Само јас ли не ги сакав овие шишаркиве .На матурски порано обв ги имаше и нив,ама јас вешто ги заобиколував и си јадев од бомбиците,бајадерите и "саламите" .А инаку супер изгледаат
@LiliBoz немам пробано со путер од кикирики со чоколадо, но зошто да не би можело. Можеби по вкусни ќе бидат. Кога првпат ги правев ставив толку шеќер како што пишуваше во рецептот, но многу благи ми беа па кога нареден пат ги правев ставив помалку шеќер и таман ми беа.
и мене ми се виде многу шеќер ама па маш сака што е можно поблаго ај баш ќе ги направам со ваков па ќе ти кажам што испаднало.
Аиии одамна се спремам да ги правам, имам и мастраф купено ама немам време. Баш ме потсети да ги направам во скоро
Уште една класика од детството,не верувам дека има човек што не ги обожавал Кокос коцки За пандишпанот се мешаат 6 јајца,100 мл млеко,300гр брашно,150 гр шеќер,6 лажици масло, и едно пециво.Се меша дур не се добие хомогена смеса,па се истура во тавче на хартија за печење.Иде во рагреана рерна,25-30 мин,на 180ц. Дур се лади веќе испечениот пандишпан,се подготвува глазурата од 200 мл млеко,100 гр чоколадо,100гр шеќер,50 путер/маргарин.Колачот се сече на коцки и се валкаат во глазурата,па во кокос Јас скратив шеќер,неќам многу благо,слободно може да зголемите доза по вкус
Браво дуниче за рецептот. Баш сега се сетив на вкусот на колачиве од порано. Утре ќе ги правам обавезно
Американски палачинки 200гр брашно(јас со интегрално правев) 1лаж шеќер Прстофат сол 2јајца 1лаж пециво 3 лаж путер растопен Пола лаж ванила 200 мл млеко (Само сервирав, некој јаде солени,некој благи).
Тоа е таа рецепта шо ја барав извесно време. Мајка ми стално ги правеше, ама и исчезнала старата тетратка Tnx @dunika
Јас само што ги направив. Пандишпанот ми беше оладен и малку тврд дека бебе успивав затоа ама глазурата ја направив на начин што се ставив внатре на еднаш и стопив и така во млака глазура ги топев и омекнаа ептен добро кората беше така така не дека беше нешто не знам колку тврда. Супер излегоа.
Да @eli25 извини,требаше да прецизирам Почекај да подолади па валкај ги. Јас ги топев во млака глазура и брзав плашејќи се да не ми се мокри или меки многу ама ми останаа суви во средина.Пре би да се мекани и сочни,така да следен пат би ги топела повеќе.
Гласано за Дуника. Ги имам јадено и ги обожавам. Само немав рецепт. Е деновиве сигурно ќе ги направам