Колач со тиква и чоколадо Подготовка Се матат 2 јајца, 1/2 чаша масло и 1 и 1/2 чаша шеќер, па се додава 1 чаша пире од тиква. Потоа се додаваат 1 и 3/4 чаша брашно, 1 пециво, 1 лаж.сода бикарбона. 1 ванила, 1лаж.цимет. Смесата се истура во намастен, долгнавест калап или куглоф и одозгора се посипува 150-200 гр.растопена чоколада. Убаво се меша со стапче за скара или чепкалка колку само да се направи мермерен ефект. Се пече 1ч на 175Ц, со тоа што по 35-40 мин се покрива со фолија за да не изгори одозгора. Се остава убаво да се олади и се служи посипано со шеќер во прав.
Јас гласав за @S.J.Parker ако не беше очигледно. Ама то морам да го пробам некој ден. Сите најубај работи во едно место *емоџи шо се лигај*
Најпрво фала за гласовите и од мене и од ќерка. Цел ден се думам што тема да ставам. Ајде предлог нека е баклава ...
Посна баклава со тиква Потребни состојки: Фил Половина килограм кори 1кг рендана тиква 300гр зејтин 200гр сецкани ореви 100гр презла Шербет 600гр шеќер 700мл вода 1 ванила 1 лажица сок од лимон Постапка Ренданата тиква се пропржува со 200гр зејтин и се тргна настрана. Се додаваат оресите и откако се олади се додава и презлата и се разбркува да се соедини. Првата кора се премачкува со зејтин и врз неа се става втората, се премачкува со филот и се става и третата. Се мота во ролат и се префрла во подмачкан плех и се сече до посакуваната должина да се добијат рамномерни парчиња. Постапката се повторува и со останатите и се пече на 200 степени околу 40-45мин. Шербетот се вари 20мин и се прелива испечената баклава.
https://moirecepti.mk/post/ребреста-чоко-лешник-баклава Јас само наместо презла, ставив кокос... Перверзии е вкусот
Јас имам молба до членките да си ги пишат рецептите, да биде се на едно место, а не да ставаат линкови!