Пирошки од обланди. Потребни состојки: Обланди, намаз сир/зденка, урда (нешто по ваш избор што ќе ја омекне обландата) јас имам ставено урда. Премачканиот лист се остава 5-10 мин. премачкан за да омекне добро, вака нема да се крши при виткањето. Секој лист се сече уште еднаш по должина и се филуваат. Филот е по вкус, јас имам ставено шунка, кашкавал краставички, морков, мајонез и малку сенф. Ролатите од обланди се премотуваат во проѕирна фолија и се замрзнуваат. Се пржат кога не се целосно одмрзнати, односно се сечат полуодмрзнати на саканата должина. Се валат во јајце и презла и се пржат. Spoiler
Не сум пробала. Со влажни крпи имам правено благи обланди само, може и да бива не знам. Ама, филот се става само на почетокот па да не бидат некако празни. П.с се премачкуваат на поситната страна.
Јас со обланди ги правам така . Ги 'омекнувам' сосем малку со влажна крпа .Останатото се исто како монела. Вкусни се
Стандард пирошки Тесто: 500 гр брашно,200 мл млеко,50-70 мл масло,2 јајца,квасец и прстофат сол и шеќер. Фил: По желба. Моите се со салама,сирење,кечап и оригано. Во тенџере ставаме млекото да се замлачи па додаваме,квасецот и по малку шекер у брашно. Го оставаме да надојде. Откако ке стаса во брашното ставаме лажичка сол,2 јајца,и маслото и замесуваме со смесата до надојдениот квасец.Замесуваме не мн јако тесто и го оставаме да кисне. Кога ќе се удвои земаме малку од тестото правиме топче и го сучеме и ставаме од филот и затвораме,на краевите притискам со вилушка. Таман додека се направи последното првите ќе бидат веќе стасани. Почнуваме со пржење во поголема количина загреано масло. Наздравје.
Поради забуна беше постапено на начин на кој што беше постапено и се извинуваме поради тоа. Сликите треба да ги немате постирано во ФИ претходно, а откако ќе ги постирате тука, можете во ФИ. Не можеме да глумиме полицајци и да ги пребаруваме сите слики што ги имате постирано во ФИ, затоа оставаме на вашата совест...и по некоја пријава. Сепак тука сме за забава и дружба.
Знам Дасти и да не ме обележале немаше ни да приметам искрено, нити да коментирам нешто. Забава за забава но правила се правила
Анкета https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-4#post-4083667 Со среќа на сите. Сликата на @iloveyou29 е објавена во Фемина Инстаграм пред натпреварот и затоа не е дел од гласањето.
@iloveyou29 , следен пат ги правам по твој рецепт, си го зачував, ептен лесно ми се виде Само уште да те имаше во анкета или јас не гледам
Јас гласав утрово, и тоа прва зошто претходната анкета доцна се вклучив. Не сум љубител на пирошки, сите сте се потрудиле и одлични сте. но @tincemajmunce ме освои со естетиката повеќе.