Ќе се одбере!! Првиот дел кога го гледав беше убав , се надевам дека нема да го укакаат вториот дел како што знае Холивуд да направи.
Спојлер Кај мене остана само празна надеж од тоа "се надевам". Сепак првиот дел останува мој фаворит. Ама ајде да не коментирам, да видиме и другиве што ќе одберат за гледање. Засега уште нерешено, ќе гледаме 3 филмови изгледа. Таман да се вратиме во форма.
Само Snowman и Escape Plan 2 ги изгледав и на мене првиот дел ми беше доста подобар. Beirut не можев никаде да го најдам
Ане, јас го најдов само на Замунда. Снимката не знам каква е, не проверив. Ако не се снајдеш, подоцна можам да ти пуштам линк од торентот.
Ич не се снаоѓам со спуштање филмови,така да изгледа ќе мора да почекам да го стават онлине.Сепак фала ти Дотогаш да земам да го изгледам и 7 Days in Entebbe
Абе одма ја затворија анкетата. Не ни чекаа 12 вечер. Не ај ќе гледаме снежен човек во сред лето , не ај тоа ќе го направиме ќе биде кул ехехехехех.... Спојлер Спојлер
Филмов го рецензирав у соодветната тема пред бајаги време, ама искрено, немам што да додадам или одземам од мислењето напишано таму - it's good, right up until it's bad. Ама за атер на тоа да ни живне темава, ќе го ископирам истото и овде, па може ќе разврземе некоја дискусија за филмов. The Snowman The Showman на хартија делува одлично – приказна за сериски убиец, преземена од бестселер скандинавски писател на крими романи, одлична актерска екипа и прекрасна кинематографија, со кадри од Норвешка. И всушност, делува солидно и додека го гледате – успева да ви го задржи вниманието, иако на моменти делува малку развлечено – сѐ додека не стигнете до самиот крај и почне одјавната шпица, а вие не сфатите дека ви останале огромен број на неодговорени прашања. Која е мотивацијата на убиецот? На каков начин ги бира жртвите? Која беше поентата на целиот политички subplot на филмов? Прво помислив дека можеби филмов е намерно снимен за да биде двосмислен и отворен за интерпретација. Но некои моменти не беа двосмислени туку едноставно бесмислени, а тоа сепак не е нешто што некој би го направил намерно. Потоа, прочепкав на интернет и сфатив дека The Showman бил вистинска продукциска катастрофа. Прво, сниман е по серијал на книги за детективот Хари Хол, но од некоја причина, продуцентите одлучиле да почнат со снимање од седмата!!!, наместо од првата книга. Со тоа автоматски се уништува расплетот – кога се открива дека убиецот е уствари лик кој се појавува уште од првата книга (SPOILER ALERT за сите што планираат да ги читаат книгите за Хари Хол ). После, поради краткото време за снимање, режисерот открил дека фалат 10-15%!!! од сценариото (уопште не ги снимиле) дури кога филмот стигнал до фазата на монтажа – така да, она што го гледаме е некаков лош обид за „сечено-лепено“, у надеж дека ќе испадне некаква кохерентна целина од тоа (уште еден спојлер – не испадна). Стварно ми е криво, затоа што верувам дека The Snowman можеше да биде сосема солиден, а вака едвај може да се нарече филм.
Филмов е по истоимената книга од Ју Несбе? Ќе го гледам вечерва, па ќе видиме што ќе понуди. Баш ме интересира.
Само што завршив со гледање на филмот и искрено не знам што гледав. Толку ми беше досаден и развлечен на моменти што наместо да го гледам 2 саата колку што траеше јас го гледав 4, ама тоа е. Интересна приказна која можеше да испадне многу подобро на филмско платно. Многу слабо пренесување на прекрасен роман. Во случајов се докажува дека книгата е подобра од филмот.
Филмов два дена го гледам, и пак не го гледав како што треба на моменти се заборавав и си зјапав во телефон :/ Ниту ми беше нешто посебно интересен, ниту имаше некоја мистерија која ме привлече...некако онака. Го читам мислењево на Бендер и све ми е јасно зошто ништо не ми е јасно. Би сакала барем првата сцена со давењето на мајката да ја оставеа за на крај, за ете, да биде барем тоа српрајз, вака од почеток знаев дека малиов ќе биде психопатот. И то. :/
Многу сакав да ја прочитам книгата, одамна ја чувам во фолдер но никако не успеа да дојде на ред. Верувам дека (можеби) нештата беа поубаво обработени таму. Но, како и да е, речено - сторено. Филмот успеав да го изгледам (and the struggle was real with this one ). За филмот можам да кажам само дека според мене, можел да испадне многу подобар доколку се отфрлат некои делови, или доколку поинаку се претставеле... На моменти беше навистина монотоно, а имаше предобри кадри. Најголем впечаток ми остави сцената со мајката и малото девојче (не запаметив ниту едно име во филмов, wow ). Немам поим од која причина и зошто, едноставно многу магичен момент ми беше сцената со двата прозори прикажани од надвор, кога се гледаше што прави секоја од нив две. Вака кога го пишувам звучи многу creepy и stalkerish, но тој кадар беше навистина феноменален. Најомилено нешто од целиот филм. Океј, доста за тоа, да преминам на „главното“. Наводно, приказна за лик со трауми од детството, кој својот гнев го истура на многу свиреп начин. Убиецот ги демне жртвите и „ненаметливо“ ги предупредува оставајќи им по еден creepy снешко во нивниот двор (никогаш повеќе нема да погледнам снешко со исти очи како и досега. Були заминува во пензија... ). Не сфаќам зошто жртвите сите беа жени, кога повеќе од очигледно е дека тој имаше father issues. Исто, не го сфатив моментот со оние политичари, што и да беа оние „елитни фаци“ скоцкани во одела, собрани на некој high class society event. Можеби сум малку глупава, можеби филмот бил малку глупав - тоа е тоа. Не можев да ги издржам сцените со убиствата...премногу беа за мене. Имам кажано и порано, немам желудник за такви работи... Заклучок: можам да продолжам да давам епитети за кадрите, затоа што навистина имаше што да се види. Преубаво скоцкани уметнички сцени и само толку. Приказната можеше да биде многу подобро и подлабоко разработена, јас искрено сфаќам дека не сум разбрала ништо од филмот, ама може до мене е, не знам.
Мене ме интересира и зошто детективот беше таков пропалица, имаше некоја позадина зад тоа или пропуштив или што?
Има позадина @kravce земи си ги книгите и прочитај ги, стварно се многу интересни, целиот серијал. Филмот е тотално разочарување од аспек на тоа како е пренесен на екран, не ми се ни коментира, зошто Тhe Snowmen ми е една од омилените книги и вака ептен ја укакаа.
@1209 не знам ни зошто се фатиле да го прават филмот ако основните работи не се презентирани. На тој што ги нема прочитано книгите филмот му нема ни почеток ни крај. Нула. Баш ќе ги побарам книгите, мислам дека со вкусот сме тука негде ако добро се сеќавам
Искрено јас само 40тина минути изгледав од филмот и не планирам да го догледувам, од сам почеток е јасно кој е убиецов, што ќе гледам, нема поента И мотивот е јасен од почеток, убива од гнев кон мајка му, затоа што фактички „го остави„ поради тој дибекот. Нели намерно излета од патот и кога пропаѓаше колата детето ја молеше да излезе и и викаше -Не ме оставај! А си мислев според содржината штубав филм ќе си гледам Давајте нова анкета
Е мене да ви кажам, баш ми се свиѓаше. Појма немав дека имало книга што значи дека ја немам прочитано нели... и не можам да споредам каква приакзна се скратила и каква се премонтирала, ама мене оваа ми беше сосема во ред. Актерската екипа ми беше доста солидна и никој од актерите не ми е одбивен, напротив, дури и овие почесто што се појавуваа ми беа физички симпатични што ми е исто така важно кај еден филм. Многу ми се свиѓаше тоа што текот на сцените сакаше да наведе на умешаност на Хари, она као знаеш дека не би требало да е, ама режисерот сака да те подјебава при секоја прилика. Според мене поентата на филмот беше како траумите влијаат на психата, односно траумите во детството како влијаат кон развојот на психата. Животните искуства ги формираат карактерите. Колку и да е ненормално, многу е нормално да дете што било во таа ситуација ќе прерасне во сериски убиец. Психопат пар екселанс. Нели така заврши. Хари му рече, не е крива мајка ти. Не е дека она не те сакала. Татко ти не те сакал. Не сум сигурна зашто Малиот мислеше дека мајката не го сакала ама претпоставувам дека моментот кога она тонеше и не излезе од колата он го сфати како напуштање. Дете. Може па и очекувал поише дека мајката ќе биде секогаш со него да го чува и не му замери многу на моронот татко што си замина, впрочем он секогаш и си заминуваше. И не мислам дека беше гнев. Он беше умствено пореметен. Во психички растроени личности не се бара способност за расудување и логика на однесување. Ме интересира, ако може некој од тие што ја имаат прочитано книгата да ми каже што се десило со мајката што почина во колата на почетокот? Очигледно дека жената имаше трпено некоја психичка траума што довело до такви (ајде да ги речеме) напади на стаписување. Може нешто повеќе околу тоа време да ме упатите? Зашто живееја богу иза леџа? Што беше до таткото? Тоа со политичарите и јас не го сфатив нешто многу, ама си умишљавам дека веројатно тоа е некоја паралелна прича која се разврзува од првиот за нас познат случај. Швалерката трудна од политичарот-домаќин кој очигледно има симпатии кон млади убави девојки, абортира, и е мета на малото сираче, сега веќе голем убиец. Да се вметне замрси приказната на оваа цуцава што работеше со Хари, као она има позадина, не е рандом цуца која концентрира во пушална. А може па и да се каже дека ете и она жртва на неправда па се пренасочила во трагател на правдата за разлика од другата насока која ја фатил убиецот... за што се надевам дека не е тоа поентата јер мисим ај да не споредуваме двете приказни. Тука негде може сакаше дополнително да се убави колку политичарите се трули. Не знам, не се ориентирав многу на тоа. Не знам ни со гинекологот што беше финтата. Не ми беа нешто многу битни паралелните приказни, поише се усмерив на главната трагедија на детенцето од почетокот. Колку може само да биде тажна една животна приказна. Не го осудувам убиецот во ниеден момент. Он е најголемата жртва. Во првите 40 минути, убиецот не е ни појавен
Јас сепак мислам дека гневот беше зачеток тука, а потоа нештата ескалирале со текот на годините па стасал до стадиум кога едноставно се преобразил во монструм. Повеќе од сигурно е дека се осетил изневерено и напуштено од сопствената мајка, а потоа нормално, преживеаната траума си го направи своето (ептен би било траума дете да гледа како родителот си го одзема сопствениот живот) и сето тоа премина во нешто многу посериозно. За политикава во филмот да, истото го мислам. Малку ми беше конфузно дури сфатив кој-кого-со кого-каде-што, ама покрај сè друго, си треба некое подлабоко инфо кое веројатно го има во книгите.
Ne e pojaven ama jasno bese posebno koga go vidov sneshkoto, vednas mi bese jasno i koj e ubiecot i koi mu se motivite