Манџа со ориз и спанаќ Кило спанаќ, една рака ориз, морковче и зачини по желба, се полеваат со вода колку да е покриено и се вари. Омилена во комбинација со кисело млеко.
А анкета нели требаше да има и нова тема денес или? Прашувам за да му сугерирам на победникот за тема, не дека ќе се натпреварувам, туку да видам и научам како го правите едно јадење што ми е привлечно и вкусно
@Dust што има врска ако се измешаат. Ќе се бира рецепт на неделата, таман секоја ќе си стави тоа за кое најмногу се намачила и ќе има и поквалитетни рецепти.
Салата со ракчиња Се сецка марула, се сече на листови морков, црвена пиперка и кромид. Ракчиња се варат 5 минути во зовриена вода. Се се меша со лимон, маслиново и сол.
Мислам дека десерт со јагоди би било добар предлог..баш сега им е сезона а знам дека почнаа и по дворовите да зреат
Банана палачинки со овошје Едно јајце се мати, се гмечи зрела банана, се додава една лажичка цимет и три лажици брашно и малку сода бикарбона. Се печат палачинките на потивко зашто брзо горат. Јас додадов сируп од капини, сецкани јагоди и боровинки.
Кoлaч сo јaгoди Се мaтaт 4 јaјцa сo еден вaнилин шеќер и 200 грaмa шеќер.Кoгa ќе се измaтaт убaвo се дoдaвa еднo кaнче киселo млекo и 100 мл зејтин пa прoдoлжувa дa се мaти и нa крaј се стaвa 350 гр брaшнo и еднo пецивo.Вo смесaтa се дoдaвaaт 500 гр измиени и исецкaни јaгoди.Се пече 40 минути нa 180 степени.Се укрaсувa пo желбa сo шеќер вo прaв и чoкoлaден прелив!