@sanjaeva ни најде многу маани, Реши @Bozica1980 да ја брани. Место мирна да седи, oна почнала критики да ни реди. Слушни убаво сега, од ова оваа вистина не се бега: Ајвар секако ќе се јаде, @Bozica1980 на другарки мора да даде. @Bozica1980 без нас не може и да сака, Од нас никогаш не и е мака. Ние сме сонце кое грее, И секогаш @Bozica1980 ја смее.
Од авион се гледа дека сте ,,клан,, нов критика еве ќе издржиме нема да Ви р'жиме Ама верни другарки знајте АЈВАРОТ како данок ќе го дајте Еве нема да гледаме дали се чешлани реси ама за сметка на тоа, лепче ИМА ДА СЕ МЕСИ А ти @sanjaeva биди од збор па викни не на двор
Темата повтроно жива стана секој да пишува нешто фана Кој е каков сега да се види секој на тапет мора да биди
За поезија не ме бива, Не сум јас крива. Реси на тепих немам Ама пиперки у двор имам. Кој е за помош ајде Не само на готово да се најде
@Bozica1980 во двор си седи, и пиперки за лутеница си реди. Си работи вредно и вешто, за секој ќе има по нешто. Ти кажувам во овој час, силно на глас, Ајвар и лутеница ќе се јаде, на готово ќе дојдеме, другачката @Bozica1980 ќе даде. @Bozica1980 ќе ja фати жал, а нашиот апетит ќе гледаме да биде мал. За по дома ќе ни даде по една тегла мала, ова не е шала. @sanjaeva мала тегла е доста за сите, за да ни се убави дните. Со @referentka желба за одмор не мава и мора да пазиме на нашата става. @Bozica1980 не ја слушај @sanjaeva тука што шара, она со тебе сака да не скара.
Од состанок дојдов јас, а тука вистински ужас. Повеќе нема да коментирам од сега другарки ќе селектирам. Немам време за дружба, зошто ме заебавте на сред служба @referentka Рефка, рефкосана на вибер ми го тресна а директорот мој збесна. Мене смеа кога не треба ме фати дека не работам, секој свати. @kukla21 веќе работа нова ми најде, таа знаела што ќе ме снајде. Телохранител на @Bozica1980 ќе бидам и покрај нејзе нејќам да ве видам Од богаташко маало ифтири фрлаат тие мене веќе мозокот ми врие. Научени само на гага не ја разбираат работничката сага. Ај сега чао на сите ќе пијам кафе со Мите
Еве веќе цел час се смеам на глас. Ајде сите кај @Bozica1980 во двор, да не види сите каков сме створ. и @sanjaeva ќе биде другарка наша, ќе меша во ќумбето со маша. Јас и @referentka ко госпожи прави, ќе си седиме со кренати глави. Извини @Bozica1980 друшке, не фатило мрза, ама за јадење никој уста не ни врза. Кафе на маса ќе се пие, и за лутеница раце ќе се трие.
Леле ајвар што ти е чудно зборче, Сите ги собра кај Бошка во дворче. Не знаев дека толку поетеси има, Изгледа од +/-40, едукативното катче многу знаење се прима Кукла и Рефка отекоа со тие реси Да сум Божица, ќе ги мавам со полни пазарски ќеси Лесно е инспекција да се биде, а помош од вас за чистење од никаде не иде Е сега Бошка нема да ве дружи од вашава испекција и мене ми се стужи Со Сања ќе си пијат кафе Може ќе го викнат и Мите и ќе си ги накриват капите Јас сега нарачки ќе одам да земам Се зачитав овде уште не се спремав Се прашувам Мите дали е свесен дека се најде во алманахот фемински На почетокот на оваа есен
Зошто се мешаш во оваа каша, па таа е само наша. Нас @Bozica1980 на гости ќе не дружи, и со ајвари и лутеници ќе не служи. Инспекциски ден мора да мине, па после ресите @Bozica1980 може да ги скине.
Што да правам, жал ми падна за Бошка јадна Зошто реси да се кинат во тага после дните да ѝ минат Ајде со Рефи да ве видам збрани сунѓер во рака тепих да се фанИ Само така ќе може ајвар да ве служи секое задоволство мора да се заслужи
Некој мора примедби да дава НЕКОЈ мора и дрвца во оганот да става Околу оган собрани сите сме е битно Не се караме ние за ситно НО реса Бошка мора да чешла Никој во ова да не се меша Во оваа куќа си има ред Неможе кој ќе стигне да срка мед
Жени вие сте жив смев од вас ме заболи мев Позитивност да се чита се сака и никој ќе си нема мака Секоја чест за секој стих ваш а јас ќе ви дадам од ајварот наш
Вики драга многу ти фала исто како пет тегли да си дала Убавиот збор од тебе е кажан , битно Да не ,,предме,, на ситно
Кој го стави тој ред каква неправда најголема на свет Кај ја снајде оваа белја Бошка со вас две заради реси да се закошка Но штом огнот во ќумбе гори ајде веќе за реси да не се збори Друга побитна работа има зимница да се спрема за реси време ќе се нема Дајте по некоја пиперка да завртиме патем ајвар да направиме златен Срам ме фати Вики ајвар да не нуди Ајде домаќинки да бидеме и Бошка да се зачуди