Моја е да. Готови кори ги сецкам како јуфки. Матам 3 јајца со отприлика 100гр шеќер. Во тоа додавам пециво, 300мл јогурт и ситно рендана кора од 2 или 3 портокали. Тоа се соединува, се мати дур да се соедини. И во тоа малце по малце ги ставам исецканите кори убаво да упијат. Ако ги ставиш сите наеднаш не упиваат убаво. Го печам ова дур да зарумени убаво. Шербетот го правам од 500мл вода и сокот од портокали*2 или 3(од тие горе што ги рендавме) и 300 грама шеќер. На крај пред да го изгасам шербетот ставам и еден портокал цел со се кора во шербетот за вака да стои одозгора (таква ми е рецептата ) Со вилушка го боцкам тестото и посипувам со шербетот врз тестото. Му треба време да упие, па убаво е да отстои. Лесно е за јадење и има интензивен вкус на портокал.
Оригиналот рецепт е со модри домати црвени домати и компир,ама јас правев без компир.Месото го запржив со кромид и црн бибер,па додадов и црвен пипер и рака ориз.Потоа редев на намрсено тавче ред црвени домати ред модри,па месо.Така два реда а измегу и малку лукче ставив.Одозгора истурив блендирано шол млеко две лажици павлака и сирење,истурив одозгора попрскав магдонос и го ставив ви загреана рерна.Се пече на околу 180 степени околу саат ипол. Едит:Одозгора се става и парченца путер.
Интересна тема. @koritsaki , @Yowannty активирајте се Од мене ГРЧКА САЛАТА , омилената * по рестораниве гледам ја преименувале во Егејска Коцки краставица, коцки домат, кругови пиперка, кругови кромид, коцки фета, маслинки, маслиново, сол, оригано. И едно узо, па во дворче да си мезиш, мераци
Ах, мене грчка кујна не ме бендисува баш. Освен ѕаѕики за кое свеки е експерт, ама изедено ми е немам да сликам. Попарениците може до утре грчки да ги викаат, ама турски се. И исто не знам колку е грчко, ама свеки праи феноменално слатко од портокал. Такво сосе кората се јаде. Превкусно е. Ја си готвам типични македонски јадења, па немам што да споделам.
Исто и јас би кажала како @Yowannty скоро се што готвам е тоа што мајка ми ми правела пред да сс мажам а и македонската храна со грчката е слична (да не кажам и иста) па мм се јаде ако ми текне некој нивни специјалитет да направам ќе пишам
Саганаки или пржено сирење - тврдо, овчо е ова. Поховано во јајце со малку копар и брашно, пржено од двете страни. Многу комплицирано и оригинално. Оригиналното им е без јајце,само брашно. Цц
Папуцакиа Состојки : Модри патлиџани (јас печев 4) Маслиново масло Црн пипер/сол Телешко мелено месо (500гр) 2 гл.лук/1 кромид Магданос Масло 1 црвена пиперка 2 рендани домати Малку бело вино (јас ставив 3 лажици) Плус 2 домата , бешамел - немав бешамел па врз доматите ставив парчиња сирење(јас купувам од тие во прав па само го приготвувам со потребните состојки) Се мијат модрите патлиџани, се сечат на пола , се вдлабнуваат минимално со лажиче и се пржат. (Доколку не сакате да ги пржите, во тепсијата каде што ќе се печат се истура масло па кога ќе се наполнат со месото се полеваат пак со масло и на тој начин се печат без да ги пржите претходно). Потоа се цедат на хартија. Во меѓувреме се сече кромидот , лукот , се пропржуваат и се додава м.месо. Кога ќе се запржи се додаваат ренданите домати , сечканите ц.пиперки , и на крај солта , ц.пипер , магдоносот и белото вино. Модрите патлиџани се полнат со смесата мелено месо , доматите се сечкаат на кругови и се ставаат врз меленото месо. Над доматите се додава и придготвениот бешамел.
Ама да ти кажам предвреме, со мајстори сум дома. Ако дојдеш на благо ќе ти дадам и крпа прозори да бришеш
Ќе почекам да завршите Не ми е зорт до толку . Ем да го испраксираш, не се знае од прва дали ќе го погодиш