тежок избор беше ова. посебно зашто се давам во зеленчук а замислете не ми текна да сликам. гласав за мисдиор иако за сите би гласала. слаба точка ми е модар.
Ооо фала ви дечки Втор пат учествувам и навистина не се надевав на победа Да почастам Инаку, мои предлог теми се: Летни освежителни десерти Интернационална кујнa ( кинески рецепти, индиски, медитерански и тн...) Ражњичи ( од месо, зеленчук, овошје...) Ви фаќа око некоја тема?
И јас сум за интернационални кујни, ама не ме слушајте мене, ретко учествувам Но секогаш гласам. Честитки @Avery и јас гласав за тебе
Јас сум за второто Кинеско, индиско сакам многу. Честитки @Avery и јас гласав за тебе, баш дека кинеско
Тогаш новата тема нека биде Интернационални јадења/ кујни (како звучи подобро) Може да се подготви некој интересен солен или благ рецепт од соседството, но и од некоја подалечна или егзотична земја
Цезар салата на мој начин . Ајсберг,шери шомати (портокалови,црвени и жолти),пилешко полнето со кашкавал и сирење од тие замрзнати со презла, што треба да се испржат или испечат,балсамико ,сол и масло.Прелив не ставив јас оти пилешкото кога го исеков се растече од кашкавалот и сирењето па како преливче да пушти.
Денешната вечера. Не знаев дека темава е интернационална храна, инаку полични слики ќе направев. Оваа за во обичниот инстаграм ја токмев А сега касно е, се изедовме Мелено месо пржено на масло со различни зачини. Зајре од пченка, црвени гравчиња, патлиџан, авокадо и јапанелос. Зајрето полиено со салса сос.
Роловано телешко Spoiler: Рецепт телешко месо 600гр Сенф Кромид Печурки Месото се дели на 4 кременадли и се отвараат со чеканче Се мачкаат со сенф,се става кромид и се прават ролни Се зачинува со сол и бибер Се динстаат на тивко и кога се при крај се додава малку масло за да се пржат кратко Во друго тавче се пржи кромид и печурки и се додаваат кај месото Во истото масло се става една лажица брашно да се пржи и околу пола литар вода И ова се додава кај месото,се зачинува со сол и бибер Ова на Германски начин заборавив да пишам Spoiler: Слики
Еве од мене еден специјалитет, Пилешко со сусам и азиски сос со кремаст ориз. Многу вкусно да си кажам. Состојки: -Пилешки стек(зависи за колку народ готвите) -Ориз 250гр. -Пченкарно брашно -Јајца -зеленчук по желба -мајонез -лук -ѓумбир во прав или свеж Сос: супени лажици од се` -5 л. соја сос -1 л. мед -1л оцет(правилно треба од ориз ама јас користев бел) -3л кечап -1л рамна кафеав шеќер -чили, сол, сусам(нема мерка) Пилешко: Се сецка на поголеми парчиња и се става во маслиново масло, лук и мајонез да се маринира околу еден час. Потоа се похова во јајца прво, па пченкарно брашно и се пржи во длабок врел зејтин(фритеза идеално). Се пржи во 3 етапи, прво само да се запржи коричката и малку месото и се вади на хартија да се впие мраснотијата, потоа се става пак да се пржи во нов зејтин оти оној се кашка и може да загорат, се ставаат пак и се пржат да дојдат зготвени при крај, пак се тргаат на хартија. Потоа се спрема сосот. Соја сос, мед, ѓумбир, чили, скроз малце сол оти соја сосот е зачинет, оцет, кечап и кафеав шеќер. Се става сусамот на сува тава малку да се запече да пушти вкус и се додава сетоа ова, да почне да крчка и ги ставаш парчињата стек да се допржат до крај додека да станат лепливи. Да се внимава многу со зачините во рецептов, односно со оние што солат оти самите сосеви се многу зачинети и еднаш јас утнав со тоа што ставав сол и на месото и на оризот, во сосот и беше лошо. Втор пат го погодив. Ориз: Се вари стандард како белиот за сутлијаш, ама со помалку вода за да се свари до степен да е леплив, се попарува со растопен путер со малку кари и во него се ставаат обарени зеленчуци по желба, јас ставив брокула. Се сервира со млад кромид или стебленца власец ако најдете овој период, јас не најдов. Уживајте!
Од мене еден индиски рецепт. Пилешко со гарам масала и кари Гарам масала е мешавина на зачини кои го даваат оној препознатлив шмек на индиските јадења. Може да го направите така што ќе измешате по една лажичка мелен бибер, коријандер, цимет и ким и по половина лажиче морско оревче, кардамом и каранфилче. Ориз: Во нелепливо тавче се става лажица-две путер да се растопи. Се додава една шолја ориз и се пропржува кратко, мешајќи цело време. Се налеваат 2 чаши врела вода и се крчка 1-2 мин. Се посолува и забиберува по вкус. Тавчето се трга од оган и се остава поклопено со капак половина час додека водата да се упие. Пилешко: Во нелепливо тавче се пржи една главица кромид и 2 чешниња лук и малку рендан свеж ѓумбир. Се додава 2 парчиња стек исечени на коцки. Се пропржува неколку минути додека стекот не зарумени малку. Се става 4-5 лажици кечап или доматно салце, се додава пола лажичка кари, пола лажичка од зачинот гарам масала и прстофат сол. Се крчка се ова на умерен оган околу 5 мин со повремено мешање. На крај се додава 3 лажици павлака или кисело млеко и добро се промешува. Се остава на тивко да крчка уште 1-2 мин. Се сервира на чинија заедно со оризот. Мерките се однесуваат за две порции. Пријатно јадење
Анкетата е поставена. https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-4#post-4060929