Ииии конечно, јас сум кока колаа! (озбилно, треба да прекинам веќе еднаш со коката кола) Се научив да се фенирам, сама. Онака со наведната глава и супер ми е после косата. Додуша малце разлетана, ама таква ми е секогаш. За 5 минути, завршувам работа. Секој ден се фенирам, затоа што ми е специфична косата. Можеби претерувам со фенирање, секој ден. Ама и така само 5 минутки, не ја горам со преса цели 20 минути, како што правев порано.
Баш пред некој ден купив голема четка за фенирање ама и јас пуста незнам да фенирам. Сто пати пробав на мајками и никако не ми оди. Го ставам праменот на четката и почнувам со фенот и истовремено да го вртам чешелот ама се заплеткува и неќе да мрдне, освен со кубење. Башка што и од останата коса ми се уфрлуваат влакна и каша попара. Кога завршив чешелот беше полн влакна. Има ли врска каква ќе биде четката, во однос на големина и материјал на влакна или не? Мојата е слична како оваа на сликата. Основата и е метална а влакната крути, како пластични, и кратки.
Сега веке не одам по фризери си купив убав фем,четка,пегла за коса и секогаш сум средена и ми е супер
И јас имам професионален фен и супер ми е.Уште пред 4-5 години научив да фенирам.Ги фенирав и моите по дома и сега немам гајле.Со фен косата си ја правам како пеглана,исто така и ја виткам со мала четка.И отсекогаш ме прашувале дали идам на фризер
Јас не знам да се фенирам. Еднаш пробав, ама после тоа косата ми изгледаше како струја да ме дрмнала.
^ хахахах, јас бев така прв пат кога пробав да се исфенирам пред 7-8 години. Ефектот беше Алис Купер фризура.... . Дотогаш се пеглав без фенирање. Денес знам фино да се исфенирам, ама леко леко, а за одозгора задолжително да се поминам со пегла. И криво ми е што на други многу полесно и поубаво можам да им направам фризури, особено исфенирано на надвор, а на себе самата не можам. Не знам како да ја фатам четката и на каде завијам.А и раката повеќе ми се уморува на себе.
Ич не ме бива за фенирање. Антиталент сум. После тоа што се случи, не сум пробала пак да се фенирам. Кога ќе ми текне како изгледав тогаш, ме фаќа смеа. Цела бев наелектризирана.
Девојки, може предлог за добра крема за фенирање? Природната коса ми е брановита и виткана и ми треба нешто со посилен хват, што ќе ми ја држи со денови фенирана
Кажете жити сѐ како се научивте да се фенирате? Тие напред некако и можам. Фаќам горе четката, вез нејзе фенот и влечам. Ама тие позади нема шанса. Исто и за виткање. Пред некој ден тие напред и тие најдоле беа топ, тоа измеѓу луѓе беше срам невиден.
Јас со обична четка се фенирам. Ја чешлам косата и фенот истовремено дува у косата, дур не ми е сува. И крема за фенирање ставам некад. Со четка онаква, имам пробано. Над 1000 ја платив од дм, али џабе ми е кога не знам како да работам со таа.