Ова ми е од архива,има и нешто од зеленчук Ако не се важи игнорирајте ме Се вари брокула! морков и пилешко во едно тенџерче,макарони ви друго Во тава на масло се пржи кратко една главица кромид и се додава зеленчукот и пилешкото Некои 5 мин се доволни па се додаваат и предходно сварените макарони Се зачинува по желба,овде ставив вагета,сушено лукче,магданос,црн и црвен пипер
@duffi , Дафи ќе те утепам ,на сват ти очи му истекоа Ми отвори работа за вечера. Можело и без кременадли
Баш сакав да прикачам во инстаграмот и гледам, денешниов ручек новата тема да ти бил Турлитава Рецепт 300 грама пилешки стек го исецкав на коцки, зачинив со сенф, сол, вегета, оригано, масло и оставив 2 саати во фрижидер. Во зовриена вода бланширав 100тина грама бамја.Го пропржив стекот да се зарумени. Запржив кромид, додадов 3 рендани домати, 2 моркови на кругчиња, пиперка на ленти, вода да прелее се и се крчкаше кратко, па во загреана рерна го потпеков во земјено тавче.
И моево е од архива, ако не смее, бришете. Булгур со зеленчук Прво го правам булгурот сооднос 1:2.5. Ставам зачини сол, куркума, семе од коприва, сушен босилек и сѐ што ќе ми дојде при рака, значи може по вкус вие што сакате. Булгурот најдобро правете го по упатство. Готов е кога ќе ја упие целата вода. Зеленчук: Најпрво пропржувам малку кромид, моркови и шампињони, сето тоа наеднаш. Потоа додавам тиквички и модар патлиџан и зачинувам со истите зачини кои ги ставив во булгурот, ама помалку. Оставам убаво да се пропржи и на крај додавам брокула и малку хопла за готвење. Оставам да крчка уште 5-7 мин., не сакам кога е преварена брокулата. Ама вие ако ја сакате помека, оставете подолго. Скроз на крај ставам малку маслиново масло и промешувам. Зеленчукот може да го сечкате по ваш избор. Јас некогаш го сечкам на парчиња, некогаш на ленти. Се сервира прво булгурот и врз него го истурам зеленчукот. Ова е лесна вегетаријанска варијанта. Ако сакате нешто "помрсно", одлично е и со пилешко месо. Место булгур може да го направите и со било која тестенина, пробано е и така и исто е вкусно.
И јас би Бубче без месо ама кај сватот не поминува тоа. Морам вака да го подвалам зеленчукот. Ајде на ручек кај сватовите, има за сите.
Полнет модар доамат 1 голем модар домат се сече на пола и се длабат двете половини, месото се срцка на коцки. Се запржува кромид со мелено месо (200-300 гр) се зачинува со куркума, сол и бибер, се додава една ситно сецкана пиперка и една рака ориз. Во тава со капак се ставаат двете половини од модриот домат и се полнат со содржината. Се става два прста вода и се покрива тавата. Се вари 45 минути на средна тт.
Леле, и мојата беше речиси иста ваква, со кременадла. Само што јас ги спремив со кромидот, лукот и морковот во полуекспрес лонец како гулаш, па после ги ставив во тавче да се печат со другиот зеленчук, а при крај додадов и една рака ориз и малку магдонос!
Летна манџа Се пржат ситно сецкани пиперки, при крајот се додаваат сецкани домати без лушпа и неколку чешниња лук и малку сол, да прокрчка .
Турлитава во бел сос и кашкавал Состојки: микс од зеленчуци - кромид, лук, моркови, грашок, црвена пиперка, боранија (замрзнат кинески и балкански микс ќе да беа) .... + компир, млеко, павлака, кашкавал и зачини (босилек, лук во прав, вегета,копар). Се запржува кромидот, се додаваат морковите, потоа и миксот се' и сешто. Се зачинува, става малку брашно да се запржи со зеленчукот па се налева млеко - зависно за колку луѓе и колку зеленчук спремате,толкуз и млеко. Компирот претходно го сварив малку за да не печам долго во рерна...таков го додадов во миксот со зеленчук и млеко...прокрчка малку на рингла, додадов неколку лажици павлака и изрендан кашкавал, онда сето во земјена тава и на печење на најакото. Во миксот можете и месо. Јас месото посебно го пржев. И толкуз. Еми, да ви е слатко.
Оти не видов порано, ќе ве смачкав со ручекот денес... А само што ставив турли тава без месо, ама целата е распрталена како мачка да ја претала. Плус не е во земјено тавче... За готвење кога е, полна сум еготрипови Поарно да не учествувам.
Замрзнат микс од зеленчук,додадов и малку ориз,сол,црвен пипер и црн бибер.Го готвев во тафче во рерна,исто и филетите ги печев.Филетите се рибини.
Зеленчук со пилешко во слатко- кисел сос Spoiler: Рецепт Во сад се става 3 лажици брашно, 2 лажици нишесте, околу 2-3 лажици соја сос и вода за се тоа да се соедини. Две парчиња стек се сецкаат и се ставаат во претходно приготвената смеса. Убаво би било месото да отстои во маринадата барем еден час. Стекот се пржи во нелепливо тавче со голема количина на многу врел зејтин и се трга на страна. Доколку немате добро тавче најдобро е да ја избегнете маринадата и да го испржите стекот дирекно, затоа што лепи многу. Се сецкаат тиквичка и морков на лентички, пиперка и кромид на кругчиња, а брокулата се дели на мали цветчиња. Конкретно сега тоа имав ставено, а може да се додаде зелка, модар патлиџан, ананас... Се пржи зеленчукот на малку масло. Се додава пола чаша вода да изврие. Потоа се ставам 4-5 лажици кечап (не доматно салце), малку соја сос, еден прстофат сол и уште пола чаша вода. Се тоа се крчка додека водата не се редуцира, а потоа се става пржениот стек и се заедно се крчка околу 2-3 мин. Bon appetit
Анкетата е поставена. Еден фали, ја имаше сликата во ФИ Можете да гласате https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-4#post-4048975