Фала Дасти Јадења со млечни производи нека биде. Мислам на солени оброци,да смениме малку Значи се што ке ви падне на памет,од пити со сирење,мезиња,салати,сендвичи... Ако има некој/а предлог за друго,слободно може да смениме,мене ова прво ми падна на памет
Недела е, уште нема ништо постирано. Ај да сефтосам со еден солен (шарен) куглов со кашкавал и спанаќ 4јајца 1шолја брашно 1шолја јогурт 1шолја зејтин 200гр. кашкавал (може урда, сирење) 1/2кг. спанаќ претходно малку обарен и зачинет со сол. 1 пециво и сол по вкус. Убав е на изглед а и вкусен, кашкавалот се тегне
Аууу неделва епик фејл со рецепти. Или зимница се прави,или се користи сонцето до крај. @Dust ако остане вака,дај и дополнителна(казнена) сесија Еве од мене една салата од див ориз(сварен) домат,пиперка,авокадо и камемберт сирење
Ако не дајте и понеделник да се постира, јас многупати имам правено според темата, но не успевам да сликнам, или не успевам да напишам... Сега баш имам еден убав а едноставен рецепт...
Фокача со моцарела и зеленчук Тесто Се раствара сув квасец 7 гр во 1 ипол шолја млака вода. Се додава 1 лажица маслиново масло, 1 лажиче сол, 1 лажиче мед. Се меша и се додаваат 3 и 3-4 шолји брашно ( јас користев пола- пола бело и интегрално)се замесуваи се покрива со крпа да стои мин 30 минути ( јас го оставив 2 часа) Се растегнува во намастена плитка правоаголна тава наросена со палента. Се премачкува со маслиново масло и се реди моцарелата (две пакувања) и сецканите тиквици, кромид, патлиџанчиња, пченка, се ставаат зачини и сол. Се пече 15 минути на 200 степени.
Фала за гласовите. Свртивме многу рецепти, не се сеќавам да сме имале погача. Еве денес е празник може некој веќе има направено за здравје. Без разлика дали ќе биде мрсна, посна, блага или солена... Ако имате други идеи, може да ги разгледаме заедно
Прелиена погача. 1 кг брашно 1 коцка квасец 2 јајца 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер 200 мл млака вода 100- 150 гр путер И околу 200 мл топло млеко по потреба се додава уште млеко. За прелив 2 јајца 300 мл јогурт Сусам Замесувам тесто и го оставам да нарасни дупло. Го делам на два еднакви делови и сучам кора, ја преливам со растопен путер, ја сечам на ленти и ги виткам. Редам во тепсија и оставам уште 30 мин да нарасни. Матам јајцата со јогурт и ја преливам. Печам додека фати убава боја од горе потоа ја покривам со фолија бидејќи преливот брзо гори. Се допечува со фолијата од горе.
Блага погача. 3 јајца 150 мл. млеко 250гр.јогурт 5-6 лажички шеќер 3 лажици зејтин 1 лажичка сол 1 лажичка оцет 1 квасец Брашно колку да се замеси средно тесто. Се остава да нарасне тестото, потоа се формира погачата, каква идеја ќе ти дојде во моментот, таква. Јас најчесто сукам кора, внатре ставам суво грозје и ситно насецкани желе бомбони, мотам ролат и сечам кругчиња па ги ставам налегнати во тавчето. Одозгора премачкувам со жолчка, наросувам сусам. Оставам да нарасне уште некои 30мин. и печам на 180° додека порумени ( околу 30-40 мин.)
Солена срце погача Рецепт 1 кило брашно 1 квасец 1/2 литар млеко 250 мл масло лажица шеќер лажичка сол 2 јајца ( од кои една белка оставаме за премачкување ) за наросување по желба ( јас користев афион ) Се замесува тестото, се остава да нарасне 40тина минути, се сечат ленти и се виткаат полмавчиња и се редат во тавче ( јас со помош на фолија направив форма срце ) и се оставаат пола саат да нараснат, се премачкуваат со белка и се наросува афион. Се печи 40тина мин. на 180 степени.
Може... меѓувремено ги апдејтирав и сега ги има сите теми на прва страна и во темата со гласање ги има сите теми како што се по ред на секоја страна Честитки за победата и извини што каснам ... работа работа и пак работа