ааа, ама вака неферски, само со две учеснички Ајде една нова тема во која ќе се вклучите сите. Што велите за посен оброк, со оглед дека се божиќните пости?
Зеленчукова пица со туна!!! 300гр.брашно 1л сол 1л шеќер 1/2 квасец 7л масло Се замесува меко тесто,и се развлекува во плех. Се премачкува со кечап и се става туната,печурки,маслинки,листови кромид,пиперка,домат и златна мешавина.Се посолува и се става оригано и сусам. Се печи на 250 степени 7 до 8 минути. Пријатен вкус!!! Имам уште многу други рецепти до ова ми е најново
Посна и здрава торта за 5 мин. 1 чаша јаболка изрендани 1 чаша моркови изрендани 1 чаша ореви и бадеми мелени 2 ипол чаши брашно Пола чаша масло Пола чаша шеќер 1 лажичка цимет 2 лажички сок од лимон 1 лажичка сода бикарбона 2 ванилин шеќер Се тоа се меша и се пече на 180 40 мин. Многу е слатка. Може како прелив да се стави прав шеќер чоколадо мармалад..
Сарма со праз, печурки и мелени ореви 1 сторена зелка 200-300гр. ориз Страк праз 200гр. шампињони 150гр. мелени ореви Зачини (ставам мешан сув зачин, пипер, нане, црн бибер, оригано) Се пропржува прво на малку масло празот ситно сецкан (само белиот дел) , потоа се додаваат печурките и оризот, на крај зачините и оревите. Се пржат сите состојки заедно и потоа се виткаат самите. Ги редиме во тавче, додаваме вода, малку масло и ловоров лист одозгора. Ги печиме на 220 степени околу еден час.
Јас предлагам да биде нешто во склоп со празнициве и да има поширок спектар за готвење. Па @sia.bella нека пресече што сака
Новогодишна трпеза ќе биде тема за наредната недела, сега гледав наназад низ темите сме немале досега рецепти со обланда или куглоф, @vitamina што велиш?
Како сакаш така нека биде Или палачинки ако може Всушност барам тема што ќе има интерес ионака ни замре катчево
Следна тема палачинки.. За оваа немаше интерес. Претходниот избор обланди беше на Сиа, палачинки на витамина..па да видиме. Имате цела недела за рецепти
Овде влегват сите видој на палачинки? Зборам за германска или јапонска верзија зошто ми се лично омилени. Баш думав утре за појадок Јапонски така да ќе ставам сабајле слика.
Секакви Еве ги моите едноставни ама правени со љубов за мажето 1 јајце 70 гр шеќер 200 мл млеко 150 гр брашно 1 пак. ванилин шеќер 1 лажиче пециво Мешаш се, по неколку секунди од секоја страна во тавче и кркаш по желба Овие се само со нутела и М&М
Јапонски палачинки Состојки: 2 жолчки од јајца 1/4 шолја шеќер (јас искористив кафеав) 1/2 шолја млеко (јас искористив кокосово) 3/4 брашно 4 белки од јајца Подготовка: Во еден сат се бие јајцето со шеќерот, млекото и брашното. Во друг сад се матат белките дур се направат пенасти. Биените белки се додаваат во другата мешавина. Се меша дур се соединат добро. Во нелепливо тавче се ставаат калапчиња, кружни, на многу тивко пуштено да е. Се тура смесата и се покриваат калапчињата со капак. Па се вртат калапчињата со смесата за да се напрај другата страна и се вадат во чинија. Мене ми излегват од оваа смеса 4 палачинки напраени на овај начин. Можи да се прат и растурени, подеднакво се вкусни. И се многу меки. Декорација: Најчесто клавам или јаворов сируп или како денес - мед и додавам овошје шо имам, или денес портокал, малина, аронија и додадов бадеми. Морам да речам дека задолжителен е путерот од горе. Никогаш не го изоставувам, посебен шмек му дава. Си го мачкам на секоја палачинка засебно и така јадам.
Американски палачинки Spoiler Состојки: 1 јајце 70гр шеќер 200мл млеко 150гр брашно 1лажица ванилен шеќер 1лажица пециво Се бие јајцето со маталка и му се додава шеќерот. Потоа му се додаваат останатите состојки и се пржат на загреано тавче. Едноставни се, но многу вкусни.