Трејлерот е уствари доста misleading - го изгледав сега откако го постирав, иако ми е веќе гледан филмов. Од сцениве кои ги ставиле делува баш као сф-хорор, а уствари нема врска. Да спомнам со време, да не бидете разочарани - однапред или откако ќе го изгледате.
Мене филмов ми беше за никаде. Повеќе глупости на едно место не можеле да стават. А баш помислив - конечно нов филм кој вреди. Nope, ниту Натали Портман не го вади од калта со лепотата. Ок е како приказна, ама не баш добра реализација.
Го изгледав Ретко гледам трејлери, вака ми е болје да не знам што да очекувам Мене ми се допадна, иако можам да најдам доста замерки, некако во хипноза како да ме стави Предлог немам :/
А испадна добра снимка од Ред Спероу? Барав пред скоро ама не најдов. И мене ми е на листата, па би му дала предност.
Онлајн снимка има, не е баш најдобра снимката ама се гледа. А како торрент незнам, вечер ќе разгледам може ќе најдам некоја добра снимка.
И јас не сум љубител на кино-снимки. Бар да уживам додека гледам, а не да бидам на штрек дали добро ќе дослушнам или во секој момент ќе рипне некој од седиште и ќе скрие кадар. Ај да видиме да се најде бар некоја поасална снимка.
Накратко приказната... Доминика е професионална балерина, која заради повреда веќе неможе да го работи истото, а сепак мора да ја издржува мајка и. Нејзиниот чичко, кој е полицаец во руската служба и нуди на Доминика дека земјата ќе ги покрие сите нејзини трошоци за замена на нејзините услуги. Нејзината улога во сето тоа е да биде шпиун, што ќе ја заведува "метата". За да го постигне тоа, ја праќаат на обука во едно школо. Ова е еден поинаков шпиунски филм, кој лично мене ми се допадна. Цело време кога гледав такви филмови, мораше да бидат со акција, оружје, насилство, што не е случај во филмот. Ова е еден психолошки тип на филм каде се користи умот за да се откријат одредени работи. Филмот е сконцентриран на главниот лик Доминика, која патем добро се снајде во целата приказна. Тука дојде до израз нејзината преобразба од невина балерина до главен и манипулативен шпиун. На момент се изгубив во филмот, незнаев на која страна е Доминика. Играше со скриени карти со сите. Крајот ми беше неизвесен, донекаде очекував нешто слично ама не баш исто така. Ми се допадна генијалниот ум на Доминика. Како успеа тактички и моќно да ги одигра сите, и да заврши се во нејзина корист. Шпиун кога еднаш се открие, станува бескорисен. Чиста 10ка за филмот според мене.
Филмот едвај го чекам. Го има во кино, ама јас не сум во Ск. Е сега го чека на подобра снимка, оти на такви камера снимки не гледам филмови. Ако најдете добра снимка, кажувајте одма.
Red Sparrow е многу добар приказ на темните димензии во човечката психологија. Доминика е пример за генијалност, борбеност, храброст, неуморност кои ѝ помагаат да се соочи со опасностите во светот во кој (присилно) влегува. Изопачени умови, насилство, проституирање. Филмов го прикажува животот на Доминика кој се претвара во кошмар in a blink of an eye. Мрачна приказна и одлична глума. Во текот на целиот филм не знаеме за кој тим "игра" Доминика. Успева да нѐ залаже сите сo нејзината poker face. Ми се допадна психолошкиот елемент иако ми беше мачен за гледање поради одредени сцени.