Летна манџа... (Се е од бавча ) Сецкам пиперки, плус две мали лути, кога ќе се испржат додавам ситно сецкан домат, без лушпи, при крај сол и 4 чешниња лук. Сега немав,ставам и магдонос
Летна манџа (Сликата ја имав некаде низ др теми, не е ФИ, па се надевам може и тука да стои) Прво ги сецкам пиперките и ги оставам да се попржат и омекнат, после ги додавам доматите, цели , со лушпа. Колку се посочни, толку подобро. Налевам вода и оставам да си врие. Додавам лукче, вегета и црн бибер од зачини. И нормално компири мора да има. И многу сирење и леб. Омилено летно јадење.
Вашето омилено летно јадење Да не биде некоја посебна конкретна тема за да има повеќе пријавени, згответе нешто што најчесто го јадете летно време (по можност да не е летна манџа бидејќи беше претходна тема )
Пржени пиперки со јајца Прво се пржат пиперките,се посолува , се додаваат матени јајца (јас ставив 4). Познато на сите
И ова е добро познато на сите:похован модар патлиџан Се сечат на кругови ,се посолуваат да пуштат нели малку вода ,па се валкаат во брашно ,во јајце и се пржат . Еден дел така во другиот дел во брашното ставам црвен пипер и босилек . И нормално домашен колбас
@Dust @CrazyOne Традиционално македонско јадење Турлитава Кромид, лук, модар патлиџан, тиквичка, грашак, боранија, морков, пиперки, црвен домат, месо, сол, зачин, цевен пипер и цен бибер Сите состојки се сецкаат на коцкички, се зачинува и полева со зејтун и една шоља вода. Се промешува и се пече додека не испари целата течност. ПС Главната состојка на турлитавата - бамја... ја нема во мојата тава, не и го сакам вкусот ПС Овојпат турлитавата ја правев во петок и е посно, нема месо... Ноо е превкусно
Летна торта Пишкоти натопени во млеко со нескафе, банана, шлаг. Два или три слоја, зависи колку висока сакате да е. Може да се стави и било кое друго овошје. Одозгоре ставив капини.
јухууу Тортата ја направив зашто на шлагот и пишкотите им поминуваше рокот, а победив! Колку што приметив одамна немало тука, а јас планирам за ручек макарони (зашто вистински ручек не сум направила ), па ако се сложите може тоа да ни биде следна тема. Оброк со тестенини На пр. Јуфки за појадок, болоњезе за ручек, фунги или карбонара за вечера... Очекувам минимум 3-4 слики со карбонари, знам дека има експерти по карбонари! Се што ќе ви падне на памет: тарана, канелони, шпагети (грчко пастицио ако има кандидати), њоки, тортелини и сите други видови тестенини влегуваат во конкуренција.
Макарони во бел сос, омилените на сестра ми незнаев Во тенџере на средна температура се става маргарин да се растопи. Во растопениот маргарин се става брашно и се меша, постепено се додава млекото и се меша додека не се добие кремаст сос. Зачини се ставаат по желба, јас ставив вегета и оригано. Во сосот се ставаат варените и оладени макарони. Брзо, лесно и превкусно
Класика болоњезе шпагети Прво пропржувам рендан морков и ептен ситно сецкан кромид (во сецко го ситнам). Оставам да се продинстаат додека омекнат, па додавам 500 гр мелено месо (мешано). Откако ќе се испржи и месото, додавам доматен сос околу 400 мл (домашен овојпат) и една голема чаша вода (може и говедска коцка, немав сега). Зачинувам со сол, вегета и босилек, и ставам мало лажиче шеќер за да не е кисел доматниот сос. Оставам да се крчка се’ заедно едно половина час, а за тоа време варам едно пакување Барила бр. 5 шпагети (личен фаворит) во зовриена солена вода. Тоа е тоа, ручек за половина час, кој го сакаме сите дома, и ние и малата
Макарони со томатело, лук и магданос. Се пропржуваат 6-7 чешниња лук, во меѓувреме се варат тестенините. Кога ќе се пропржи лукот се додава шака сечкан магдонос.Пожелно е да има малку повеќе масло кога ќе се пропржуваат лукот и магдоносот. Јас додавам чили и сол.Кога ќе се сварат макароните се истураат во тавчето каде што се пропржувале лукот и магдоносот.Се додава една или 2 чаши Томатело и се промешува убаво да се соедини се. Јас вака го правам.Можете лук магдонос и томатело да ставите колку што сакате и ви одговара.
Интегрални тестеини со домашен сос. Шпагетите стандард се варат. Дека интегрални, им треба подолго време. На страна патлиџани се рендаат и се пржат во маслинов зејтин. По некое време се става лук едно до две чешмња и се крчка да омекне. Се става сецкан босилок и се гаси ринглата и се пропржува уште малку. На крај се декорира со шери и ливче босилок. У случајов, се е домашно одгледано од мене, освен тестенините
Карбонара. Додека се варат шпагетите, во тава на оган се става чадената сланина да зарумени. Во меѓувреме се матат 3-4 жолчки (во зависност од количината на пастата) малку грана или рендан пармезан, сол и црн бибер. Кога пастата е готова, се цеди и додава кај сланината, одозгора жолчките, оганот да биде на тивко за да може да се соединат јајцата и пастата. Одозгора се наросува пак грана.
Од мерак да учевствувам На путер запржувам лук,магдонос. Потоа додадов доматен сос,босилек. Претходно сварените макарони ги додаваме во тавата и рендаме тврдо сирење или кашкавал. Малата ги обожава.
Потпечени макарони Рецептот е на @WORRIED.BT . Прв пат ги правев без претходно варење и веќе никогаш нема да ги варам претходно. Spoiler: Рецепт