Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Фино вака да те банираат на неколку денови, бар филм некој на раат ќе изгледаш и ќе запеглаш по дома.

    Како го изгледав филмот до крај и мене не ми е јасно, една камера цело време по ликот на една женска да оди а таа исплашена, зачудена, слуша нешто, и се причинува или не, каде сум, што се случува, не чепкај овде, нe седи таму, не оди оваму, остај цигарата...|( :D
    И што вели режисерот, дека нема врска со Библија туку мајка природа, климатски промени, дрн дрн, а? Па нормално, кај смее да спомне религија, ќе го распнат!
    Mоја верзија -Him е Иван Исцелител, или Тино Кајшаров, или Никола Груевски, или Едроган или Ким Џонг...било кој со болна потреба да е обожаван од маса народ и гледан како Бог, а која маса народ така лесно се прелажува освен полуписмена раја, ментално нестабилна, лабилна...вклучувајќи ја тука и милата му женичка како фан број 1. И нормално од таква група следбеници не можеш да очекуваш ништо попаметно од она што се случи на крај.
    Џ'ст кидинг :D Или не? :?:
    Како и да е, добри облини имаше Мајката Природа, а филмот...онака.
     
    На zhap4e, kravce, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  2. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Што ли гледав? #ПрашањаКоиМеМачат

    Арно избегнував нови филмови, вакви работи стварно не ми требаат хахахаха. Шала на страна, новиве филмови кој од кој по ужасен. Не знам што е работава со филмскава индустрија. Последните 20-30 минути од филмов ептен ми беа језиви. Кога глеав трејлерот си викам ова нешто ептен страшно, ама напнато ќе биде. Ама ништо од тоа. Немаше никаква тензија во филмот како што имаше во трејлерот. На момент дури и се запрашав дали го гледам истиот филм. Едвај го догледав искрено. На секои 30 секунди проверував до кај сум.
     
    На zhap4e, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Ајде, ајде...не беше толку лош. Не туку драмете. ]:):D

    Предлог за следеќи доживљај... The Killing of a Sacred Deer (не го гледав), кој, упорно го барав ко The death of.. и упорно не го наоѓав. :D Не е лесно да си жаба, мајќе ми. :D

    [​IMG]

    Никол Кидман и Колин Фарел... скроен од истиот кој го направи The Lobster. :D
     
    На DzingrlakaDzikica, kravce, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    И мене ми стои на хард диск веќе некое време и чека подобри времиња.

    Патем, скоро дознав дека е од истиот тип што го направи Lobster... :D
    [​IMG]

    Мој предлог за неделава - The Snowman со Мајкл Фасбендер.

     
    На DzingrlakaDzikica, boomsleng и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Јас твојов предлог почнав да го гледам прошлиот викенд..не го догледав. :D Можда сега ќе го догледам. цц
     
    На boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    И после зашто никој не пишува у Фоајето - ради предлозите на Жапче и Бендер, секако. :D
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    И јас го гледав mother!, со таа разлика што мене ми се допадна. :angel:
    Не сум ниту помодарка, ниту хипстер, сасвим нормална сум, само ми се допаѓаат такви би рекла испревртени приказни кои на крајот секако можеш да ги толкуваш како сакаш. :)

    Го сакам Аронофски затоа што и покрај збунувачките кадри знае да направи мастерпис. Всушност, таков му е стилот, такви му се речиси сите филмови, почнувајќи од Реквием до Пи.

    Ми се допадна тоа што Mother Nature, односно Џенифер Лоренс конечно ја видов во подруго светло од улога на швалерка или „бедес“ девојка која се дере преку стакла „Питааааааа“. Имам трауми од The Hunger Games од нејзината прелоша глума.
    Не дека овде магично се престори во Џоди Фостер, но ми беше поинтересна за гледање.

    Што се однесува до приказната - не можеше да биде пореална. Типичната „наивност“ на природата прикажана низ сите епохи на човештвото.
    Како беше она со пирејот - корни го, ништи го, пак ќе се појави. Е така и ова - коли ја, колни ја, она пак ќе ти се потчини ко да си божество. Ама нормално, сечие „трпение“ има рок на траење, па кога ќе ти дојде преку рецката и кога ќе ти се спојат жичките доаѓа до делот 'game over'.
    „Убавината“ на крајот е повторното раѓање (и за жал) неискоренливата послушност и потчинетост.

    Вториот дел ми беше малку потежок за гледање, но и за „преведување“. Моментот кога се фатија за рака и околината беше 'in bloom' ми светна кој е кој и си реков „bullshit“.
    Но сепак на крајот ми се допадна неговата замисла, имаше логика.

    И дајте малку да завртиме на шала - авторот прикажал типична Балканска работа - наивноста во врска/брак. Ишкај ја, отфрли ја, немај време за неа - она пак ќе ти се врати.
    Дури не и' збоктиса или дури не и' се отворат очите, па ќе те сардиса и ќе те остави. Потоа ќе си најдеш друга послушница-мезимица, па хајмо Јово на ново.
    Животец тоа ти е.

    Според мене и моите критериуми, ми беше едно долгоочекувано освежување од инвазијата на Марвел-филмовите и по малку досадните приказни за супер херои и врагови. Па и од лимунадестите филмови, всушност од целиот репертоар за годинава. Конечно и фала богу нешто поразлично.


    За нареден филм не знам, периодов ми се поклопивте со изборот на филмови, па можеби и ќе останам во тек со коментирање. Обично ги следам и ги гледам сите предлози, ама дури ми текне за коментирање - вие веќе сте изгледале два други филмови и така некако во круг. :D
    Сакам да го погледнам Murder on the Orient Express, но не знам дали вреди и дали има добра снимка. Исто така и Wonder со Џулија Робертс ми е на листата, но мислам дека е рано за добра снимка, не сум проверила.

    А го меркам предлогот на Жапче две недели по ред, ама ако е уште едно тупење како The Lobster, тогаш се надевам дека и овој пат ќе одолеам да си пукам во колено. :worried:
    May the Force be with me. (fingers)
     
    Последна измена: 19 декември 2017
    На kravce, boomsleng, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Мене пак, The Lobster ми се свиѓаше. :D Знам дека на многу луѓе им беше досаден и млитав.:) Интересна ми беше приказната.

    Бендер, баш ради таа причина, едно време ја оставив темата:D и приметив..кога победуваа лимонатките,имаше доста луѓе кои коментираа:doh::D а јас, немав што да коментирам за тие филмови.:D Малку да се порадувам, после, повторно ќе ја препуштам штафетата,дури и јас ќе предложам некоја лимонатка,можда:D
     
    На kravce, boomsleng, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Жапче и мене ми се допадна приказната, но имаше нешто што така ме разочара и ме наведе да му речам едно „уфффф, ама си неподнослив“ на типот. :x
    Не беше до монотоноста, тоа беше баш добро дозирано според мене, но велам имаше нешто што ми го направи одбивен типот и го етикетирав како тупаџија. :tmi:
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.469
    Допаѓања:
    251.020
    Mother е на Аронофски? Да го гледам тогаш. Му ги сакам филмовите.
     
    На kravce, zhap4e, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    download.jpg

    Еве и од мене еден предлог за оваа недела :~:
     
    На buba4e89, Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    И јас Јуле, ама коментариве овде ме замислија, дали да трошам време на филмов :worried: и еве како недела дена се мислам, ама никако да смислам :worried:
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Потроши, гледај го. :) Не е толку лош. Мене безврска ми беше ради коментарите што ги прочитав претходно за жанрот, па тоа и очекував да биде, такви и беа сцените во почетокот...и испадна ко разочарување. Ама, како целина, океј ми беше приказната. После, неговото објаснување ми беше непотребно.. Требаше впечатоци да пишам кога го гледав, убаво рече Џингрлака.
    И овој со еленот ќе го гледам.
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.469
    Допаѓања:
    251.020
    Исто. Ме предомислуваат коментарите овде, а речиси се имам изгледано од Аронофски. На мене и Tree of life ми е убав. Исто од него. Ама ете Жабата вик да се гледа :).
     
    На kravce, boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Секогаш може да исклучите ако не ви се свиѓа :) Чим му ги сакате филмовите...
    Можда овој исто ќе ви се свиѓа, можда па ќе е првиот негов шо ќе ви е безвезен.
    Мишела, ене, за разлика од сите нас.. и се свиѓаше.
     
    На JuLleE, kravce, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ја наминав само за да го номинирам Blade Runner 2049 - не пишувам ништо за него - оние кои го знаат ќе го гласаат секако, оние кои не го знаат, ќе речат „Е како не, прво ќе треба да го гледам првиот, па после овој.“ :D

     
    На boomsleng, Lady Phoenix, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Само јас ги пропуштам анкетиве, изгледа :D
    Ја маркирав еве да ме известува, значи,не претерувајте со коментирање оти ќе ме нанервирате и ќе ја одследам, again. :rofl:
     
    На boomsleng, simonka93, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Blade Runner 2049

    Оние кои ме прочитале во „Последен филм што го гледав е... И кратка реценција“ знаат дека оригиналниот Блејд Ранер ми е еден од најомилените филмови на сите времиња, како и дека 2049-та ја сметам за (и повеќе од) достојно продолжение.

    Ќе го скокнам фалењето на општите аспекти на филмов – тоа веќе го направив во споменатата тема – и ќе се сконцентрирам на она што таму не можев да го правам (за да не спојлам, де :D) – анализа на содржината и темите на Блејд Ранер.

    Главното прашање кое остана врзано со судбината на оригиналниот филм беше „Дали Декарт е репликант?“ Ридли Скот вели „да“, Харисон Форд вели „не“, но јас лично не се замарам со тоа кој што кажал надвор од филмското платно, туку исклучиво со она што на него го гледаме. (Ако нешто мразам, тоа се филмови кои режисерот или некој од актерите отпосле мораат да ги дообјаснуваат.) Одговорот на ова прашање беше битен од неколку различни аспекти, како на пример, „Дали можеби репликант лови репликанти?“, но пред сѐ poради односот помеѓу Рејчел и Декарт – Дали се работи за љубов помеѓу човек и репликант или љубов помеѓу двајца репликанти?

    2049-та, најверојатно намерно, не дава дефинитивен одговор на ова прашање, туку ни поставува нова тема за размислување – „Дали ако нешто изгледа како човек, се однесува како човек и размислува како човек го прави тоа нешто да биде човек?“

    Моралната дилема за тоа дали и колку се репликантите налик (или идентични) на луѓето дополнително се продлабочува со ликот на Џои – вештачка интелигенција во облик на холограм за која ликот на агентот Кеј повеќе од очигледно развива чувства.

    Во светот на 2049-та, изгледа дека буквално единствената разлика која ги одвојува луѓето од репликантите (а можеби и од холограмите од типот на Џои) е тоа што реликантите не можат да се репродуцираат и раѓаат, туку се создадени вештачки.

    Оваа тенка граница станува дополнително поматена од фактот што Рејчел останала бремена од Декарт и родила дете, што во најмала рака значи дека репликантите можат и да се размножуваат – со човек или со друг репликант; во филмов тоа и не е толку битно.

    Ниандер Волас, наследникот на компанијата Тајрел, на тајната за репродукцијата на репликантите гледа како на златна кокошка – начин за поефтино и побрзо зголемување на производството на репликанти и се чини дека воопшто не ги сфаќа импликациите од потенцијалниот успех на неговиот план – создавање на организми кои би биле наполно идентични со луѓето од секој биолошки и психолошки аспект, но кои и понатаму би се продавале како продукти, т.е. како робови.

    Во однос на вештачката интелигенција од типот на Џои – бидејќи таа се рекламира како „нешто што ќе ги исполни сите ваши желби“, нејасно е дали самата таа има свест и чувства или едноставно реагира на однесувањето на Кеј и се однесува онака како што некојси компјутерски алгоритам предвидел дека тој би сакал да се однесува.Прашањето кое се поставува е „Дали се чувствата помалку вистински и реални ако она што ги предизвикало не е?“

    Во секој случај, чувствата на Кеј кон Џои се дефинитивно вистински, а самиот факт што еден вештачки создаден облик на интелигентен живот е вљубен во друг го прави филмов да биде вистински mindfuck.

    Филмов не одговара на ниту едно од овие прашања, ниту пак за судбината на револуцијата на репликантите – всушност, завршува со многу „човечки“ крај – Кеј несебично го дава животот за да го заштити идентитетот на единствениот роден репликант, а истовремено и му овозможува на Декарт конечно повторно да ја види својата ќерка. Моралните дилеми за што е она што нѐ прави да бидеме луѓе остануваат да бидат разглабани од гледачите.

    Всушност, 2049-та е одисеја на Кеј и неговата трансформација од репликант во човек. Моментот во кој тој поради (имплантираните) спомени од детството (погрешно) сфаќа дека е син на Рејчел и Декарт, односно дека е нешто повеќе од репликант е и моментот кога тој навистина станува нешто повеќе од репликант – без разлика што е создаден во лабораторијата на Волас, како и сите други.

    Кога доживува љубов, загуба и бес, кога сфаќа дека постои некаква повисока цел во неговото постоење, цел за која вреди да се даде дури и сопствениот живот, па и кога го поштедува Декарт (иако побезбедно за целото движење на отпорот и за неговата ќерка ќе беше тој вистински да умреше), само за да може повторно да се обедини со ќерка му – тоа се моментите во кои Кеј се трансформира во човек.

    Затоа што, во крајна линија, токму емоциите се она што нѐ прави да бидеме луѓе, а не начинот како сме создадени.

    П.С. Повик до @DzingrlakaDzikica да се јави на темава. :)
     
    На blonde_supergirl, DzingrlakaDzikica, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    До кога се гледа филмов? :)
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Јас го изгледав сега. 3 сати ох пукнав.
    Многу нејасен филм, преплети и буквално држење внимание. Првиот дел не ми остави впечаток, 2049 ми е подобар. И јас мислев дека Кен е син на Декард се до последни 20-30мин каде се случува пресврт.