Не сум многу по правење вакви прженици, ама Бога ми за јадење сум прва Тешка одлука за кој да се гласа, сите рецепти превкусно изгледаат
@Monella честитки Можеш да бираш тема Spoiler: .. заборавив дека е четврток, се мислев среда е..бруки
Фала на сите што гласавте за мене. Бидејќи во тек се Богородичните пости, како наредна тема може да биде -посни јадења -посни десерти Друго нешто што ми текна се фурнаринки (мислам дека не сме имале до сега). Чизкејк. Ако не ви се допаѓаат, предложете нешто и вие па заедно ќе одлучиме.
Енергетски бомбици 1 филџан урми(меки без семки) 1 филџан бадеми 1 лажиче цимет Сите состојки се ставаат во секцко и се соединуваат. Се прават топчиња со месење
Дигестивни бомбици Нека не ве залажува името, освен што се добри за дигестијата, овие залачиња се вистински енергетски бомби и одлична посна посластица Јас ги јадам наутро а со некои измени на рецептот може да добиете здрав, посен, вегански енергетски десерт. Повелете 100 гр суви сливи се накиснуваат во млака вода 30 мин заедно со 1 лажиче ленено семе и 1 лажица чиа семе Се цеди вишокот вода и се ставаат во блендер. Се додава 100 гр бадеми 100 гр лешници 1 лажица мед 1 лажица кокосово масло 50 мл врело еспресо 50 гр кокосово брашно 1 лажиче цимет Се блендира убаво па од смесата со влажни раце се прават топчиња и се валкаат по желба во кокос/чиа/какао/овесни снегулки... * по овој рецепт се препорачуваат две на ден, најдобро наутро
Ванилици. 1 маргарин се мати,па се додаваат 3 мали финџали масло,5лажици кисела вода и 6 лажици шеќер во прав па се додава брашно по потреба не повеќе од 750 гр. Се замесува меко тесто и се сучи кора и се ваѓаат калапи. Се пече се ваѓаат и уште топли се валаат во шеќер во прав. Мене пола ми се само со шеќер аа другата половина лепени по 2 со мармалад од кајсии. Spoiler: Бонус слика
ммммм... одма го замислив вкусот и како се ронат и топат во уста...ме врати во детството и кујната на баба...
Бубале праќам по карго за тебе.Сум направила за цела војска има А за меки стварно многу се меки се топат во уста.
Аииии сум победила. Ви благодарам мн мн,за сите има по неколку колачиња ќе ви пратам. Учествувам ама не сум победила до сега,па некако неспремна ме фативте Дајте идеи што да готвиме неделава. Ориз Месо Супа Месено ???? Предложете нешто ако има некој идеа.