Глас за @ilyan, мајка вака ни спремаше на мене и сестра ми секоја недела додека бевме основно. Некогаш спанаќ сирење, некогаш праз и јајца, некогаш урда и секогаш со јогурт. Само она го викаше сеченица. Треба да и се јавам да ми направи.
Јас бидејќи имам малку гласови, си главас за себе Најубаво е моето, така да си знете Се шалам. Девојки, секоја ви чест, прекрасни рецепти. Сите до еден !!
Попросто здравје Да не ме тагнеше, немаше да ја видам темава... Вчера правев еден вид посна Лења пита, оваа посложена демек, ама само демек Утре ќе ја закачам, а во меѓувреме ќе размислувам за нова тема
0Колачов ми е хит од лани, ем посен, ем сочен, ем превкусен... Башка, многу е просто за подготовка. П.С.Многу ми е слаб нетот. Рецепт во понеделник ќе закачам, ако се важи... Станува збор за "Сипана пита од јабука"-Сашина кухиња. Во филот додадов сецкани ореви и суво грозје отстоено во рум.
Леле браво! Многу едноставно и лесно, а сигурно е многу вкусно. Пробувам Си пробала место со јаболка со вишни или друго овошје? Многу сакам вишни, посебно во десерт, па секаде ги ставам
Не, сакав вчера баш со вишни да пробам, ама дека првенствено беше наменет за пословни партнери, мм ми рече да не експериментирам Да не случајно се обрукам (е)
Да го фатам последниот воз со моите посни овошни мафини. Spoiler: Рецепт 1 ипол чаша брашно 1 чаша шеќер (јас ставив нешто помалку од пола чаша) 1 кесичка прашок за пециво 1 чаша кисела вода малку масло (од око, помалку од половина филџанче) 2 банани исецкани на поситно Се мешаат убаво сите состојки и целата смеса се дели на два дела. Во едната половина од смесата се додава какао и калапите се полнат наизменично - една лажица бел фил, една кафеав. Одозгора наросив какао, ама нема потреба ако не сакате, може и без ништо. Од оваа доза ми испаднаа 18 мафини. Се печат 20-30 минути, во зависност од рерната. Исто и овошјето може да варира, јас имав банани, па биднаа какао-банана мафини. Меки се и многу вкусни.
А награда ќе дадете Леле многу тешко да се избере нова тема Се е пројдено... Време е на пости, па моја предлог тема нека биде посни кифлички, може? П.С.Еве имам замесено едни И победничкиот колач го пробувам со вишни, белким ќе го биде, како и да е ќе се пријавам со исходот.