Ухуу,не сум видела дека сум победила во прв круг Тема нема потреба да мислам,сама си дојде Нека е било што поврзано со Велигден,дали трпеза,погача,ручек,десерт...сеедно,само формулирајте наслов.
Христос воскресна! За многу години За мене Велигден е асоцијација на три нешта - црвени јајца, фамилија сплотена на трпеза и козињак. Козињак Рецепт 1 сув квасец 50 мл млеко 50 мл јогурт 50 мл масло 50 гр путер 5 лажици шеќер 1 ванилин шеќер 500 гр брашно 2 жолчки 1 јајце 100 гр суво грозје малку рум 1 белка за премачкување Грозјето се потопува во рум. Јогуртот, жолчките и јајцето се матат. На оган се загрева млекото, шеќерот и квасецот. Во друг сад се загреваат путерот и маслото. Брашното се става во длабок сад. Се додава смесата со јајца и се меша. Се додава смесата со млеко, грозјето и се замесува. Притоа, додека се меси тестото се додава малку по малку млакиот путер. Тестото го оставаме да стасува 4 часа, при што на пола час го размесуваме. Формираме плетенки и во плехот во кој ќе печиме оставаме да нарасти уште еден час. На крај премачкуваме со останатата белка и наросуваме шеќер. Се печи на 180 степени, 20 минути да фати кора и уште 40 минути покриено со фолија.
Состојки: 700-800 гр брашно 2 јајца 1 жолчка 1 свеж квасец 1 лаж шеќер 1 лаж сол 125 мл зејтин 250 мл млеко 100-150 гр маргарин Рецепт: Квасецот се става во топло млеко заедно со шеќерот да стаса (10-15 мин ). Кога ќе стаса, се става во сад во кој е сипана пола доза од брашното, јајцата, зејтинот, солта. Се се меша, со лажица. Кога ќе се измеша, постепено се додава остатокот од брашното. Се меси се додека не се добие смеса која нема да се лепи за прсти (дури тестото не почне да се одвојува од садот). Тестото се дели на 8 еднакви делови и од секое се формира топче. Секое топче се размесува во круг со пречник 15-20 см. Секое топче се премачкува со растопен маргарин (не течен, омекнат да е на собна температура, а може и во микро ) и се редат едно врз друго. Осмиот (последниот) круг не се премачкува. Од наредените едно врз друго кругови, се развлекува еден голем круг со пречник +- 50 цм. Се сече +-10 мм од краевите од кругот, се формира по желба облик за во средина на погачата. Од кругот се сечат 8 еднакви делови. Секој се мота во форма на кифла (кроасан), се пресекува на пола и се реди во подмачкан плех, со пошироката страна од кифлата кон надвор. Погачата се премачкува со жолчка и поросува по желба со сусам, ким, мак, крупна сол... Се остава да стаса 45-60 мин. Се пече на 180 степени. П.С. Во случајов, при печење, во дупките планирани за јајцата ставив фолија.
Опаднат е многу интресот за темава Бубалеа баш беше забавна,сега по 1,2 рецепти и толку.Треба да се смени нешто. Минатиот пат имав тема Велигден,и сите постираа во “Инстаграм” не овдеНе им судам,ни најмалку,зборот ми е дека нема интерес...
Или да биде отворена темава, секој да готви по свој избор па на крај да се бира победник секоја недела?
И спанаќ е океј. Уствари се' е океј само што, генерално е опаднат интересот за натпреварување во темава.
Откако го ставив во другата тема па ок бил . И јас сум да биде слободна, кој што сака, па наместо во другата најубавото од тековнава недела тука да се стави.
Еве од мене нешто со спанаќ Основата во чинијата е свеж млад спанаќ,попрскан со маслиново и лимон.Одозогора има потпечен зеленчук-сладок компир,морков,цвекло и шпаргла(се зачинуваат па се намастуваат мешајќи се заедно и на хартија за печење 20 мин на 180C). Прилог плус се шери домати,ротквици и малку павлака помешана со лук во прав. Ова се гледа ама мора да пишам рецепт Многу е вкусно,за сите што обожаваат зеленчук препорачувам
Ако се готви кој што сака ќе се измешаат сите теми... Ќе се разговара за ова во секој случај па ќе видиме..
https://centar.mk/blog/2018/05/18/m...so-spanak-i-sirene-koja-se-topi-vo-usta-video Ете го моето,само не го мотав како на видеото,оти малку згрешив во редењето