А ако ми е сликата од Понеделникот се важи? Оти толку пица за неделава, евентуално јајце- пица шо си прам ама еднаш учествував со такво.
Рецепт за пицата: За тесто 500 г. брашно Вода 250 мл. 1 чаша масло ( околу 60-70мл) 1 квасец 1 лажица сол а одозгора салама и свински врат маслинки печурки кисели краставички кашкавал откако е готова кечап и мајонез по желба
Рецепт Тесто:400гр брашно, 1квасец,3лажици зејтин сол и вода по потреба. Одозгора редено со доматна салса, кашкавал, врат, печеница и печурки и народно со оригано.
Рецепт (за двајца) : 200 g брашно 1 лажица масло малку квасец пола лажиче сол многу малку мелен црн бибер млака вода за да се замеси тестото(по потреба) Се меси сето ова заедно, па се става во сад за печење и се остава да отстои 20 минути. После 20 минути одозгора се става кечап, салама, кашкавал, печурки и оригано.
Spoiler: Тесто без глутен 300г брашно schar mix b 10г свеж квасец Лажица масло 200мл вода Лажиче сол Се замесува и се остава да стаса 40мин, после се обликува како сакате и си ставате горе што сакате. Во мојов случај мини пици со кечап, кашкавал, печеница, печурки, оригано.
Рецептот е од око, но отприлика вака би дошло: 300 гр брашно 1 голема лажица масло 1 лажичка сол 1 ќесичка сув квасец Од сево ова се замесува тесто со помош на млака вода. Се остава половина час да стаса, па се развлекува во тава со помош на влажни раце (за да не лепи) и се реди по желба. На мојава пица има многу кашкавал, шунка, чајна и маслинки. И кечап и оригано, нормално. Се пече на јака температура (230-250) 10-тина минути.
700гр.брашно квасец мн.малку,1/3 1гол.лажица сол 1мала лаж.шеќер 3 големи лажици зејтин Се месе меко,со млака вода,додадов и јогурт да е помеко Со кашкавал,свежи печурки,кечап,сусам,оригано,чајна,малку пршута,рендани кисели краставички и некоја германска салама од кам
Малку свеж квасец ( околу 5 гр. ) лажиче морска сол, супена лажица девствено маслиново масло се мешаат убаво во малку млака вода, па се додава полека брашно ( околу 250 гр. ) и се меси меко тесто. Јас го оставам да одмара тестото едно 8 часа. Се формира круг, се редат по избор состојки ( мојава има домашна салца со босилок, свежи шампињони, пршут, едамер и сецкани маслинки ) . Обично ставам моцарела, ама немав. Поубава е со моцарела. Обично го печам тестото прво малку со салцата и печурките ( затоа што вода пуштаат печурките и ги премачкувам краевите од пицата со маслиново за да биде крцкава кората ), па потоа ги додавам останатите состојки. Се пече околку 15 мин. на 220 C.
Лудо тесто:500мл млако млеко,250мл јогурт,2јајца,1квасец,1пециво,3лаж,зејтин брашно по потреба да биде тестото како за мекици. Квасецот се раствора во млако млеко. И стои во фрижидер и нараснува.
https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-6#post-4784849 Анкетата е поставена
Како не очекуваше?! Мене твојата пица ми беше фаворит, лични беа повеќето али не за друго само ти избегна да пикнеш печурки од тегле Компири
Ма нема лоша пица А и заборавив многу време помина некако Ме изнасмеа за печурките Иако јас ме ги јадам,морав ради натпреварот да пикнам
Полнети компири: Се лупат и варат компирите. Се ладат , се сечат на половина и се длабат. Остатокот од компирите го измешав со фета сирење,моцарела, сланина, оригано, чили сос и кечап. На секој ставив и парчиња путер одозгора. Се печат 15-20 мин на 200 степени, па ставам кашкавал и сусам одозгора уште 5-10 минути.