Ајде да скршнам мраз на омилената тема- салата Салата со ракчиња Се сецка на тенко зелена салата, морков се ренда на ленти, се сецка тенко црвена и зелена пиперка, кромид. Се обарувааат 5 минути ракчиња замрзнати па на маслиново се пропржуваат 2-3 минути со лукче. Се меша се заедно и се зачинува со маслиново, сусам и лимон. Кога имам додавам и ситно сецкани маслинки и пченка.
Да ја живнеме темава . Салата со марула , корнишони свежи ,Шери домати , кашкавал на коцки и пршута свинска . Преливот е направен од мајонез ,сенф , малку мед , балзамико и маслинов
Колку да учествувам. Марула, млад кромид, домат, авокадо и сирење, маслиново масло, малку јаболков оцет и сирење.
Оти колку да учествуваш,авокадо,кромид,сирење и марула ми се омилена комбинација,после варен компир,авокадо,и сирење,со маслиново се разбира во двете.
Нормално. Кога анкета се става наутро! ____________________________ Анкета. Повелете гласајте.. https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-4#post-4185217
Печен зеленчук со јајце Цел зеленчук се сецка зачинува и се пече 30-45 минути на 160 степени. Единствено брокулата (претходно обарена) се додава последните 5-10 минути. Јајцата ги печам во тефлонски калапи за мафини, 5-8 минути на крај . Во калапот ставам тенко лепче путер и јајцето како на око го потурам со една лажица млеко и сол и бибер. Едит: сосот е павлака, сенф, кари и бибер
Печени макарони со домати, лук и сирење *За луѓето како мене, ко екстра идат кромид и пиперка* Сварени макароните се цедат. Во исто тенџере се запржува кромид и сецкани на крупно две-три мали пиперки. Кој не сака кромид и пиперка нека прескокне. Три-четири средни накај мали домати -исецкани на крупно- се додаваат и се пропржуваат скроз малку. Се зачинува со малку сол, црн бибер, оригано. Се ставаат исплакнатите макарони се меша колку да се соедини смесата и онда пола идат у земјена тава, се ренда сирење, врз неа другата пола и врз неа се ренда сирење. У рерна на најјакото се запекува и толку. Spoiler
Колку убава фотографија Би го направила на истиот начин ,само лукот ќе го прескокнам Ма да не прочитав дека и ти имаш ставено лук . Освен насловот
Требаше да биде веге паеља, ама на крај испадна паеља со ќофтенца. Рецепт: 1 филџан долгнавест ориз 3-4 чешниња лук 2 средни главици кромид 2-3 лажици доматно пире 1 лаж. црвен пипер 2-3 лажици црвен грав мелено месо (немам мерка, од око колку за десетина топчиња) неколку парчиња кашкавал зачини по избор (јас употребив сол бибер, свеж магдонос) На страна, на малку масло се пропржуваат лукот и кромидот ситно исецкани, додека не омекнaт. Потоа се додаваат доматно пире, црвен грав и лажица црвен пипер, се меша убаво сето тоа заедно. Се додава оризот, се соединува смесата и се префрла во тавче за печење. Се налеваат три филџани вода. Обликуваните meatballs се валкаат во презла и се редат одозгора во тавчето. Се пече на 250°C околу 40 минути (слаба ми е рерната, па температурата може да варира). *Десетина минути пред крај додадов кашкавал, магдонос, сол и црн пипер. Толку.
Сaрма со мелено месо и праз. Се пропржуваат 2 страка исецкан праз на малку масло. Се додава 500г мелено месо. Се пржи и се додава оризот. Се ставаат зачини (вегета, црвен и црн бибер, ким). Се формираат сарми со кисела зелка и се редат во тавче. Се покриваат со листови зелка и се додава расолницата од зелката и вода да се покрие цела сарма. Се вари на тивко 2 часа. Се вадат листовите зелка со кои ја покривме сармата и се става да се пече на 200с околу 20 мин. Се потура со околу 40мл врело масло со 2 лаж. црвен бибер и се враќа во рерна уште малце да се потпече.