1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Те стигнав. :party:
    Ми се допаѓа и мене, ќе ја читам наскоро и Silver Linings изгледа.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ја заврши ли?
    Јас синоќа ја дочитав, па почнав со Things you save in a fire и еве не можам да ја оставам.
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Ја завршив, многу ми се допадна и ја почнав Silver Lining сабајле. :lol:

    Оваа ја оценив со 4+, затоа што малку ми беше нереален делот кога ги истепа од ќутек двајцата роднини на Грациела пред да се качат на возот првиот пат.
    Мислам...јес да беше прикажана како бедес машкуданеста женска, ама ептен филмски ги испонатепа, не ми беше реална баш во тој дел. :D
    Другото генерално ми беше многу слатко, особено тоа како Грациела им се молеше на сите светци и на крај "and please kill Jenny. Amen." :rofl::rofl::rofl:
    Живеев за овие делови, иако се знаеше дека малата ептен ќе се приврзе за Џени. Таков лик беше, не може да не ти влезе под кожа. :)

    Things you save in a fire и мене ми е на листата, мислам дека спомнав. Ќе ја читам наскоро и неа, ми ја пофали другарка со која ептен ни се совпаѓа вкусот за книги.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Од мене има тројка.

    Некако ми беше непотребно долга и малку повеќе филмска. Не ми се допадна крајот, некако ми беше клише, како да мора секоја жена на крајот да го осети тој мајчински инстинкт. Поверојатно ќе ми беше да си останеа сами со Тај и да си го живееја таквиот живот без деца, дури и да ја засакаа Грациела, не мораше баш така да испадне. Како да се погази карактерот на Џени.

    Стилот на пишување ми се допадна, хуморот, изразувањето... It was cold and black as a murderer's heart. :lol:
    Или кога му рече Грациела на Тај за влакната меѓу нозете, целиот тој муабет, умрев. :D

    Сакав Роберт да испадне силен, еднаш ги имаше оставено и пак ја напушти Грациела, не беше фер воопшто. Тоа повеќе ми личеше само како да е напишано колку да бидат сите тројца заедно.

    Не беше лоша книгата, ама не беше и нешто wow. Затоа и дадов тројка.

    Things you save in a fire е исто супер напишана. Многу брзо се чита.

    Се мислам дали да се нафатам новата од Стивен Кинг, The Institute, да ја читам после. Да не си за?
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Да, Грациела ептен си пропати со родителите. Татково за никаде, тотално бескорисен лик, мајка и умре, многу ми беше криво и мене за неа, па и на почетокот ни Џени не и се погоди, ептен беше душа.

    Е ми сметаше и тоа инста лав моментот помеѓу Џени и Тај, ептен ги заљубија на прв, ма на пола поглед. Па Тај не ја ни погледна асално ама битно почна одма да ја посакува. Се навикнав веќе на тоа, не го ни приметувам ама еве да си кажам за да разврземе некој муабет плус.
    Мене ми се погоди тајмингот за вакви книги со малку така зашеќерени краеви, ептен сум меланхолична периодов и мноогу сакам вакви хепи енд приказни. Фаза ми е и ќе ми помине, само не знам кога. :D
    Во право си, можеше да се скрати нешто и да не биде вака долга, ама многу ме освои хуморот и на Џени и на Грациела, одличен тандем ми беа. Позитивно се изменадив, ептен топла книгичка иако беше предвидлива од старт...ептен се знае како би можела да заврши ваква книга, скоро сите се како по некој шаблон, нели?
    Само што тука наместо емоционално недостапен машки лик, имавме жена. :)

    Новата од Стивен Кинг ја гледав и јас, ама 560 страници ми се гледаат некако многу. :doh:
    Скоро ја читав Pet Sematary, мислам дека ќе почека уште малку во TBR папката.
    На ум ми е засега The Craftsman од Шерон Болтон, таман да се размрдам да не читам само ист жанр оти веќе од романсиве аман. Кај и да е и на Џил Шелвис ќе и ставам 5ка како што тргнало. :D

    Дополнување: И Џил Пол ми е на листата, се мислам дали да ја читам The lost daughter или Тајната сопруга, ми стојат и двете дома непрочитани.
     
    Последна измена: 11 септември 2019
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Од Џил Пол ја имам прочитано Тајната сопруга, овде имам напишано како ми се допаднала. Тројка сум и дала.
    Ја прочитав и A Fire Sparkling, одлична беше, имаше интересни пресврти, а сега ја читам
    The Heart's Invisible Furies од Џон Бојн, прекрасна е, уживам во секој збор. Ми се погодија последниве книги, фала богу,
    Да се договориме за нешто следно за читање?
    Некој да се приклучи со идеја?
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав The lost daughter. Сè имаше само ќерка не...ај да не претерувам, ок беше ама толку развлечена што се изгубив. Па тоа генерации, генерации, да те заболи глава. А не беше лоша, фино за читање ама 3+ многу и е дури.

    Ја прочитав јас What Alice Forgot од Мориарти, ме скрши. :(
    Многу убава книга, како не сум ја прочитала порано.

    На листата ми е The Crucifix Killer од Крис Картер...јак пресврт од романси/драми на крвав трилер, ама ете прва ми падна на памет.
    Ми се чита што знам, некоја фина драма или психолошки трилер. Или што било, само да е солидно.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас се мислам за A gentleman in Moscow, одамна ми е на киндлот, и The Goldfinch, ама сега видов 770 страници дека е.:worried:
    Се мислам и за How to Walk Away, од истата авторка на Things you save in a fire, ми треба нешто такво пак.
    Некако ич не сум во расположение за трилер, а мислам дека уште толку нема да бидам по завршување на оваа што ја читам.

    Ја имам прочитано од Мориарти, навистина е добра книгата. Не знам со поновиве што и стана што ги утнува некако.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Најновата од Мориарти сè уште ја немам читано, ме фати паника кога видов дека е голема, а она е малку така специфична на почеток па си реков ти ќе почекаш.
    Може How to walk away или ова ако ти фаќа око.
    Screenshot_20190918-145436_Goodreads.jpg
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ова ко што гледам е серијал од 6 книги?:wasntme:
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Да, да, околу 6-7 мали книги се вкупно, ама првите две биле најповрзани и ептен култни. Другите не биле ни блиску до тоа.
    Така вика мојава блогерка што ја демнам, сè што читам сум препишала од таму. :tmi:
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Не знам, не ми се остава недовршено некако и после ќе треба да се мачам со останатите книги.
    Ама ако си за овие, ќе се согласам да не биде само мој избор.:D
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Слична сум и јас, последно волку голем серијал ми беше тој од Сузан Елизабет и веќе осмиот дел од Чикаго старс ме утепа. И не сакам да чујам за ништо од неа во наредните неколку години.

    Ми фаќа око оваа историскава зашто е единствено нешто добро што во моментов го имам на Киндл, без компјутер сум па до петок ќе треба да читам од мобилен. :doh:
    Другото е некои романси што не верувам ни дека ќе ги читам некогаш и оној серијалот од Лиса Клејпас за The Wallflowers. Ама не знам зошто имам чувство дека тебе можеби тие ти се читани, јас скоро ја открив Лиса Клејпас.

    А тука е и Џон Марс со The Passengers, ама кажавме одиме без трилери па слободно може да го игнорираме него.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Хмм... Не можеш преку меил да си пратиш и да ја отвориш на киндл? Не сум пробала, не знам како функционира тоа.
    Инаку, јас секако оваа ќе ја читам до петок, голема е, не ми се верува да ја завршам брзо, па таман може за од тогаш да биде книгата.
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала до сега, непознато ми е и мене па ќе почекам. Ама може од петок да почнеме и може да биде How to walk away, ми се чита нешто такво.
    Таман ќе ја завршам новата од Софи, неа ја дочитувам.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ајде важи, од петок ќе биде новата.
    Како е од Софи?
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Не е толку лоша како што очекував. Малку е бавна, хуморот е класика во нејзин стил ама нешто фали. Мислам дека ќе биде просечна, па ќе кажам финален впечаток.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Некако се мислам за таа, ама ќе почекам да слушнам мислење од тебе.
    Ја надополнив листата од клубов, 55 книги испаднаа до сега дека поминале. :)
    Жал ми е што не сме повеќе за дискутирање, се мислам да побараме некои интересни што се веќе преведени, па да може кој сака на македонски да ја чита, а ние ќе можеме секако да ја симнеме.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    И јас планирав да те потсетам да ја апдејтираме листата, добро што си се сетила. Не следев активно од почетокот и не се вклучував многу во дискусиите ама скоро сите книги што пројдоа низ годиниве ми се прочитани и баш имаше актуелни наслови кои веќе и кај нас беа преведени.

    Штета што новите кои излегоа мене повеќето ми се читани, а верувам и тебе.
    Еве Ugly love ја земам за пример, скоро излезе преводот и е многу убава книга ама веќе читана.
    Новата од Матица ми фати око, насловот е нешто поврзано со кафе и е историска фикција (плус утре е големиот попуст и книгата не е скапа), ама нискиот рејтинг ме премислува.
    Другите издавачки куќи не ги следам толку па не сум во тек, ама екипата читачи некако слабо дава одзив. Можеби таков е периодот, доаѓа постудено време па ќе се приберат сите назад во катчето.
    И јас сакам повеќе луѓе, убаво би било да има одзив како некогаш.
    Ќе разгледам некои понови наслови па може да смислиме нешто.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Ја завршив Софи, @RainBow. :)
    Не беше лоша, за мој вкус малку бавна во некои делови. Ќе напишам можеби рецензија, ќе видам.
    Ми беше тешко да ја оценам, некаде е меѓу 3 и 4 па ете нека биде 3.5 од мене. Не е како претходните книги, малку позрела приказна но нешто фалеше за да блесне Софи со својот препознатлив печат. Хероината ми беше малку млитава, а приказната е па да речам оторилика фино осмислена. Читај ја ако навистина некогаш немаш нешто подобро за читање.

    Ја завршив и Once. Воодушевена сум. Одма ја почнав Then затоа што мразам да лебдам во тој cliff-hanger во кој останав по првиот дел. Многу се мали, можеби да не ми се спиеше толку и до после ќе ја завршев ама нека ми остане за утре. Навистина сум воодушевена од приказната и од тоа колку само искрени раскажувачи знаат да бидат децата. Овие мораш да ги прочиташ некогаш. Ќе размислам за целиот серијал, мали се па ќе се прелажам некако изгледа. :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.