Фала ви Мило ми е што ви се допадна и кинескиот и индискиот рецепт. Јас уживам и да ги готвам, а и да ги јадам За оваа недела темата нека биде ЛЕТНИ ОСВЕЖИТЕЛНИ ДЕСЕРТИ На пример: овошен колач, домашен сладолед, овошна салата... се што ве заблажува, но и освежува
Ајде да ја започнам пак прва темава. Сутлијач,па џем од малини,па пак сутлијач,па сладолед од passion fruit и најзгоре лешник крем. Многу сакам да мешам вкусови и баш убаво ми излезе
Spoiler: Рецепт се меша нутела и млеко дури да се добие хомогена смеса Неколку бисквити се потопуваат во млеко и се ставаат како подлога Се сецка банана на подебели тркалца,се ставаат врз бисквитите и се преливаат со смесата од нутела Со ова оди една кугла сладолед од јагода и овошје Ииииии....многу е вкусно
Баш интересна идеја сваќе. Наредниот пат наместо да шлапам нутела директно од тегла врз банана или бисквита ќе си декорирам вака. Ем ќе се осеќам како госпоЖа, па и сладолед одозгора ммм, ммм
Љуби те сваќа Мешам со млеко дека само крем многу е благо,макар мене ми е многу така Се погосподивме туека
Spoiler Spoiler: Рецепт Колачов си го измислив јас. За пандишпанот се мешаат со миксер 6 белки со 6 лажици шеќер. Се додава 100г кокос, 6 лажици брашно и 1 пециво. Се тура во набрашнет плех и се пече на 200 с околу 20 мин. Проверете со чачкалица дали е испечен. Одозгора ставив хопла измиксана со 1 паковање крем сирење, екстракт од ванила и околу 6 лаж. шеќер во прав. Шлагот се става со шприц врз пандишпанот и се става во фрижидер. Кога ке се зацврсти декорирате како сакате.
Сорбе Ситни коцки лубеница,диња, праска и банана се замрзнуваат минимум 2 часа. Потоа се блендираат и се добива кремаво - кристализирано овошно освежително задоволство. Додадов јаготки, малини и аронија.
Овошна салата со шлаг пена.Не е некое ремек дело, но за прв пат да учествувам, а не само коментирам Гројзе,праска, кива,ананас, банана и шлаг пена.За декорацијата рибизла замрзната и една боровинка исто замрзната. Добар апетит
Овој пат не стигнав ни сопствената тема да си ја испоштувам , а баш имам еден фин рецепт со праски и крем сирење. Се мислев за кој да гласам, се двоумев меѓу @bebaa и @SofiMar_ ама Софи дефинитивно ме купи со декорацијата
Оддамна не сум ѕирнала на темава... Се сеќавате на моите коментари или ме заборавивте @Dust @CrazyOne не ја гледам @♡BuBaLe♡ во анкетата Браво за темата - Летни освежителни десерти Иии... браво за овие пет интересни рецепти @Mari* напиша многу е вкусно... Ти верувам, нутела со банана, сладолед и смрзнато овошје... мммм @bebaa многу интересна комбинација, сутлијашот во комбинација со џемот од малини и сладоледот сигурно е несекојдневен... Маа ова е цел оброк @♡BuBaLe♡ сорбе со еден куп смрзнато овошје... Ова сигурно многу освежува по врелиот ден @Ava.84 ммм, многу слатко овошје со шлаг... иди па одолеј Гласано за @SofiMar_ за новиот вид на слатко летно задоволство што изгледа прекрасно и дава можност секое парценце да има различна „фаца“