Ајде иди Богами поубави не ми испаднале, уште да знаев некој рецепт за крем, за да ги наполнам ќе беше топ, ама и со Нутела и лажиче ќе минат Имам јас за сваќа био гоџи и киви, она за сватот бара и снајка
Како немаш рецепт за крем?! Пудингот домашен на бебе што го правиш е рецепт и за крем. Додај малку ванила
Емке само што го замесив тестото од твојот рецепт ама многу лепливо ми беше додадов уште доста брашно, белки нема да ги утнам ептен.
700 брашно, 400 млеко. Ги правам со години, од Даничап е рецептов, секогаш биле ОК. Но секако кога размесувам брашно под, врз тестото ставам и минувам со сукало. Инаку јас не месам, Мулинексот таа работа
Шупливи крофни. 250 мл млеко 1 квасец 1 лажичка шеќер 1/4 лажичка сол 50 гр растопен путер 1 јајце Околу 600-700 гр брашно. Се става прво квасецот со шеќерот во млакото млеко да се активира. Па се ставаат прво течните состојки па сувите. Се кисне тестото 20 мин,па се става на набрашнета површина,се притиска со прсти па се суче кора и се ваѓаат форми и се киснат пак 20 мин.Се пржат на не многу јак огон. Spoiler: Бонус слика
Тема: Сарајлии/те на Мариз Еве и рецептот Spoiler: Сарајлии 2 јајца 2 лажици шеќер 4 лажички сол 4 лажички масло 400мл млеко 1 квасец 1 кг брашно 120 г путер/маргарин (околу половина од цела коцка) ½ ПОСТАПКА: Замесете тесто од млеко, јајца, сол, шеќер, квасец, масло и брашно. Оставете го тестото да одмори 10 минути додека да го приготвите плехот во кој ќе се пече (малку намастете го). Тестото поделете го на 25 топчиња (сарајлии). Секое топче засучете го со рака и завиткајте го како полжавче. Сарајлиите редете ги во плех. Во средината ставете по парченце сирење, спанаќ или нешто по ваша желба. Кога се готови, покријте ги и оставете ги да отстојат 1 час и 30 минути, но да не бидат во многу топла просторија. Загрејте ја рерната. Растопете половина путер со половина филџан масло и прелијте преку готовите сарајлии. Ставете ги да се печат, а кога ќе заруменат извадете ги.
Рецептов е за кифли, јас само ги свиткав како полжавчиња и им ставив фил блитва и сирење. 500гр топло млеко, 120мл масло, 1 јајце, 1 квасец, 1 пециво, 1мала лажичка шеќер, 2 мали лажички сол, околу 900гр брашно
Имам две идеи за теми: -Рецепти/специјалитети од остатоци (како стар леб, остаток од печено месо итн) -Спанаќ (блитва, зелје) бидејќи сега е актуелен Што мислите?