1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фен за коса

Дискусија во 'Коса' започната од sunfemina, 25 август 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Косата практикувам да ја оставам природно да ми се суши ама не можам стално, посебно кога е ладно или кога морам брзо да излезам. Користам некој најобичен мал фен без посебни додатоци и регулатори на температура.
    Косата не ми е иста ако се исуши природно и ако е сушена со фен. Ниту така ниту така не ги задоволува моите желби за нејзиниот изглед по миење, па затоа е потребно или да ја чешлам постојано додека да се исуши за да не се прекрши и да не ми стане како на був или демек да ја фенирам со четка и фен или во краен случај да ја пеглам после сушење (за виткана фала богу си го открив идеалниот начин на виткање за мојата коса без употреба на топлина).
    Темава ја отварам по повод тоа што мислам дека и фенот игра голема улога во стилизирањето на косата посебно за тие што сакаат поправа и неразлетана коса.
    На фризер дури и само ако ми ја исушат косата со фен и со минимално поминување со четка после тоа е супер и мислам дека клучната улога ја има фенот што дува со голема моќност.
    Е сега пак уште подобра варијанта мислам дека се јонските фенови. Една другарка со свилено права коса ја прашував што прави за косата да и биде така убаво права и ми рече ништо посебно, само користам фен со јони.
    За друга другарка откритие беше позајмениот јонски фен од комшии :D Влегувам јас кај неа дома и од врата ми вика "Види ми ја косата!!!" :o :rofl: Гледам убава, мазна, сјајна, права како да и е испеглана ама не знам што е толку чудно..и ми вели "Само ја исушив со јонски фен".

    Што мислите вие? Какви фенови користите и дали имате искуство со јонски фен?
    Јас сум во план дефинитивно да си купам добар фен со јони со минимум 2000 вати, така косата ќе ја сушам многу побрзо, а колку помалку се суши со фен толку и подобро.
     
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Јас имам Ровента фен, од серијата For elite model look. Сериско бројче CV8502
    [​IMG]
    Ваков, само што мојот е од 1800W и нема автостоп сензор.

    Еве, мојов да ти бил јонски а јас не знаев. :lol:
    Инаку супер ми е, само со овој се сушам јас. Температурата ми е на 1 и 2 скоро секогаш (убаво ми е ладничко), а 3 не пуштам никогаш, прежешко е.
    Ја сушам можеби 10тина минути косава, зашто ми е многу бујна и не можам да најдам позиција за да го исушам коренов како што треба. :D

    Јас имам само пофални зборови за фенов. И Ровента како марка ми е добра, брачеда ми купи фигаро со милион додатоци и е презадоволна и таа. :)
     
  3. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Која цена е твојот, и од кај го зема?
    Едит: јас сакам да се подновам и со една четка за фенирање, препорачајте нешто :D
     
  4. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    ^
    Едино знам дека е од Охрид, а појма немам која цена е и од која продавница. Тато го купи пред 1-2 години, ама ја немам ни паковката, а ни тој не се сеќава на цената. :worried:
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Мојот е ваков ист.
    [​IMG]
    Плус имам два додатока за фенирање - едниот со потесно, а другиот со пошироко врвче и вулканизер.
    Го купивме од продавница за бела техника, не се сеќавам која и беше чинам 1800, пред речиси две години.
    Јас не сум нешто ептен воодушевена, мојата коса е малку проблематична - ако ја оставам да се исуши природно ми е преубава, благо кадрава, а ако ја сушам со фен е никаква, т.е. права ама со ужасно прекршени врвови. Без добра четка сум нула. :D
    Раат ми е на лето, а во зима речиси секогаш ја фенирам со помош на тие додатоците.
    Сепак повеќе ми се допаѓа ефектот што го дава фенирањето, него ли пресата за коса. Фенираната ми е некако полелеава и посјајна, едноставно речено - повеќе љубам фенирање, него ли пеглање. :$
    Имам мерак за ваков фен.
    [​IMG]
    Имате видено некој сличен со ваков додаток? Исто ме интересира како се движат со цените.
    Да знам во што да инвестирам - во квалитетна пегла или поубав фен. :$
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Јас разгледував на страниве на техномар. и нептун и такви фенови има. Направив некоја селекција, па..
    Овој го има и во двете продавници (во нептун е поефтин 2.299 - тм 2,799)
    [​IMG]
    •Фен со јонизатор•Јачина 1800W•2 брзини•2 температури•Копче за ладен воздух•Концентратор•4 Додатоци за исправање на косата

    Или овој баш како на сликата што си ја постирала (во тм 2,299)
    [​IMG]
    ФЕН СО ДОДАТОК ЗА ИСПРАВУВАЊЕ НА КОСА,МОЌНОСТ 1800 W,2 СТЕПЕНИ НА ТЕМПЕРАТУРА,2 СТЕПЕНИ НА,ВЕНТИЛАТОР,КОПЧЕ ЗА СТУДЕН ВОЗДУХ

    Исто и овој само е многу послаб во споредба со другите, а во цена нема голема разлика.
     
  7. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    [​IMG]
    опасен е :D
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Во потрагата по моќен фен со јони ги издвоив овие, па се надевам дека наскоро ќе се опремам со некој ако не најдам други подобри или ако некој препорача подобар избор :)
    Најмногу ми фати око овој од Rowenta (2099ден)
    [​IMG]
    •Фен со јонизатор•Керамичка заштита на греачот•Јачина 2300W•6 брзини•6 температури•Копче за ладен воздух•Дифузер

    Исто и на Philips има добар фен нешто поефтин, но со супер перформанси
    [​IMG]
    •Фен•Јачина: 2200 W•6 регулации на температурата и брзини•Јонизатор•Концентратор•Копче за ладен воздух•Додаток за волумен •Гаранција: 2 години
    Ова PHILIPS HP 8183/00 му е понова верзија ама не гледам големи разлики во спецификација.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас си имам еден розев фен останат од баба ми, Made in Yugoslavia, производство на Микрон Прилеп. Уште стои етикетата на него. И тој ми е најубав фен, квалитетен е штом издржал преку 20 години. Има две температури што ми се таман и на него си има додаток за фенирање.
    Имаме уште еден дома, тој ни е понов, ама со тој ретко ја сушам косата. Има триста додатоци што не знам ни за што служат и единствена предност му е тоа што може да дува и ладно. Од него ми е чини дека ќе ми изгори главата, и најниската температура мене косава не ми ја поднесува.

    А памтам дека имавме едно малечок фен, тогаш беше во мода, бел беше. Додека мајка ми ми ја сушеше косата, буквално и се запали во рака! Почна да пука, да гори, од памет се извадивме! Не знам чие производство беше, ама го фрливме и од тогаш внимаваме какви фенови, пегли, фигара купуваме.
     
  10. Marmalade

    Marmalade Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    и јас ги гледав овие што ги викаат дека се и фен и преса за коса
    ама немаат баш многу позитивни критики за функцијата,во глобала си ја вршат финкцијата ама мн време било потребно да ја третираш цела коса,прамен по прамен тенки зашто колку коса може да собере во тоа мало делче како на сликата.тоа би било дупло работа за мојата густа коса.инаку,феноменален апарат
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Од достапниот асортиман во моментов фини се и овие од 2000 W и имаат пониски цени за убави перформанси, со јони и добра моќност.
    ROWENTA CV-4220 f 0, ROWENTA CV 4221 F0, GRUNDING HD 6860 и PHILIPS HP-8298 кој доаѓа заедно со посебна преса за коса (ваљда тоа е обликувачот).
    Се надевам дека на некој ќе му помогнам со мојава селекција ако си бара нов фен како мене :)
     
  12. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Денска си купив фенче од она Елисе кај олимписки за 530 ден :lol: . Во нека боља времена и поубав ке си купам. Има гаранција година дена па ќе видиме.[​IMG]
     
  13. ivana.123

    ivana.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Вчера си купив ваков фен (1790-нептун),но сеушите го немам пробано. Ако го има некој корстено да прашам за додатоков за исправување што е да се користи на полусува или сува коса ,сметам дека на мокра не би требало да се користи . :?: [​IMG]
    Ии незнам зошто пишува дека следуваат 4 додатоци за исправување кога има само еден |(
     
  14. Marmalade

    Marmalade Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Ништо чудно и да те излажале во продавница.Јас гледав еден фен во нептун и си викам ај да тркнам до техномаркет да видам колку е таму.и го гледам истиот фен-во нептун беше 3000,тука 2500 и продавачката ми вика нема дифузер (а во нептун имаше)
    и си викам епа 2500 ценава ,изгледа ради дифузерот што нема,и одам на каса и продавачката ми вика извини девојче грешка во цената,3000 е без дифузер.
    И јас со новчаникот во рака,спремна да платам одма се проедомислив,си викам па тука иста цена ем без дифузер,а во нептун за исти пари и дифузер ми даваат.Не дека мн ќе го користам,ама зашто будала да ме прават?
    За тоа ти викам и во твојов случај не ме чуди и да си ги присвоиле деловите...
     
  15. ivana.123

    ivana.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Само што си ја исушив косава со фенчето .Резултатот уауууууууу :inlove: прекрасна ми е косава права и сјајна абе мераци ...ко да ми е пеглана или фенирана .Пресреќна сум што конечно си најдов решение за мојава коса и тоа за 10 мин имам прекрасна фризура .Можам да и кажам чао на пеглата :D
    Малце се занесов али навистина сум воодушевена :inlove: :inlove:
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    A како ја исфенира косата сега откако го проба? На мокра, полусува или сува коса? :)
    И со здравје да си го служиш, а и сега цената му е намалена бидејќи беше 2000 и нешто денари пред месец дена. ;)
     
  17. ivana.123

    ivana.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Полусува :!:
     
  18. ivana.123

    ivana.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Иначе фала и од срце им го препорачуван на они кои се во потрага по ново фенче ;)
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Имам еден од Вицко стар е околу 6-7 години каков е што е појма немам.
    За парите 600 денари чинам беше се покажа како доста добар :) Си ми е сушит косава,си е вршит работата. :rofl: :rofl:
    Порано воопшто не користев фен,ама сега го користам секогаш и косата ми е направена катастрофа целата ми е расцветана.
    Незнам како да се одвикнам од фенирањево :@ :devil:
     
  20. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Јас го имам овој фен и мене ми е супер , и делот за исправување е одличен , мислам дека на прекршена коса ќе делува ама оние што имаат виткана не верувам дека ваков фен би им помогнал