@sadgirl21 Понекогаш знае да биде сед но работие ќе си дојдат во најдобар ред аутфити убави има добро облечена во лето и во зима Во фемина инстаграм слики од ручеци реди не знае оти некој може се да изеди некој рецепт треба да пише само да гледаме слики не ја бива више...
@Valerin е женска луда има познавања од разни чуда инспирација за сите таа претставува, секој кај неа незгодни прашања поставува. ВО себе носи срце златно, кој ќе го фати ќе биде среќен многуратно. Дружбите со неа се големи радости, за мене таа е личност без слабости. Фемина одбележје:Најсилната личност на светот @Someonespecial е нежен цвет, со светлост исткаена во овој мрачен свет. На секој помош дарува, а благодарност не побарува. карактерно е душа фина, без неа не би била посебна Фемина. Фемина одбележје: Најголемата дама. @Lella е девојче со многу таленти, треба да и се завидни сите ни ги прави забавни дните. Најголема љубов и е нејзината мачка, а пак за правописот на сите става рачка. Еден ден ќе постигне многу слава, Многу мудрост се крие во нејзината слатка глава. Фемина одбележје:Најпаметното девојче. Низ целата Фемина хистерија, @Summerlover е девојка мистерија. Секогаш со паметни мисли се докажува, а нејзината љубов со блашко ја покажува. Во секој пост коктелче мора да има, Инаку и нашето лето нема да штима. Фемина одбележје:Моден гуру Толку засега,кога ќе ми текне нешто,пак ќе пишам
@AnaKarenina Има една млада дама тако звана Ана, обожува да чита и со мислите на убави места да скита. Каренина и е веројатно омилен лик па затоа и се совпаѓа со нејзиниот ник. Фотографии таа прави бесни но немојте да мислите дека тие се лесни со часови Ана се мачи да фати некој добар кадар низ планини и села каде поминува често денови исполнети со поетски дела. Јас многу си ја сакам пред се зашто делиме иста пасија правно сите од нас се спасија а можеби и се скрасија. Ќе одиме ние низ долини и села заедно ќе разменуваме мисли, слики и дела ќе дебатираме закони, членови и алиние со часови додека да ги оправиме овие наши правни редови во недоглед заглавени.
@AnaKarenina e културна и мила, има вишак харизма и може слободно да ја дила xD Burj Khalifa да е цела библиотека, пак за Ана ќе е мала, солзи една река, прекрасни фотографии Ана постира, смирена и позитивна она секогаш кулира..xD
Госпоѓица Лилипут од земјата на бајките спие на анатомски душек како принцезата со зрно грашак ама искрено понекогаш за сите ја боли ташак. @Lilit како митската прва пражена така и на форумов за митските ликови е лек се справува без голема мака со тролчиња со една рака им пишува коментари бесни без влакна на јазикот, искрено чесни а тие сакаат да побегнат низ улици тесни. Можеби ја сакате, можеби ја мразите ама едно сигурно мора да признаете нема кој не ја следи и не прочитал некој од нејзините беседи долги цели 10 педи. Посестран човек јас никогаш не сум сретнала од политика, психологија, економија, религија, вода или мода, па се до лакови за нокти таа знае да се искаже и на сите по нешто шокантно да ни докаже. За болети е подобар доктор од гугл што да ја прашаш ќе ти извади статија дури и доктортите на клиника за глава се фатија. За диети, специфична исхрана и целулит таа е цар ќе ви кажува некои тајни маневри и ќе се сторите дар-мар. Посакува витка става и за тоа и душата ја дава постојано со некои диети и вежби чудесни и најголемите иструктори и стручњаци заради неа направија кисели фаци. Критичар на кој му нема равен се исплашија сите од политичар па се до обична манекенка од кои на сите ни се кенка. Пријател е таа прав, ќе ви праќа линкови за работа, ќе ви раскажува до зори приказни за нејзините патувачки аватури низ селца со магариња како јава да посакате и вие да видите што има во таа нејзина луда глава. Од пиво се откажа ме зафркна скроз, тамн сакав да ја честам Скопско ама ќе ја носам на јавање коњско. Малку е една песна, вака шашава и лесна да ги опфати сите таленти на оваа наша млада дама која често сите нас без спиење на остава.
Спојлер: Не ми се спие! ќе ви досаѓам Штета што ја снема Вале, Валерија зад нејзиниот лик и дело се креваше цела хистерија. Нема кој не ја знае и притисок боље од еспресо не му кренала во било која тема за политика таа ствараше голема полемика. Патриотка наша за поголема ќе ве прашам, на сите ни проповедаше владата да ја слушаме и трето дете да си родиме ако сакаме со векови да опстоиме. Дури и поповите наши немаат толку закоравени ставови сите калаштури и лесни девојки со света вода ги измиваше и на исповед ги повикуваше сакаше да ги смени во чесни домаќинки да ги претвори. Сексот никогаш не и беше табу тема на сите во списокот рецки им редеше за сите нас знаеше колку пијачки низ колку кафани сме пиеле и со кој колку пати пред брак сме се онадуеле. За абортус на сиот глас таа најстрога беше в час да можеше сите за увце да ги фати што се клецкале без кондоми не можеше да ги опамети. Национализмот и беше слаба страна од една рака сите не критикуваше како не сме македонки прави а за другите националности пак ршум направи. Со сите се скара никој не и најде позитивна мана за секого таа знаеше лошо да каже и многу добро да не излаже. Не сфативме само колку од штаб ја плаќаат, дали по пост или на саат, ама како и да е таа дебело ја наплати својата верност кон партијата чесност. Ја снема и сега мене ден ми нема, дали од ВМРО и забранија или овие нашиве од фемина администраиција ги фати манија и решија да стават крај на оваа безизлезна ситуација. Јас морам да признаам дека понекогаш проклето ми фали немам со кој да се испокарам и од дома ќе ме избркаат ако продолжам вака да се фаќам за секоја кавака.
Петре Парличко штета го банираа пред да му кажам УА пи*ко. Името на великанот го носеше неславно ама и заврши јадно. Дали го банираа или го кастираа не знам да ви кажам не е убаво да шпекулирам или да ве лажам. И тој како Валенце наша има идеи тешки за секоја тема мислења жешки. Го обвинувавме го каравме за политика најчесто го баравме виновен и малоумен ма да не бевме голема грешка иаку тој често знаеше само да се смешка. И како голем дел од тролчињата им ги кутнавме столчињата паднаа во бездна нека им е земјата лесна Се што е турско мразеше за комунизам со апатија збореше и против СДС во први редови се бореше. Во религија често сакаше рака да вмеша па и за абортус глава да зачеша. Од едноумие ние немавме фајде ама пак му реплициравме до сабајле. Тешка војна водевме поротив сите тролови само на крај ние да не испаднеме волови. Они додека клацкаат фотењи во администрација и безгрижно прават рација на оваа нација ние крај со крај одвај врзуваме и од бистрење политика само во чвор се доврзуваме.
@tessie Со Теска наша опуштениот кафе муабет тече без мака, а каков било совет да ти треба - таа е тука да ти подаде рака. Добрина и мудрост зрачат од секој нејзин напишан збор, без да те навреди секогаш е спремна да ти даде одговор. Прекрасна личност е таа, со големо срце и душа чиста, затоа е една од најмилите тука, без кои фемина не би била иста. @ozbilnazena Млада по дух и бескрајно весела, духовита, а сепак елегантна дама, како нашата (Не)озбилна, секој би посакал таква позитивно откачена, кул мама. За искрен совет секогаш е тука, и помладите и постарите тука ги дружи, насекаде својата позитива ја шири и низ релаксирачки теми често кружи. Со редовите во СДК на лице насмевка ми црта, и со секоја реченица ми станува сè помила затоа меѓу повозрасните членки отсекогаш најомилена за читање ми била. @Summerlover Нашиот мистериозен моден гуру, гарантирам дека е секогаш скоцкана како за на писта , откако од модни критики се повлече, без нејзините конструктивни коментари темата не ни е иста. Дружината на чет знае што се крие зад нејзиниот сарказам и остар јазик - весела и позитивна душа што со коктелчиња и блашко често знае да не размази. Самерке, петиција aко треба ќе потпишуваме, само повеќе да те има , оти без тебе летово не може како што треба да штима.
@tessie е како камелеон со сите генерации се разбира први лом. Нешто ни завушава ама ретко кој може да и најде мана. Сака да другарува со сите знае да ни рече дојдете пијте кафе, сок па и ракија додека сите не не прифатија климакс, пмс само да не праќаме смс. Расположена секогаш за совети Може слободно да си отвори Брачно советувалиште И на сите тоа да им биде прибежиште. Турските серии ги знае без мака Сите ги има во една шака Љубител е на убаво кафе наутро борец е за женски права огромна помош на сите ни дава дал за љубов дал за свекрви дал за пари нема нешто со што таа не може да се справи.
@AngelOfArh архитектка прва класа не знае каде попрво да стаса, дали на шалтер странки да брои или да мисли како да обои. Знам дека и таа си има желба и мисла милна и знам дека ке дојде до неа, со нејзина волја силна. @Gea ,што и да кажам ќе биде навалентно за оваа жена со душиче не суетно, во памет ми е нејзиниот раскошен дом без ни зрнце прашинка да се направи лом. Ќеркичката нејзина е шмизличка мала, иако одамна не сум ја видела на онаа страна.
Секогаш директна, конкретна и мила, без влакна на јазикот, е такви одговори ни сервира. Ко и самиот ник, летото го обожува, и со слики од плажи и коктели во СДК не расположува. Модата и е главна преокупација, и феминките од Модни критики вистинска занимација. Штом вашиот моден аутфит со светските стандарди не кореспондира, тука е Самер да ве корегира. Затоа постирајте аутфити по најновата мода, бидејќи штом се појави @Summerlover со критика, значи маф е работата.
@Viktorijaaa5 Вики наша е фина дама, и никогаш не е сама. Прави јадења вкусни на изглед и вкус па многу би сакала да ми направи некогаш и чоколаден мус. Со ун диета проблеми си немаше и затоа резултати ефикасни си имаше. Секогаш со убавите совети да помогне сака, тоа е нашата Вики која секогаш подава рака.
Нема ништо горчливо во оваа дама можеби само дел од никот кој крена фама @bittersweet од Аустрелија награда за најхумористична сите и доделија опуштена и секогаш харизматична нема особина која ни е симптоматична. Принцовите пред скоро и добија принцеза како совршен додаток на таа лепеза на едно прекрасно семејство. Сите ја знаеме и сите ја читаме сите сакаме дел од нејзината приказна да ѕирнеме затоа што таа со топлина плени сакаме да ја читаме додека да се раздени. Во темите за филм и тв таа е главна посебно за таа супернечрл славна серии нон стоп реди со сите нас до зори седи коментира и се ралаксира. Има големо срце и силен став нема тема во која не пушта глас секогаш со строг и остроумен стас. За шеги и нема рамен посебно за раскажување на лудории на нејзините мали клинци стории. Нема ден да не се деси некоја бомба а таа секогаш смирено и на шега ги учи да извлечаат некој поука. Тетоважите и се во крв само да не го убеди мажот да нацрта некој црв заљубена е до гуша ама само така се рани душа. Се обидувам да и најдам мани не од една од сите страни но кревам раце сега јас и воздивнувам на сиот глас. Мајка ипол е таа за мене секогаш ќе се угледувам на тебе кога ќе имам дај боже три индијанци се надевам тогаш нема да бидеме странци.
@Someonespecial е тинејџерка со стас матурантка која ја бие добар глас Училиштето и оди без мака учи затоа што сака паметна е и смела и секогаш го покажува тоа на дела. Има некоја чудна магија кога се работи за Италија јазикот и е мил и како мачар во чизмата се скрил тој нејзин компнеж да ја обиколи цела Италија без сомнеж. Јас често ја карав дека комбинации треба да прави смели сакам да видам облеки бели и некоја матурска креација да ја заслепи целата нација. Немам многу да должам ќе и посакам само да биде умна секогаш вака на штрек будна за знаење гладна воспитана, заљубена и никогаш страдна.
@calliope За калипопата наша што да кажам може не е врвна пеачка може не е бренд за облека ама таа тука на сите нас душата ни ја соблака. Уште од времето кога со нејзиниот момак на форумов жареа и палеа сите дека ја знаат се фалеа и сега во соло варијанта поспремна него било кога оружјето и е тука спремна е да пука. Сарказам и е јака страна сите тролови во транс ги мава не знае за стоп кога некој од другата страна ќе се појави со кретенски топ. Креативна е до бола од слушање глупости на ушите фати смола реши и не згреши сите да ги разреши. Има една опсесија да не спаси сите од оваа депресија па уз некоја своја вриштачка пародија нашите души се препородија. Али што да се каже за било кој од тој град што доаѓа нема човек кој од таму не е до бола смешен. Опи-ма(ја)нија наместо ку-манија на модерното време дојде редот и тоа за озбилно да се земе.
@mime87 Во една тема, страшно ме изнервира, и од тогаш почна многу да ме иритира. Не знам од кој причина, во последно време драга ми стана, во девојкава не гледам некоја особена мана. Жал ми е што низ љубовна разделба минува, но треба да знае дека се во животот поминува. Биди среќна и насмеана, и живеј го секој ден како последен. Се надевам не се налути за песничкава мала, сепак и јас го посакувам крајот на твојата тага.
@Hipica Рано наутро хипика се буди после почнува за сешто да се чуди Обврските таа ги завршува без мака а и сликички често да ни сподели сака Хипица Хипицоска се нарече сама она е права охридска дама вредна и спремна за секој час успева да ги истакне својот глас...
@Elissa ептен пријатно ме изненади Одамна не сум пишала во Форумскиве игри, не знаев ни дека постои ова со алманахов Супер е. Ме насмеа со она за сликичките. На училиште им се темнеше кога ќе го извадев апаратот, зашто само штракав со него