Класично сварена палента,па во огноотпорен сад прелиена со доматен сос,моцарела и сув босилек. Се пече 15тина мин,да се стопи убаво моцарелата.Многу е вкусно
Тешко беше да се одлучам со оглед на тоа дека воопшто не ја сакам палентата затоа и не учествував @bebaa кај тебе замина гласот
Не ја обожавам мн аромата на палентата и затоа ставам зачини .Овака варена во коцка супа пилешка,скроз е изгубена таа арома.Пробај ке видиш Јас за @dunika ради моцарелата.
Пффф у мене ли сумљаш Само немој со кечап,доматен сок од тетрапак(Томатело) или домашен ако имаш уште поубаво.И моцарела не мораш,кравји кашкавал изрендај
еЛе правиХ доматно пире неќни. И козји кашкавал ќе изрендам,уствари нешто измеѓу е тоа меѓу кашкавал и сирење .
Смислив Брз/едноставен десерт. Сметам дека има голем избор,почнувајќи од палачинки,мафини,куглоф,десерти во чаша,вафли,пудинг/мус... Се надевам на повеќе рецепти,затоа и одбрав ваква тема
Не е којзнае каков десерт ама јас го обожавам Турте (обичај е да се прави за првото запче на бебето, ама јас редовно си го правам ) 3 јајца 1.5 шолја шеќер 1 шолја масло 1 шолја јогурт 1 пециво 2 ванила 1 сода 1 кг брашно Кора од лимон Се мешат состојките и се меси тесто. Месеното тесто се става цело во тава или се засукува, се прават форми и формите во тава Се пече 10 минути на 180 степени Се декорира по желба.
Брзи и лесни мафини, но многу вкусни. Spoiler Состојки 250гр. шеќер 250гр. брашно 130гр. путер од кикирики 180мл. млеко 1/2 пециво 1 јајце 1 ванила Во сад за матење изматете ги со жица јајцето и шеќерот. Додајте го путерот од кикирики и ванилата и убаво измешајте. Додајте го млекото и на крај постепено со мешање додајте го брашното измешано со пецивото. Се пече на 180 степени, 20 минути.
За мене брз и едноставен десерт е сутлијашот.Освен возрасните,и децата го обожаваат. Но јас не сум јас ако не направам некои мали измени во секој рецепт,да ставам мој печат. Во овој случај додадов слатка павлака со млекото. Рецепт 1 чаша ориз се вари со 3 чаши вода.Кога ќе испари водата целосно се додаваат 1,5 чаша млеко и 1,5 чаша слатка павлака. Се вари додека не згусне па се додаваат 7 лажици шеќер.Се посипува со цимет,какао или рогач по вкус. Повкусно и поедноставно нема.
Сутлијаш. Брзо, лесно а вкусно. Две раце ориз се варат со вода, кога ќе набабри оризот ја турам водата и додавам млеко и постојано мешам. Ставив и еден ванилен шеќер и 3-4 големи лажици шеќер. Посипано со цимет.
За мене брз и едноставен, прв пат го правев, ми се допадна. Брзи гонзалес Рецептот како што гледате го најдов на нет. А еве како излезе. На здравје
Две белки матени со десет лажици шекер како шлаг,потоа се додава пола пакетче рум шекер,едно лажиче пециво,двете жолчки,околу 100грама маргарин,и се мати се заедно.Се додава две лажици полни павлака,е три големи лажици какао,150гр брашно.Се мати се заедно и се става на намрсено навче да се пече на загреана релна на 180степени околу 20тина мин.Се сечат на коцки и се макаат во кафе па во кокос.Може и во млеко со рум па во кокос или ораси. Ова јас си го модифицирав рецептот за браунис дека немав чоколадо да ставам .
Се сеќавате на колачите емби? Ми се чини порано на секоја длава роденден матура веридба ги имаше на масите.. Јас израснав со нив.. Превкусен брз десерт 250 гр путер 7 лаж мед 1 црно чоколадо(јас ставив едно ипол) 100 гр сусам 350 гр житарки Се тоа де става на оган да се стопи и ма крај се ставаат житарките па се формираат форми со цедалка за лимон. Вкусно и брзо. Ама стварно вкусно.
Ако може по конкретно да давате објаснување на рецептите. На пример на колку степени се пече, колку време, како доаѓате до крем структурата од супата од тиквички на пример и така натаму. Ова добронамерен совет, затоа што секоја најмала работа и детал е битна во готвењето за да се дојде до вистинскиот резултат