јас си го купив сега и го имам еднаш пробано до сега и сум задоволна убаво фенира, има и дифузер па сеа како сакаш
Конечно имам аселен фен, осмомартовски поклон. Пре пре пре задоволна сум, верувале или не ми ја исправи косата само со обично сусешење без користење на било кава четка, а иначе имам виткана коса. Не ја сушев цело време на жежок воздух туку комбинирано цело време пуштав, млако, оптимално, жеско, ладен воздух. Можеби има врска серумот што го ставив на Балеа љиљаковиот за исправање на косата и заштиа од топлина, глис спреј и наведната ја сушев косата, стварно неможам да се изначудам сама се исправи косата, аферим. Можеби има врска што е со јонизатор фенов, поима немам, ама битно косата ми ја прави преубава, сјајна, мека, и мазна ко свила. Може ќе ви биде од помош, од сето она што се изначитав по нетов за фенови, ако сакате аселен фен да барате некој со голема моќност од 2000w па нагоре, со јонизатор, и исто многу битно е да концентраторот биде што потенок и рамен, а не заоблен. philips hp 8260 •Јонизатор •Керамичка заштита на греачот •Јачина 2300W •Функција Ладен воздух •Концентратор на воздух 8mm •Дифузер •кабел 2,5m •се вади решетката позади, што е супер за чистење Цена: 3.199 own: Ако имате можност нарачајте си од интернет, мислам дека го видов напола од ценава.
Јонизаторот има голема улога,а и моделот на концентраторот е битен за мазна и сјајна коса.И јас користам фен со јонизатотор.Се надевам дека долго време ќе те служи и ќе ја имаш посакуваната фризура
Имам густа, виткана и проблематична коса. Ептен ми се електризира. Дали сте имале искуство сo термо фен четки? Веќе некое време ги разгледувам овие и би сакала да слушнам ваше мислење, дали ја исправаат, виткаат, ја прават мазна косата? Итно ми е, сакам што побрзо да си купам http://www.tehnomarket.com.mk/products/09068004/philips-hp-8651 http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=53&product_id=207490
Девојки го има ли некоја користено овој фен за коса? http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... _id=204323 Сакам да го купам ми гледа доста ефтин ама незнам каков е Или па преопрачајте ми некој добар фен по можност да е од Нептун,барам од Нептун бидејќи толку ни е изборот во градов Фала ви однапред
Јас имам ваков ист како на сликата од Ремингтон. Многу е убав и многу брзо суши. Е сега мене во кутијата не ми се падна таков додаток, а ми треба за фенирање. Дали знаете каде да најдам?
Јас го имам овој најдобар е не го менувам за ништо Од oriflame 800 ден го земав најмногу го сакам ради четката. Спојлер ако некоја девојка знае каде има пегла за коса oд remington нека ми пише лп
дефинитивно најдобриот фен за коса што го имам, штета што брендот го нема во Македонија. Така е направен да топлото не е жешко туку умерено за да не дозволи пукање на косата. Loved
Јас мислам дека би требало да има на секој пазар, секаде каде што има тезга за фенови и слични работи. Имам земено одамна од Зелен пазар. Ама ако не те мрзи може ти е најсигурно да си одиш на Битпазар, барем таму нема утка.
Еве го и мојот фен, купен највеќе поради тоа што е лила и има цветчиња на него http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... _id=200619
Секако дека е така, на жени барем не мора да им го кажеш тоа. Инаку преубав е навистина, и исто така Филипс е убава марка, одамна сум на ум да земам нов иако мојот функционира ама не е нешто посебно и мерак ме фати... ама не дошле уште наменети пари за тоа, бидејќи не е итно. А колку го зема? Сигурно не е повеќе од околу 2000?
Да си жива и здрава, ми дојде како порачано ова твое мислење - и мене ми треба фен. Само да те прашам, како ти ја фенира косата, да не е отворот преширок за да не може да се користи четка и да не ја разбушавува многу косата? Јас и онака имам огромен волумен, па не би сакала да изгледам како Кралот Лав по фенирањето.
Фенчето е релативно мало и дијаметарот на отворот му е точно 5 цм. Јас сум задоволна од тоа колку брзо ми ја суши косата и можам да кажам дека не ми ја разлетува но не ја фенирам нешто посебно така да не знам колку е добар за правење фризури
Мене ми треба само за пофино исправање на врвовите зашто ми се виткаат, ама мислам дека ќе биде добар. Ќе го погледнам во Нептун деновиве. Фала ти во секој случај.