Есенски десерт! Печена тиква, печено јаболко, нешто со грозје, се што е есенско! Ако не одговара темата, може друга: ајвар ! На лепче, со јајца, во салата....
Есенски колач од јаболка Потребно за тесто : 15 лажици топла вода 10 лажици кафеав шеќер 3 рендани јаболка 15 лажици брашно 1 пециво 100 гр.сецкани ореви 2 лажици гриз 1 лажица какао кора од рендан портокал 100 гр .суво овошје по желба Се мешаат водата и шеќерот да се стопи,се додаваат во ренданите јаболка и сите суви состојки. Се остава смесата да стои 15 мин и се истура во плех со хартија во кој сме ги ставиле прво орасите па над нив смесата . Се пече 15 мин на 200 и уште 15 на 180 . Оладениот колач се вади ,се сече на коцки и се враќа во плех . Одозгора се става шербет од : 200 гр.шеќер 200 мл.вода сок од 1 портикал 1 ванила и се посипува со сецкани ораси .
Основа 4 јајца и 200 гр стопено чоколадо, пециво сода бикарбона. Додадено брусница и ореви плус ванила.
Торта со јаболки. 3 јајца, 250гр. шеќер, 70гр. путер, 1 чаша млеко, 300гр. брашно, 1 пециво, сок од лимон, околу 700гр. јаболки насечени на тенки парчиња. Еден дел од јаболките се остава за да се наредат одозгора. Се пече на 180° околу 40 мин.
Туфакија Десерт од јаболки, босански рецепт. Брзо, едноставно, превкусно. Јаболките се варат, претходно излупени и издлабени. Се варат во вода со шеќер, ванила, цеден лимон (за да не потемнат). Готови се кога ќе омекнат, не да се раскашават! Водата при варењето да ги покрие јаболките. Јас ги варам+- 10 мин. Се полнат со смеса од мелени ореви, шеќер во прав, која се изедначува (да стане хомогена) со водата во која се варени јаболките. Се декорира по желба. П.С.Во смесата за полнење по желба може мед, цимет, плазма, суво грозје... Во водата за варење сооднос вода шеќер од око Не како за шербет, а и не мора шеќер. Секој по вкус. Јас полнам само со ореви, шеќер во прав, малку мед и од водата.
Пита од тиква. Основа 2 1/2 cup брашно 2 лажички шеќер 1 лажичка сол 1/2 cup путер, несолен, сецкан на коцки 1/2 cup ладно кокосово масло 1/2 cup вода Јас користам cups како мерки, нешто меѓу 230-250мл е еден cup. Прво се мешаат брашното, шеќерот, солта. После тоа се додава путерот и маслото и се гмечи. Јас користев едно за пире праење шо е. Треба шо помалку со рака да се работи во овај процес за да не се растопи путерот и маслото. И после тоа се додава водата постепено, не знам како да го опишам ова ама прво само се допираат како што се тура водата онака да се спојат, и после то се замесва. Штом се замеси, се врзва во најлонче и се остава да стои во фрижидер 1 час. После то се сука и става на намрсено тавче за печење. Фил 2 јајца, плус жолчка од уште едно јајце 1/2 cup кафеав шеќер 1/3 cup бел шеќер 1/2 лажичка сол 2 лајчиња цимет 1 лајче ѓумбир 1/4 лајче мускатно оревче 1/4 лајче каранфилче издробено 1/2 лајче кора од лимон 2 cups пире од тиква 1 cup ладно млеко Тиквата се печи прво, па се гмечи и прај пире од неа. Јас имав веќе печена тиква. Договорот со мајка беше таа тиква која нема да ја бендиса за јадење ќе оди во пита. И ете се погоди неделава. Па прво се матат јајцата, а после то се додаваат шеќерите и зачините и кората со лимон. Па се мешаат заедно, па се додава пирето од тиква. Па пак се мешаат, и после постепено се додава млекото, со мешање. Не треба да е многу течно, ама не треба да е многу густо. Можи да влези поќе млеко, мене овај пат ми влезе помалку. И за крај, се тура врз веќе наместената основа и заедно се печат 15 минути на 200 степени. После тие 15 минути се остава уште 45-50 минути да се печи на темптература од 170 степени. Кога се вади се остава да се лади 2 часа, мене ми се брзаше и после еден час ќе го сечев и уште беше топличко. Укас Е ова е екстра шо го има на сликата, го немаше кај шо гледав на нет. Си растворив едно пакетче ванилин шлаг крем, го шлакнав од горе, многу менва вкус на подобро. После од горе наросив цимет и шеќер си имам мешан во едно чинивче за брза употреба оти периодов во се го ставам. Сакав да ставам и лешници од горе ама имам и нешто друго за праење со мајка, па ај можи и без лешник овај пат. И кога видов сликите ми текна да допишам дека од основата кога ја размесив делот од страните шо го секов, го искористив така шо напрајв линии кои ги наредив на питата, и направив ливчиња кои се наредени горе, подобро се гледаат на екстра сликите кај шо немам сечено парче. Чисто за украс се, ништо екстра, само од то шо останва ставав работи. Екстра слики
Непечен колач со јаболка 1 кг рендани јаболка 250 гр шеќер Ванилин шеќер Цимет 2 ванила пудинзи 600 мл вода 300 гр бисквити Хопла Пудинзите се мешаат со пола од водата, другата половина со шеќерот и јаболката се става на оган . Се вари како пудинг. Се реди ред бисквити ред пудинг. По ладење се декорира со матена хопла. ( јас тоа го изоставив )
300 гр брашно, 250 гр путер или маргарин (ако сакате посни), 100 гр шеќер, 100гр сечкани ореви. Џем или мармелад за мачкање и шеќер во прав за посипување.
Колач со јаболки Потребни состојки: - 2 поголеми јаболки или 3 помалечки - 2 јајца - 50 грама путер чуван на собна температура - 3/4 шолја зејтин - 1/2 шолја мед чуван на собна температура - 1/3 шолја кафен шеќер - 2 шолји брашно - 3/4 шолји кравјо кисело млеко - 1 шолја мелени ореви - екстракт од ванила по желба - 1 прашок за пециво - прстофат сол - цимет по желба Постапка: Јаболката се лупат и сецкаат по должина на парчиња. Во подлабок сад се матат двете јајца со шеќерот, дури тој да се стопи. Откако ќе се изматат добро и ќе формираат пенеста смеса, се додаваат медот, путерот и зејтинот, како и прстофат сол. Се мати смесата уште малку за да се соединат состојките. Потоа се додава киселото млеко и се меша со обична лажица дури смесата не се соедини. На крај се додаваат брашното, прашокот за печење и мелените ореви и повторно рачно се меша. Се додава цимет по желба. Се меша со обична лажица дури не се добие хомогена смеса. Смесата треба да испадне малку погуста, не водеста, за да не пропаѓаат јаболката. Доколку смесата е потечна, слободно додајте уште малку мелени ореви. Смесата ја истурате во четвртаст подлабок плех, со стандардна големина, на кој претходно сте ставиле хартија за печење. Врз смесата се нанесуваат парчињата јаболки. Се пече на 180 степени, отприлика 30 минути, додека се зарумени.
Ви благодарам девојки. Наредна тема се мислам да биде рецепти со праз. Сега е сезона на празот, може да го комбинираме со се и сешто. Пити, зелници, баници, со месо, со јајца..... Ако не ви се допаѓа темата, ќе мислиме друга.
Зелник со праз Рецепт: Се замесува тестото со вода, брашно, квасец, малку сол и шеќер. Се расукува подебела кора за целосно да ја опфати тепсијата со краеви нанадвор. Од останатото тесто се сукаат помали кори на кои ставаме урда(по избор) и ги попрскуваме со масло. Ги редиме во тепсијата(во средина оставаме место за празот) и ги покриваме со краевите од првата кора. Во средина ставаме фил од празот запржен, со зачини и по желба можеш и во него да ставиш урда или сирење(јас не ставив). Го покриваме со скроз тенка кора одозгора за да не изгори при печењето, ставаме одозгора маргарин или зејтин, стои околу пола саат да стаса и го печеме околу 40мин.во загреана рерна.
Pita so praz Krckavata kora od gore ja nema,uste od pecejne ja grickame Brasno, sol, malce seker, mlaka voda se zamesuva testo. Se delat na mali topki okolu 16 mi dojdoa mene, sekoe go sukame i stavame vo plek, edna nad druga so premackano maslo megu niv. Stavame od gore praz seckan na mali parcinja,malce da krcka na ogin i posoluvame. Od gore imav uste edna kora, se pece okolu 40min na 180/200. Denes za rucek, slikata ne e naj naj ama se pogodi temava
Ориз со праз. Стандард ориз, само наместо кромид, се пропржува праз, а еден страк се сече на големи парчиња. Многу убав мирис. Декорорано со павлака, шери и босилок. Баба ми го викаше ова јадење слепи риби.
Ми се допаѓа темата. Од сите вакви миризливи продукти, само празот го сакам. Девет Табани (писмо погача) 500 мл кисела вода (на собна температура) пакетче сув квасец лажичка сол лажичка шеќер масло за премачување (користев маслиново за покрцкаво, и употребив помалку од рецептот па суви ми излегоа) Постапка овде Фил Пржен праз со зачини, на крај додадов две јајца и козјо сирење да се растопи.