Класични „француски“ палачинки Spoiler: Рецепт На 1 јајце оди 100 мл вода и 100 мл млеко. Се става прстофат сол и се убаво се мати со жица. Потоа постепено се додава брашното (околу стотина грама) и се мати да нема грутчиња. Смесата треба да биде накај течна, за палачинките да бидат што потенки. Се остава малку да слегне. Тавчето убаво се загрева. Јас во тестото не ставам зејтин, но потоа пред секоја палачинка малку го мачкам тавчето со зејтин со силиконско четче. Се сипа со црпалка, се врти тавчето тестото убаво да се распредели и се пече од двете страни. Јас се одлучив за најкласичните палачинки. И бидејќи нивниот вкус е неутрален, може да се комбинираат и со благо и со солено. За мене „закон“ е палачинката да се јаде со мармалад од шипки, но овој пат се одлучив за солена варијанта, само со рендано сирење, како што ја јадат децата!
Класични палачинки Фамилијарно обожаваме палачинки. Омилениот појадок - со крем или џем, и неодолив брзински оброк - редени со рендано сирење и потпечени, мх мх... Рецептот е на татко ми и со години се трудев да ги погодам, зошто како и секој мајстор, рецептот му гласи - од око брашно, по потреба масло, по осет на густината млеко По мојот "осет" рецептот би бил од прилика: Во сад кршиме 3 јајца, додаваме околу 100 мл масло, малку шеќер и малучка сол и мешаме со рачна маталка. Мешајќи додаваме наизменично брашно па млеко додека ја добиеме добро познатата густина за палачинки. Во просек, на 3 јајца одат вкупно 250 гр брашно и 250 мл млеко. Се пржат на јако на нелепливо тавче по неколку секунди од двете страни.
Па нели сликавте? Сите ги гледам со по 200 слики на фб ми се одјаде на момент.. Немаше логика претходната тема да е новогодишна тепеза затоа што недела се паѓаше 30.12. Веројатно нема на 29 и 30ти да печете месо и да сервирате на 30ти. Ете нека биде бадникова трпеза. Па во недела излепете ги сликите тука
Јас мислам треба да бидат дозволени 3 гласа за оваа тема. Еве ја нашата трпеза : Spoiler: Уште една слика
Преубави трпези. Браво Честит Божиќ! Можете да гласате за двајца https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-5#post-4272649
гласано за Луничка и Мареане. Маса ко маса. Се е убаво и вкусно. Но најбитен детал ми е белиот чаршав. симбол на чисто. Ако гледав по храна и декорација ќе гласав за ВитаминА дефинитивно. Но моментот на традиција кој го има фатено Луничка и е клучен. Гледам членки без чаршав местеле. нормално. Тоа е нивна желба. Мене лично многу ми е штуро така. Топол празник е. Како што не иде без орев на маса така не ми иде и без чаршав ...