Манџа со кисела зелка и леќа. Едно од омилените јадења. Се запржува на малку маслиново масло 1 главица кромид и моркови , се додава исецканата кисела зелка и се пропржува. Се става пола филџан измиена леќа. Се додава вода, јас сакам потечна да биде па ставам скоро полно тенџере. Се ставаат зачини по желба (сол, црн и црвен пипер, сув босилек) и се вари.
Салата од зелка Посебен рецепт нема. Во мојатс има: марула, црвена зелка, ротквица, морков,брокула,краставица и малку авокадо. Зачинето со маслиново и лимон.
Зелка манџа со месо. Spoiler: Рецепт Се сецка една глава кромид или праз, еден морков и месото исто на ситни коцки се сецка и се става на оган со еден филџан вида. Кога водата ќе испари се попржува месото и се става насецканата зелка (во мојот случај свежа) а може и кисела, се пржи малку и зелката, се зачинува по вкус и се додава вода да се вари. При крај се вади малку од водата и во неа се додава една лажица брашно и една црвен пипер и се враќа назад во тенџерето (за да не правам запршка) се остава да врие уште 10-15 мин. и манџата е готова.
Се запрзува еден страк праз заедно со исецканата зелка па се додава ориз,домат од конзерва и се става топла вода да крчка, На крај иде свинското месо и се потпекува во релна
Секогаш ги гледам и гласам, ама сефте влегувам во конкуренција. Кинеска салата Се дозира по вкус. Свежа зелка, тенки кругови кромид, маслиново, оцет, сол. Одозгоре кикирики, јас ставив две раце, и на крај чипс од компир, дома пржен или може и купечки. Уште една, од поблиску
За @Vanj4e, поради месото, јас варена / печена зелка не консумирам, туку само месото си го кркам, ми има посебен вкус вака зготвено со зелка.
Благодарам Искрено и не знам што би избрала за следна тема но гледам печена тиква на маса и мислам дека токму тиквата е добар избор за готвење Рецепти со/од тиква ?
Ај да видиме кои се тикварки сега Јас сум, за другите -незнам Сега баш разгледував, има доста убави и креативни работи со тиква правени
Еве сум да се јавам на прозивката на @mal.ecka Ке ставам сликата и линкот од рецептот. Напоменувам дека ќерка ми го правеше воглавном.Инаку немам натпреварувачку дух Рецепт: https://l.facebook.com/l.php?u=http...ONJJ-g0Khihh8Hp8l4X9XnBAfZs4B2hmakttZWDNwz0nF
Spoiler: Closeup Класична печена тиква. Само ја сечам на тркалца и ја печам во стаклрн сад со малце вода, 20тина мин. под фолија, после откриена дури да добие боја.
Слатка пита од тиква Јас сум убедливо најголема тикварка на форумов да си знаете Сега рецептот.... Се ренда цела помала тиква на крупната страна од рендето и се става во длабок сад.Кон неа се додаваат сите останати состојки: 2 јајца,1 чаша млеко,пола чаша масло,300 грама шеќер и малку цимет,100 грама брашно,1 пециво и пола чаша гриз.Се пече 40 минути на 200 степени. *Овој колач се јаде потполно оладен,најубаво наредниот ден,бидејќи треба да се стегне за да не стане каша топло ако се сече. Bon appetit
Тикварник. Рецептот е од тука. Украсено со гејлзинг од шеќер во прав и лимон, пропрскано со мелен цимет и стапче цимет за украс.
Тиква десерт Една мала тиква се сече на половина и се чистат семките. Внаттешноста на тиквата се полни со урми, суво грозје и суви сливи а врз нив се става една лажица мед. Се пече во тава со малку вода, прво под фолија, а потоа се трга за да заруменат ивиците. ПС Не можам да кажам ништо за вкусот, јас тиква не јадам, ја спремам за сопругот, по негово кажување супер вкусна и блага е