Имаше свежи и крем салати како тема, а таму никој мислам немаше овошна салата направено. Да не се повторуваме од толку скоро ќе ве молам. Овошни салати немаше, ако сакате овошни салати, во ред е.
Овошна салата : - портокал - црни сливи - ананас - цреши - грозје - диња Врз сливите ставив малку агаве сируп.
Праска, крушка и јаготка насечкани. Од горе уште една цела јаготка и извадив малку од паковањето со машани јаткасти плодови и суво овошје. Има и скроз малку мед.
Динче наполнето со капинки ,банана,кајсија , вишни , праска портокал , грозје и некој непечен лешник Откако ќе се изеде овошјето се прави коктелче Јас го наполнив со смирноф, куракао и спрајт
ставам ревијално, само затоа што мислам дека никој нема да стави нешто слично, инаку далеку е од се што сте ставиле. Салата Македонија (Macedonia di frutta) се прави во поголеми количини и се чува во фрижидер. Овошје по избор (портокал, манго, круш, киви и јаболка чинам имаше во оваа) 100% сок од портокал и црвено вино. Се остава да се излади убаво и може да се јаде.
Овошна салата „Пина колада“ Парченца ананас (плус папаја) измешани со смеса од сметана/цедено обезмастено кис. млеко и малку сок од ананас - сервирано во чинија и одозгора наросено потпечен кокос. Кокосот се потпекува на рингла, без масло..скроз малку за да добие кафена боја. Еми, да ви е слатко де. пс. по правило треба и мед и сок од лајм БАТ. Да не ја претеруваме и овака е океј. Екстра фото:
Анкетата е поставена, можете да гласате https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-4#post-4023053
За мене, лично, беше многу тежок избор, ама гласав за @Bubce38 зошто кога прв пат видов салатата (па коктелот) се воодушевив. Овошје сакам многу, па не знам колку пати ги разлистав сликите за што би брцнала попрво да јадам.