Мене на @MissDior супата највеќе ми привлече внимание. Ќе гласам за неа, а и супата ќе ја направам денес, или утре.
Ќе има. Сега ќе ги ставам сликите Многу слаб нет имав, не ми ги вчитуваше https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-4#post-4108056 Анкетата е поставена.
Јас се двоумев меѓу мис и орхидеа Гласот отиде кај орхидеа дека сакам зеленчукова супа,требаше да имаме можност за две да гласаме
Честитки @MissDior Палентата често е застапена на нашето мени, децата ја обожаваат. Утрински во комбинација со овошје, за вечера со сиренце и кисело млеко или јогурт. Или за закуска, како денес 'колачиња' од палента Spoiler Наместо купечки смоки, правиме домашна, здрава верзија на печена палента. Рецепт : 1 шоља палента 3 шољи вода половина лажиче зачин К+ лажица путер Варам класично со мешање додека зоврие и на крајот додавам лажица пармезан. Додека е жешко претурив во силиконски калапи за колачи и откако се изладија ги печев 15тина минути. Добивам ситни, крцкави залачиња од палента кои во комбинација со јогурт и крем сир се супер здрава ужина за децата, а и за мене
Здравооо... наминав само да искоментирам за супите. Мооорам Во темава, на една страничка се собрале најдобрите и највкусните рецепти за домашни супи Браво девојки сте ги надминале и најголемите готвачи!!! Повешти сте и од оние на 24Kitchen
Палента на мој начин . Варам палента во вода со коцка супа.Потоа на намрсено тавче ја истурам и одозгора ставам кромид,сиренце и оригано,па кратко го потпекувам.