Го има во рецепти од Фемина инстаграм http://forum.femina.mk/threads/Рецепти-од-Фемина-Инстаграм.23163/page-54#post-2847597
@nena2010 не смееш да ја имаш ставено сликата и во ФИ. Пријави да ја избришат ако неможеш да редактираш.
Многу се израдував кога го видов рецептот на Скај на насловнa, но уште повеќе кога отворив овде. Девојки, па што сте направиле вие?! Се излигавив ко боксерче. Навистина убавини. Честитки до сите вас. Сега уште една реклама да стави Фемина низ ФБ па да викаме welcome на новите top chef
Нека ме поправи некој ако грешам но мислам дека и IronLady ја имаше постирано сликата прво во фемина инстаграм.
Добро де избришете ја и од овде. Феминките во теманата +/-40 ми предложија да ја ставам овде. Немам намера да се натпреварувам.
@nena2010 Не ми е поентата да те бркам од натпреварот, а верувам дека имале убава намера феминките. Може некоj друг ке реагираше ако не пишев jaс. Ако учествуваш барем да е регуларно, да не те дисквалификуваат на краj. Не сакам лошо да ме сфатиш.
Spoiler: Рецепт Оригиналниот рецепт е од тука http://moirecepti.mk/post/чоколадно-тајнирче-за-вашето-омилено Јас го изменив малку не ставив вода, користев од оние калапите за мафини, направив со црно и бело чоколадо и додадов по малку овошен јогурт оти само така ми изгледаше празно.
Крејзи, десертов беше ставен денес накај 12 ипол во ФИ. Мислам дека може да се прифати тука. Мислам, не е нешто правено пред 2 месеци, па да не го става. Или пред 2 недели, па сега се трефнало. Буквално неколку минути пред да го стави Нена тука. Што велиш, м? Еве и другите нека се изјаснат. Сепак Нена во последно време не е баш редовна на форумов, а од друга страна, ако не се лажам, не ни учествувала во темава, па верувам дека не ги знае правилата.
Јас мислам дека правила си се правила, без исклучоци. Убаво си сега пишува на првата страна, да не е објавено во друга тема, само 1 слика и покрај сликата да има рецепт. Кој планира да учествува, фер е да ги почитува правилата
@Lady Phoenix мене не ми смета, слободно нека учествува. И мене ми е навика што и да правам, одма да го ставам во ФИ. Само се надополнив на коментарот дека не смее слика во Фи. Само не се согласувам со последното, може да ги прочита правилата. Ништо лично против Нена немам, темата е зА сите
Нека учествува, еее нема да земае златен медал ако победи некој, па толку фама да се дига. Преубави рецепти, нема шанси да се натпреварувам овде јас. Ајде анкетата со душа ја чекам. А многу ке се двоумам за кој ке дадам глас, се од убаво поубаво.
Јас ќе ве дружам за прв пат дека случајно имам рецепт овошен. Ова е многу проста торта ама еотен свежа и убава за лето.Нема име. Рецепт: -едно пакетче колачиња од тие што се лепени со фил внатре, не се орео ама вие може и орео да користите.Мене ми се фати 300гр. -200гр путер -400мл хопла блага -5 мали качиња овошен јогурт јогобела од јагода -ванила -јагоди или др овошје по желба Се мути хоплата и кога ќе се измути се додаваат ванилата и овошниот јогурт и заедно се мешаат.Питоа во нив се става овошјето и се става во фрижидер малку да се лади додека се направи кората. Бисквитите се мелат и во нив се додава растопен путер и се меси, од ова се формира кора како кај чизгејк што се прави.Јас користев најмал калап од оние округлите, врз коричата го ставаме филот и оставаме да се лади еден ден, или колку ќе ве држи љубопитност каква е. Добар апетит.
Да, реков дека имам слики ставено во ФИ, ама не се исти ко оваа тука И фино лепо имам нагласено. @kanella
За се ќе се најде некој судија. Голема работа ако сликата ја имало во инстаграм. Се потрудила, направила споделила. Незнам што цепидлачите.