Три јајца, шоља млеко, малку масло,сол...пченкарно и обично брашно чаша две..издробено сирење и колбас, се меша, врз намастено и поросено со сусам тавче се шлапнува, пече и јаде со нешто течно. Ц
Авокадо тост Spoiler: Рецепт 2 лепчиња се потпекуваат и се мачкаат со путер. Се сецка пола авокадо и по пола ровко јајце. Се наросува со сол, бибер и во случајот ленено семе и буковец ( може по избор чиа семе, сусам, семки од тиква или сончоглед...)
Еве го мојот Моето утро започнува со оброк - што и да е - само овошје да е. Овој пат во мојата чинија : јаболко, портокал, киви, брусница, семки од сончоглед и тиква.
Од два здрави оброка страм ми е мојот да го ставам. Пица пола диетална ( како па да не) Тестото е лудо тесто 1кг брашно 500мл млеко 1 сув квасец 2 лаж шеќер 1нлаж сол 200 мл јогурт 1 пециво 2 јајца 2 лаж зејтин За големо тавче од рерната правам пола доза, а за ова малото , доволно за двајца, четвртина. Неколку пати го имам правено ама синоќа го оставив да преспие во фрижидер и до сега највкусно се погоди. Едната половина со пиперка, кашкавал, сирење и маслинки. Другата со кашкавал, кулен, чајна, пршута, печеница, маслинки и малку сирење. И кечат, оригано и сусам, разбира се. ( сега кога ги напишав сфатив колку салами сум наредила)
Шпагети сварени. Сосот се прави на начин што запржувам шпек, ставам доматен сос и зачини и вријам. Најубави се ми
Лангити не се мекици. Мекици се теганици Така е кај нас Лангитите се прават со друго тесто мекиците поубави се
Па мислам оти се во источен регион Баба ми за лангити ги вика оние потестени посплескани што се и ги прави од обично тесто т.е од секакво што ќе и остане А теганици односно мекици се по воздушести и си има рецепт точен. Така кај нас е