Од SPAR маркет ги земав конкретно овие, а ги наоѓам во повеќето супермаркети, и во Лидл мислам ги има.
Можеш да додадеш 200-250 гр ореви не би требало да се расипе тестото. Не забележав колку време ја печев, зависи од релната. Надгледувај ја бидејќи пандишпанот е танок и брзо се пече. Јас прво ја загреав релната на нај јако потоа намалив.
Чизкејк, лесен и брз, има и мармалад од шумски плодови па може да пројде како овошен десерт За подлога: 250гр. мелени бисквити 200гр. путер Смесата се соединува и се притиска убаво врз тавчето, се става во фрижидер додека се прави фил од: 3 јајца 100гр. шеќер 250гр. урда 250гр. маскарпоне 1лаж. брашно Се пече 15-20 мин на 180° Кога ќе се излади добро се премачкува со мармалад по вкус, мене ми е најубава со шумски плодови или модри сливи.
Сладолед торта Еден маргарин се изработува со 300гр шеќер во прав, се додава 300 гр мелена плазма, 200гр сок и 3 жолчки. Од смесата се прави првиот дел од тортата. Одозгора се стават 2 шлага од чоколадо и 2 од ванила. Од белките се прави шам за најодозгора. Подобро ќе беше во плех со обрач, ама немав.
Мафини со рибизла и чоколадо бело требаше да бидат ама немав дома чоколада па само со рибизла се.Рецептот ми е од нет.
Домашни пиперчиња Домашни домати Домашно беровско сирење Се сецкаат пиперките, се сецкаат и доматите. Се потпржуваат пиперките, па се додаваат доматите.. Се пржи додека е готово. Па се става сирење Се јаде (на планина кај мене) со пола кило леб печен во фурна на дрва