Кај ја видов темавааа....Сабајлеее ми рикна ... Ке се запалев ајде кажете те ми совет што марка да купам цената не ми е битна
На почеток од темава пишував за некои предлози и случајно се најдов во маркетиве за бела техника, па ми текна да ги видам тие фенови што ги издвоив. Да купувам сега фен, сигурно би го земала овој. Не ми се виде преголем, не ми беше тежок во рака, јонизатор, голема јачина од 2300W. Ама останува најбитното...да се види како би се покажал на дело.
Фала тии за советот утре одам и го купувам и се разбира се надевам дека ке има само пофални зборови Фала ти уште еднашш
Ама не го зимај ако е последен Спојлер Се зезам! Разгледај ги и другите што се на лагер, можеби по твој вкус некој друг повеќе ќе ти фати око, но ако дефинитивно се решиш за овој модел кажи впечатоци обавезно. А и ако земеш друг пиши импресии исто
Епа да си се пофалам чаоо пеглаа чао фризер Фаалаа тииииии сонце за предлогот никој нема да зажали ако го купиииииии хехе има уштеее не се секирај !
Јас и лето и зима ја сушам костаа неможам да чекам да сама да ми се суши , ме нервираа Инаку имам на Philips обичен без никакви додатоци , ама добар е врши работа
Јас секогаш ја сушам косата со фен и жалам поради тоа,ама што да правам,густа и долга,додека да чекам да ми се исуши природно...ќе настинам :. Имам едно прашање:Фенот кога ќе го ставам на втора брзина по неколку минути се исклучува и не работи,а потоа пак проработува.Мислев дека се прегрева,ама кога ќе го ставам на прва брзина,не се исклучува.Не знам што му е....?
Јас имам професионален фен, бидејќи оваа коса не можи да ја исуши малечко фенче Во последно време практикувам да не користам фен, многу ја гори косата Спојлер А и сега ја поскапија струјата, па штедам
Имам еден од времето од Микрон наше производство,уште е жив од времето на мајка ми коа и требал. Ама вжештува,пм.
мојот е ровента пред година две го купив и скапо го платив , около 3 500 ден. ама вреди за тие пари, одличен е.
јас сум во тек на исплаќањето на фенов од zepter, дали можеш да ми кажеш дали е вистина тоа што викаат дека не ја гори косата бидејќи дувале негативни јони и дека косата била мазна? фалати однапред
Дека не ја гори косата тоа е точно да,ама дека косата била мазна .....Незнам за тоа ,јас додека ја сушам си ставам силиконски капки за да ми е мазна,ама 100 % нема шанси косата да ти е мазна од фенот.За мене нема логика... Поздрав
Епа ми се расипа фенот бе , таман кога почнав периодов да ја фенирам косата! И сега сум во потрага по нов ама некој со повеќе вати. Мојот беше со 1800 ама сакам појак. Некој предлог?