Самиот назив кажува, исто како во алманасите од средно, за некоја членка што ви е омилена или што не ви е омилена или пак за членката над вас или едноставно за било која членка, ќе напишете краток текст како строфа од неколку стихови во кои што ќе ја опишете каква е и како ја доживувате (искрено)... СМетам дека е за во форумски игри (пошто не е како Анализите.. туку пишување на позабавен и поедноставен начин со рима и сличноxD), ако не е интересна: ВО КАНТА!
Еве ќе почнам со модераторот... RainBow e авторитетот на фемина, но сепак е културна и фина, книгите и филмовите се нејзина пасија, троловите ги банира, не се спасија. oф топици не толерира, на нашите прашања пристојно реплицира... xD ни една строфа па саглам не знам да напишам (тешко мене) whatever, it's all about fun
Јака тема. @mackica1 носи чевли со леопардова шара, и од професорот по биологија бељата си ја бара. За сите е мирна мачкица мала, ама машките едвај ја чекаат со тангата во сала.
опаа темата како за мене, јас на цел клас ги напишав. Адина @Adina е женска фина од сабајле па до три седи на фемина да вежба, да шопингува и да се вози сака едноставно животот го живе така
@Captain-Omni На фемина главна фаца стана ретко феминките му наоѓаат мана кој што ќе пише обавезно следи a секој кажан збор една лира му вреди
@Captain-Omni xD ме изнасмеа.. @Captain-Omni со идеите фасцинира, џентлменот на фемина со издржани факти коментира, со Captain секоја феминка може опуштен муабет да прави, не е како другите машки да напнува, да дави...xD
@Elissa e девојка позитивна, за зафрканции, шали.. секогаш креативна, во СП најбољи слики става, Captain и Adina никогаш не ги изостава..xD
@mackica1 Во занимливи информации често пишува од интересни факти не не лишува сака по сите теми да си шета да каже нешто ич не и смета
@Someonespecial e девојчето мило најхаризматично отсекогаш било во relax mind теми често коментира, со професионалните фотки секогаш инспирира, убаво девојче, нема маана, пишаниот збор и е јака страна, креативните текстови во СДК и ги читам често, Someonespecial на форумов несомнено е на 1 место!
@Lella Е фраерка главна, и откако победи на ракатки стана славна. Кога ќе дојде е главна шема, едноставно маана и нема. Гледа Flash, и петки во школо реди, еден ден ќе го запознае Путин во гаќи бели.
@Valerin Реално и отворено стално си збори понекогаш после некоја журка има мори Стално своја со посебен стил нијзиниот муабет секогаш ни е мил
@mirandaa За миранда треба многу да се кажи оти она за модна икона важи Во ангелите на сикрет треба модел да биде и цел свет да може подобро да ја виде
@Lilit e форумски идол на фемина, по малку е лошичка, поретко фина брутално искрена до коска е секогаш, може да се каже и дрска понекогаш, можеби тоа е само првичен впечаток и наша перцепција, секогаш достапна e за совети на ЛП рецепција, здрав живот води и здраво се храни, на одредени личности со право им наоѓа маани, девојката си има чудесен авторитет, и покрај дрскоста добива на респект...
Мацо, браво за темава, секоја ти чест, какви оригинални идеи ти истекнуваат. @Valerin ме изнасмеа мори, не си нормална. Јас би рекла нешто за Спецка. @Someonespecial си е девојка фина деновите на форумов забавно ги мина Во секој пост позитивност има затоа сите лајкчиња ги прима. Во добра книга да ужива знае а во СДК уметнички постови ткае. Песните што ги слуша на чет не ги крие затоа DJ си ја викаме ние. @Valerin Валерин ни е wierdo прав кај и да се појави шири трепет и страв. Со троловите сака многу да се дружи затоа по темите нон-стоп кружи Секси вампирка да стане таа сака пред неколку години напишала така. И епокалипсата сака таа да ја дочека а ако закасни може и да почека.
@lunicka e мила и има харизма, сите ја следиме низ оваа виртуелна призма, силен впечаток на форумов прва ми остави, со искрените коментари во СДК што ги постави, една од ретките со искрени постови, сликовито и реално умее да ги претстави, меланхолијата во постовите сакам засекогаш да ја снема. lunicка го заслужува најдоброто без дилема.
Леле,@mackica1 е моја милна, која ме стави во мисла силна, што да напишам за тебе драга кога од поезија немам ни врска блага. @mackica1 има секси ник и се кладам таков е и нејзиниот лик, мрази да станува рано но затоа имитира идеално. Форумскива игра за неа е како море сино зашто знае да плива во сите стилови фино. Кои глупости напишав...
@Sanjichka007 на чат набљудувач сака да биде и секогаш гледа кој кога иде многу сака да збори и добри мисли секогаш твори маченцето многу си го сака но мрази кога некаде кака Штикла висока сака да има но за неа никаква навика нема секој ден само спие а навечер бело винце си пие Лепота од човек била од кога ја видов ми стана многу мила Eeeej ко за почеток добра сум а маче ?
За мојата омилена тројка (не само на чет туку и на цела фемина! ) @mackica1 На фемина неодамна активно се појави, но со креативните идеи набрзо трага зад себе остави. Љубовта кон мачињата ѝ е најголема пасија, нашата cat lady во научни интересни факти често наоѓа занимација. Освежување во редот на членки најмили и најинтелигентни, нашата Мачкица ги заслужува сите комплименти. @Lella За своја возраст толку зрела, паметна и фина, Лелка ни е најголема гордост на феминската младина. Во слободно време во пишаниот збор редовно ужива, и за неизмерниот талент во разни области награди добива. Меѓу најкреативните и најпозитивните феминки таа отсекогаш била, уште со првите напишани редови муабет експресно ми стана мила. @Valerin Kој свртел со неа муабет на чет - знае, Вале ни е мистеријата наша , секогаш расположена е за дружба и често откачено се понаша. За ентитети и остали паранормални ствари често се интересира , со нејзината блескава елоквентност и интелигенција низ темите фасцинира. Секогаш искрена, уникатна и доследна на својот став, и без да ја познавам, гарантирам дека е пријател прав.