Баш вчера тоа правев. Месото од неќна што ми остана, што печев, му додадов домата, нане, зачини...и се доискористи. Убава тема, штета вчера што не сликнав.
Ајде нека биде тогаш остатоци. Интересна е како тема, а и прилично креативна Се надевам ќе има повеќе учесници од претходнава
Нема кај мене ни тоа, рециклираат мачките и кучињата Мене ми текнува само на пржени лепчиња и цезар салата со пилешко од вчера. Ако скрпам нешто, ќе постирам
Морав малку да го "нашминкам" насловот..само остатоци не ми делуваше убаво Јас би пишала leftovers recipes ама мора да е на македонски
Многу убави торти и ролати има што се прават од бајат леб, служат како пандишпан...има многу пити...преубави рецепти... Јасимам правено торта од леб, пудинг и јаболки...прекрасно е... Одамна немам правено. Супер тема, супер идеи..БРАВО!!!
Ми се допаѓа темата. Еве од мене, многу непедантно сервирано ама заврши работа. Вчера беше полнет мисиркин стек (со песто и кашкавал), денес е салата. Зелена салата, младо кромитче, авокадо, павлака. Рецепт мислам не мора, стекот е само филуван и печен прво во фолија, после отворен.
Вчерашниот ручек - денешен појадок. Ориз со зеленчук во тава, спржен со јајца. Ова е рецепт од мајката на маж ми, кај нив јадење не се фрлало никогаш и скоро се' пржеле со јајца, дури и грав. Јас на почетокот не сакав ни да пробам, ама откако пробав еднаш редовно си правам вака, не само со останата храна од претходниот ден, туку и со утнато, бесвкусно јадење. Ептен шмек му дава јајцето. Spoiler Еве го оризот пред трансформацијата
Пита од стар леб Ова често го правам, бидејќи често ни останува леб. Многу е вкусно Се матат 3/4 јајца, се додава јогурт/кисело млеко/ млеко (што имате дома) Потоа се додава сечкан стар леб (јас ставив околу половина векна) малку масло, сол по потреба. Откако ова ќе се измеша се додаваат остантите состојки по желба т.е што ви се наоѓа по дома. Јас ставив кисели краставички, сирење, малку кашквал, салама. Се става во тавче и се пече 20 / 30 минути.
Јас пошо немам многу време во последниве месеци, од мене еве нешто набрзина за доцен ручек или рана вечера, буквално за 5 минути .. со ова идеше и ајсберг салата со уште од пилешкото Ја имам ставено во ФИ. Кесадиља Ви требаат 2 тортиљи (по човек) Остатоци од некакво месо, кај мене пилешко Кашкавал по желба Во овие има и кромид..по желба Можете скоро се по желба да ставите, пиперчиња сецкани или нешто друго .. Ја ставате едната тортиља на тавче (за палачинки или некое нелепливо) ја загревате од едната страна, ја вртите од другата и ставате ред кашкавал ред месо и сите додатоци по желба и уште малку кашкавал .. ставате уште една тортиља одозгора и превртувате..внимателно да не ви излезат состојките. До сега веќе би требало кашкавалот да е растопен и состојките да се залепени за него...ама сепак внимателно Печете и од другата страна.. Вадите од тавче, сечете..јадете.. Во чинијата има и сос со павлака и ранч зачин.. *Ако немате тортиљи, направете ја со палачинки(и така ги имам правено во зорт).. ако имате остатоци од вчера *
Обични печени лепчиња. Дел со смеса од павлака и јајце, врз нив салама, чајна оригано..дел сирење, јајце, салама оригано, трети сирење, салама, доматен сос. Запечени и изедени одма. Занемарете чаршав, ме мрзеше да барам некоја по ок подлога)
И мене да ме има, и мене. Потпечено лепче со што се нашло во фриз. Бриош ми е многу грд леб и секогаш ми останува па вака го дојадуваме, само составот варира. Овој пат дел со хумус, дел со доматно пире. Одозгора мастрафот е ист: кашкавал и моцарела. Од зачини само лук во прав, бибер, сушен магдонос. Во фурна 5 минути на 300°С и ајт со здравје.
Сакам да ја пофалам @An-na за изборот на супер креативната тема , а вие што учествувате, најискрено за мене сите сте победници Едно нема, а да не ме воодушеви, подеднакво креативни како и самата тема
Печени лепчиња со удра Сув леб го филувам со разматена урда со јајца. Одозгора вегета и црвен бибер. Со јогурт, топ вечера или доручек.