа... Поубаво им било дома направено отколку од сендвичара! Толку многу се „навежбав“ во правење сендвичи што можам и мижејки да ги направам За неделните натпреварувачи... @Ketchup @theowndemon @koritsaki @SV1911 @bebaa сендвичите Ви се прекрасни Земав рецепти од сите Гласано за @koritsaki Лебчето ептен ми се допадна + намазот од маслинки + сирење со домат и оригано... Вкууусно
Ви благодарам што гласавте за мене ако некоја го направи сендвичот нека каже мислење Нова тема..нека биде НАМАЗИ
Намаз за вафли и палачинки од боровинки, јагоди, малини и капини. Овошјето се става во мало тенџере со малце вода и шеќер по желба и се вари дури да почне да врие. Се трга од оган и јас со виљушка го изгмечив овошјето да биде погусто. Може да се служи и топло и ладно. Ако мислите дека ова не спаѓа во намази ( пошто и јас не сум сигурна ) слободно префрлете ја во фемина инстаграм.
@SofiMar_ супер изгледаат вафлите, ама ова повеќе е прелив отколку намаз а и не се изјасниле дали треба да боде солено или може и благо
Гвакакамоле Најчесто гвакамолето го правам со авокадо и сок од лимон, ама пробав во еден мексикански ресторан микс авокадо со патлиџан и стварно е одлична комбинација. 1 големо авокадо изгмечено 1 мек патлиџан изрендан ( јас имав благ јабучар) Малку изрендан кромид( по вкус) Сол, бибер и чили Се заедно се меша и се јаде со начос чипс или се мачка на пченкарни галети како што направив јас.
“Медитерански намаз” Состојки: 200гр меко сирење(фета) 6-7 парчиња сув домат Неколку сецкани маслинки Малку доматна паста(концентрат) Босилек,оригано,сол и бибер Маслиново,5-6 лажици Неколку капки лимон Прво сувиот домат се попарува со врела вода и се остава да одстои 30 мин,после се цеди,па во блендер/процесор се миксира се заедно до посакуваната хомогеност. Може да се чува во фрижидер 7-10 дена
Анкетата е поставена. Можете да гласате https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-4#post-4013270
Гласав за @MissDior зошто изгледа ептен примамливо и бар знам кога ќе си дојди другарка ми од одмор како ќе ја пречекам. Со намазов и начо чипс. Обично земам готови сосови и намази за чипсот, вака да сменам.
Како сум ја утнала темава, хумус и баба гануш ми се специјалност И јас обожавам гвакамоле а никогаш не сум го правела. Изгледа лесно, а вкусно. На медитеранскиот намаз не му е баш доловена бојата, ама звучи интересно. И двата одат на листа за правење
@LollySky под лошо светло сликнав,и јас приметив дека бојата не е доловена,ама ме мрзеше да шетам Инаку има боја на Аргета Гласав за гвакамолето,едвај се одлучив од големиот избор Штета за темава,има премногу избор на намази,бар ајвар да намачкаше некој
Е фала Не знам што тема да дадам,сите се на распуст.Вода најубаво Мислам нешто брзо и лесно да е,за да имаме повеќе рецепти. Еве на памет ми се -Овошна салата(со какви сакате додатоци) -Летни пинџури/манџи -Палачинки Ако имате предлози давајте
Нека биде салата овошна Само ако ве мрзи да исчкате лубеница Може и со сирење,соленка салата Или пршута и диња...
Јас чекав да видам да не е случајно палачинки темата, зошто сабајлево то праев. Овошни салати на лето ми се омилени, чисто сецкано овошје, така да веројатно утрешниот појадок.