Околу 35-40 мислам врв на неажурноста во модераторскиот тим сме...знам Секогаш викаме ај денес ај утре ќе ги додадеме, ама што побрзо кога ќе седнам на лаптоп Од телефон нема логика ни да почнам...
Колач со јаболка и ореви. Рецепт: 5 јајца се матат со 2 чаши шеќер ( чаша од 200 мл) 2 ванили па се додава 1 чаша јогурт, 1 чаша масло, 2 ипол чаши брашно, 1 пециво, 2 рендани јаболки, 1 лажичка цимет, една рака суво грозје, 1 рака кршени ореви и 2 големи лажици мед. Се пече во намрсен плех (тепсија) во загреана релна. Од горе се посипува со шеќер во прав. За поуспешен рецепт може во јогуртот да се додаде пола лажиче сода и пецивото и да одстои неколку минути така па потоа да се додаде во другите состојки. (Јас намалив на шеќер, ставив чаша ипол ама пак ми беше благ, нареден пат ќе ставам 1 чаша. Тоа е по вкус кој колку си јаде благо) Со кафе најмногу оди. Ја утнав ли темава што нема рецепти
@sanjaeva ја повикувам тука да дојде, од тоа свинското со праз, мислам нејзино беше...нек замириса малку, Добра тема Инспиративна
Одма имам рецеКт Се запржува главица крмид,да застакли,па се става 600 гр свинска кртина на коцки да се испржи убаво со две-три црвени пиперки и морков.При крај изрендав два домати,плус неколку лажици доматен сос.Зачини по вкус,јас ставив босилек,оригано,малку чили,сол и бибер се подразбира,и налеав пола литар бујон(1коцка за супа).Додадов неколку компири исечени на коцки и оставив 15тина мин на да крчка.После тоа,иде во рерна на 200ц во земјен/огноотпорен сад,пола саат под фолија,и уште толку без,да зарумени.
Се става карфиолот да обари. Исто така на страна се пропржува меленото месо со кромид. Откако ќе се обари карфиолот се става во тавче и се полни со меленото месо. Се става зачини по избор, кари, чили, оригано и сл. Остатокот од месото се става околу карфиолот. Се става во релна да се печи на 180 степени. Кога ќе е готово се вади карфиолот, се ренда кашкавал и се врaќа во релна уште 5-10 минути да се стопи кашкавалот.
Манџа со зелка и свинско потребно: 1 зелка сецкана на ситно и посолена 500 гр. свинско на коцки ( маринирано во сенф, сол, вегета, босилек... 2-3 моркови сецкани на кругови Во тенџере ставаме малку масло и редиме половина зелка, па месо, моркови и завршуваме со зелка. Налеваме вода но не повеќе од висина на мастрафот и ставаме на среден оган да се крчка околу 3 часа. При крајот додаваме една коцка за супа.
1 кг месо со сало низ него (помрсно) Од вечерта го маринирам со многу барбеќу сос, сенф и зачини и 200 мл бело вино, покриено со фолија во фрижидер да стои една ноќ. Другиот ден го печев на 180 степени 3 часа, го превртував на секои 40 мин и го премачкував со барбеќу сос. Ставив компири моркови и кромид и печев уште 40 мин со фолија потоа без фолија да порумени. Од прилика 4 сати се печеше и беше многу меко и сочно и мрсничко де Инаку не е изгорено така изгледа од сосот.
Пак јас Немало тема за рецепти со суво грозје па нека биде така. Малку есенски, некој колач со цимет, јаболка, суво грозје, ореви...... Веќе мислам да правам
Милиброд со суво грозје - 70 гр. путер -100 мл млеко -160гр шеќер -3 јајца плус 1 за премачкување -1 мала лажичка махлеп - пола лажичка мастика во прав (зачин е , за подетално прашајте ме) - 100мл млака вода -40 гр свеж квасец - околу 1 кг брашно - за украс ливчиња од бадеми , ако немате може да ставите сусам - суво грозје Во едно тенџере се загрева млекото се додава путерот , шеќерот и зачините , млекото не треба да врие (температурата да биде од прилика 50 степени) и се меша се додека не се стопи путерот. Кога ќе се стопи путерот се додаваат јајцата. Во друг сад се става млаката вода , квасецот плус една лажица шеќер , стасува квасецот па се додава во смесата со путерот и јајцата. Се додава брашното , па сувото грозје и се замесува тесто . Тестото стасува 1 час , се премесува , пак го оставаме да стасува , и постапката се повторува уште трипати значи тестото се остава да стаса 3 часа вкупно. Потоа тестото се прави во вид на плетенка (по избор) и се става на плех за печење па се остава милибродот да стаса уште 1 час. Се премачкува со јајцето и се додава сусамот или ливчињата бадеми. Се пече на 170 степени околу 45 минути. Се поросува со прав шеќер или може и мармалад да си намачкате Јас се зезнав , мислев да не е многу сувото грозје во тестото , па ставив малку и потоа кога нарасна тестото при печењето сувото грозје се ``изгуби `` внатре и за жал не се познава многу дека има с.грозје
Без декорации 4 јајца се матат со 1 чаша кафеав шеќер ( поради синко и тој си касна инаку треба 2 чаши) се додава 1 чаша млеко, пола чаша зејтин (треба една), 2 ипол чаши брашно, 1 пециво, 200 гр суво грозје, 1 лажичка цимет, 5 големи лажици мед (треба 2), 2 сецкани јаболки и 100 гр ореви. Печев на хартија премачкана со масло.
https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-4 Анкета. Се извинуваме за доцнењето